ПРОТИВОТРОВOT НА ГОРДОСТА

Example Super-Admin User · 3 months ago

    5 minutes, 25 seconds


Monasi.Bdenie1

ПРОТИВОТРОВOT НА ГОРДОСТА

     “А, пак, кога би посакал да се фалам, не би бил безумен, зашто би кажал вис¬тина; но јас се воздржувам, да не би помислил некој за мене повеќе отколку што во мене гледа, или од мене слуша.” (2 Кор. 12:6)
            Второто послание на  апостол Павле до Коринтјаните ги содржи повеќето лични информации за него. Доста често на неговите страници наоѓаме информации поврзани со животот и делата на апостолот. Се разбира, апостол Павле не сакал да зборува со пофалби за себе; На тој во голема мера бил поттикнат од неговите противници, псевдоапостолите, кои се сомневале во неговиот апостолски авторитет и во вистинитоста на работите што ги проповедал. Како резултат на тоа, тој бил  принуден да раскажува за себе, да ги набројува своите дарови и да зборува за своите дела и искуства. Без разлика на оваа провокација, тој не се препуштал на фалење. Апостолот ги опишува своите дела не за да се возвеличува, туку за да ги воодушеви своите противници - и пред сè - да ја открие силата Божја, како што е јасно наведено во ова послание.

Monasi.Bdenie2

ПРИЧИНИ ЗА САМОПОФАЛБА

          Во животот на апостол Павле не изостанувале причини за самопофалбa. Тој лесно можел да се пофали со своите успеси за време на неговите мисионерски патувања, со своите чудеса и проповеди, како и со извлекувањето на Евангелието од тесната примка на јудејското општество и негово распространување меѓу народите. Тој со сигурност станал просветител на Елините и благодарение на неговата проповед во упориштето на национализмот (идолопоклонството), тие започнале правилно да му се поклонуваат на воплотеното  Бога Слово. Апостол Павле можел да се пофали и со своите искушенија и таги во име на  Евангелието и со страдањата што ги претрпел за Христа. Најголемата причина за да се пофали, сепак, се откровенијата што ги добил - таинственото просветление и божественото вдахновение кои во одаите на неговата душа му откриле ’’големи нешта и Божји тајни ". Четиринаесет години претходно ја доживеал, “тајната на грабнувањето", како што ја нарекува свети Григориј Богослов. Тој бил “однесен во рајот". Доживеал нешто што Бог на малкумина од светиите им го покажал: бил издигнат кон созерцание на ,,небесните селенија на Света Троица", обвиен од неискажливата сила на Светиот Дух, надминувајќи го секое создание -опипливо и разумно - па дури и ангелските чинови. Тој беше однесен на небото - каде што живее Христос -,, за да не биде инфериорен во однос на останатите апостоли кои комуницираа со него" (св. Никодим).

Monasi.Bdenie3


          Затоа, апостол Павле, лесно можел да се пофали и имал целосно право да го направи тоа. Со што всушност се фалиме? Ние се фалиме не само со доблестите што (мислиме дека) ги поседуваме, туку и со оние што не ги поседуваме. Таков беше случајот и со неговите обвинители -псевдоапостоли, кои “иако немаа божествена харизма или откровение, се фалеa како да имаат" (св. Никодим).
           Секоја добродетел, секој успех може да ни даде повод за фалење. Меѓутоа, апостол Павле не се пофалил. Не ги присвоил неверојатните работи што ги доживеал во својот дух. Тој не престанал да ги смета за Божја благодат и сила, наместо за свои достигнувања. Зошто? Заради една посебна причина што ни ја открива. Затоа што не сакал да помислат за него дека е нешто повеќе од она што е - обичен човек како и сите други, со болести и искушенија. Во никој случај не сакал да ги импресионира оние околу него, за да не го обожат и сметаат дека е натприродно суштество. Впрочем, нели безмалку беше прогласен за бог во Ликаонија поради чудото што го направи таму? (Дела 14:13).
Како би постапил човек кога би слушнал такви откровенија? Меѓутоа, како Божји човек, апостол Павле ја задржал својата едноставност и природно однесување, својата автентичност и искреност. Тој не сакал да создава лажни претстави  за себе си. Тој не барал да изгледа како "бог" во очите на своите духовни чеда, тој претпочитал да ја запази естествеността на Отецот во сопствените односи со нив.


САМОПРЕВОЗНЕСУВАЊЕ

Monasi.Bdenie
          Карактеристично за псевдохристијаните, псевдоапостолите и псевдопастирите е да се превознесуваат, т.е. да се претставуваат пред другите како нешто повеќе отколку што навистина се, со цел да ги импресионираат. Секако, оставањето впечаток е најдобриот начин да ги „потчиниш“ другите - особено ако тие на некој начин зависат од нас. Така, се навикнуваме да се движиме низ животот скриени зад параванот или маската, обидувајќи се да ги истакнеме нашите доблести - без разлика дали постојат или не, дали ги поседуваме или не, за другите да ни „признаат“ и да ни „поверуваат“. Секако, оваа тенденција е демонска, бидејќи ја исфрла искреноста и едноставноста од нашите секојдневни работи и ги заменува со преправање, па дури и мимикрија. Затоа што токму на тоа завршуваме: преправање и лукавост, „усвојување на манирот“ на личноста каква што не сме.
          Така било и во времето на свети Василиј Велики, како што сведочи свети Григориј Богослов. Многумина отидоа дотаму што го имитираа неговото (природно) бледо лице и неговата брада, начинот на кој одеше, неговиот смирен и умерен начин на зборување — па дури и тонот на неговиот глас! Но, имитирајќи го Василиј, тие станаа само лоши копии на оригиналот. „Така можевме да видиме многу Василиевци по изглед, кои, сепак, не се разликуваа од сенките на статуите“, како што мудро забележува свети Григориј (Послание до св. Василиј Велики, гл. 77). Секое имитирање во духовниот живот несомнено сведочи за отсуството на духовност и не е ништо повеќе од симптом на „побожното“ христијанство, кое е далеку од вистинската побожност.
          Самиот апостол ни дава противотров за оваа слабост. Неговото фалење е „во Христа“, и како такво е придружено со совршено смирение. Единственото нешто со кое се фали се неговите „немоќи“ - страдањата за Христа и неговата болест. Таква е големината на апостол Павле, како и на сите наши светители. Неговото фалење веројатно ќе го скандализира светот, веројатно ќе не скандализира и нас, бидејќи она што тој го смета за „восхитувачки“, ние го сметаме за пораз и понижување.
           При сето тоа, апостол Павле го нагласува спасоносното значење на тешкотиите - за што сведочат и светителите. „Повисоко од благосостојбата е искушението“, афористички вели свети Григориј Богослов. А на друго место: „Душата што се бори е блиску до Бога“. Тешкотиите што Бог толку милостиво ги дозволува се уздите на нашата самобендисаност. Тие нè потсетуваат на нашата безначајност и слабост, што освен Божјата благодат би довело до наше уништување. Преку Божјата благодат, нашите страдања стануваат средство за спасение, бидејќи нè понизуваат и ни помагаат да го спознаеме - надвор и внатре - присуството на Бога, без Кого би биле осудени на пропаст.
           Тoa e начинот на кој можеме да го разбереме монашкиот дух на нашата Црква, која го претпочита „тесниот и тежок пат“ – но не „мазохистички“ како што мислат световните луѓе, туку затоа што ја одржува нашата совест понизна, овозможувајќи и на нашата душа постојано да бара утеха и спасение во Бог.

Monasi.Bdenie4


Автор: протопрезвитер Георгиос Металинос


Извор: „Апостолски пораки“ / Православен портал – Богоносци.бг


За Преминпортал: Симеон Стефковски

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/duhoven-azbuchnik/25367-protivotrovot-na-gordosta

Share:

Example Super-Admin User

Perferendis aliquam velit aut non qui voluptas. Velit est voluptatem qui eum rem laboriosam ut. Blanditiis magni earum quo unde repudiandae sequi. Delectus autem quis dolores. Ut rerum aut illum possimus. Officiis placeat ducimus aut harum quos. Est in aspernatur animi. A aut et esse ex dolore sed. Incidunt rerum sed modi culpa. Expedita quia inventore iure aliquam. Itaque laboriosam vel fugiat aut.

All author posts

Related Posts

Image Description
2 years ago

УБИВАЊЕТО НА БЕСПОМОШНИТЕ -геноцид без преседан и аналогија!

УБИВАЊЕТО НА БЕСПОМОШНИТЕ! Секаде го слушаме зборот мир, но тоа е лага, тоа е гнасно лицемерие. Тоа е еден од зверските ликови на современиот цивилизиран свет. Околу нас се случува војна, непрестаjна и окрутна, во која нема примирје или свршеток, каде нема победник и победени, туку постојат само џел...

Image Description
11 months ago

Св. преподобна Теодора Цариградска - За митарствата

  Св. преподобна Теодора Цариградска† околу 950 година Се празнува на 30 декемвриTропар на преподобна жена, глас 8 Оној кој тебе мајко верен ти е, ќе се спаси, затоа што крстот си го зела, Христа си го следела и чинејќи дела, си  поучувала: плотта да се презира, зашто минлива е, туку за...

Image Description
1 year ago

Татковци - бидете Татаковци!

Татковци - бидете Татаковци! За теоријата на С. Фројд и воспитанието на нашите деца Олег Владимирович Никифоров      Поминувајќи денес покрај книжарниците не може човек да не се радува. Колку многу би дале за возможноста да ги добиевме тие книги 10-15 години наназад. Се сеќ...