Title : Претрпи малку! Свети Теофан Затворник

Претрпи малку! Свети Теофан Затворник

Example User · 4 months ago

А што претставува Крстот?

Неприлики, тешкотии и ожалостеност од секој вид кои што се среќаваат однадвот и однатре,на патот на совесното исполнување на Господовите заповеди во живот во духот на Неговите наредби и барања.

Таквиот крст сраснува со христијанинот:

таму каде што е Христијанинот , таму е и тој крст, а каде што го нема тој крст – го нема ниту Христијанинот.

Олеснувањата од секој вид и живот во утеха не му прилега на вистинскиот Христијанин Зашто, неговата задача е да се очисти и поправи.

Тој е како болен на кој што треба да се врши час операција, час превивање.
Зареме е тоа возможно без болка?

Тој сака да се отргне од заробеноста од силниот непријател: зарем е тоа возможно без борби и рани?

Тој е должен да оди наспроти сите поредоци кои што го опкружуваат:
како тоа да се изврши без неприлики и тескоба?

Радувај се што го чувствуваш крстот на себе, зашто поседуваш знак дека одиш по Господа,

на патот на спасението, во рајот.

Претрпи малку. Зашто, брзо ќе биде крајот, а после него – венци!

Свети ТЕОФАН Затворник

Source: https://pokajanie.mk/2020/03/18/27056/

Related Posts

Image Description
2 years ago

Предводникот на ангелите

г. Јосиф, митрополит Тетовско-гостиварски 21.11.2017 г Св. Архангел Михаил Предводникот на ангелите Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух! Те прославувам, Оче, Господи на небото и на земјата(Лука 10,21) Драги браќа и сестри, Со овие зборови и ние денес ги подржуваме небесните ангелски хоров...

Image Description
4 years ago

Владика Методиј: Духовниот меч на свети Климент

(Символиката и онтологијата на свештените одежди) „Благословувај Го, душо моја, Господа, Господи, Боже мој, Ти си се возвеличил; во слава и велелепие си се облекол; Ти си се облекол во светлина како со облека, си го прострел небото како шатор; со вода си ги покрил Твоите дворови, облаците си ги на...

Image Description
2 years ago

ХРИСТИЈАНИ ЛИ СЕ ТИЕ ЛУЃЕ? (Св. Јован Кронштатски)

За безредниот живот на верниците и клирот – Св. Јован Кронштатски Колку е жално да гледаме дека на Господови празници непријателот го зема од христијаните својот данок, многу голем данок, и колку поголем е празникот, толку повисок данок плаќаат христијаните на непријателот, зашто, што гледаме за...