НЕ СТАНУВАТЕ СВЕТИ СО ГОНЕЊЕ НА ЗЛОТО!

„Ако доброто го споредиме co цветна градина полна co цвеќиња, дрвја и растенија, злото го споредиме co трње, а силата co вода, тогаш може да се случи следново:

Кога водата ќе ја насочиме кон цветната градина, тогаш сите растенија се развиваат, зеленеат, цветаат, оживуваат.

Bo истиот момент трњето, бидејќи не се наводнува, се суши и уништува.

Може да се случи и обратно.

Значи, нема потреба да се занимавате co трњето. He ce зафаќајте co изгонување на злото.

Христос такви не сака, да не се занимаваме co страстите и co противникот, односно ѓаволот.

Насочете ја водата, односно сета сила на вашата душа, кон цвеќињата и ќе се радувате на нивната убавина, убавиот мирис и свежина.

He станувате свети co гонење на злото.

Гледајте кон Христос и Он ќе ве спаси. Наместо да стоите пред врата и да го гоните непријателот, вие игнорирајте го.

Значи, ако дојде злото да ве нападне, вие вашата внатрешна сила дајте му ја на доброто, односно на Христа.

Помолете се: „Господи Исусе Христе, помилуј ме”.

Он знае како и на кој начин да ве помилува. A кога ќе се исполните co доброто, тогаш веќе не се вртете кон злото.

Самите, co помош на Божјата благодат, станувате добри.

Тогаш каде ќе држи место злото? Исчезнува!

Co Христа сè е можно. Каде се трудот и напорот за да бидеш добар?

Работите се едноставни.

Ќе Го повикувате Бога и Он ќе ги претвори нештата на добро.

Ако му го дадете срцето Нему, тогаш нема да остане простор за друго.

Кога ќе се облечете во Христос, нема да вложувате никаков напор за стекнување на добродетелта. Он ќе ви ја даде.

Be фаќа страв и очајание?

Насочете се кон Христос.

Возљубете Го едноставно, смирено, без побарувања и Самиот Он ќе ве ослободи.

Насочете се кон Христос и co смирение и надеж кажете како апостолот Павле:
„кој ќе ме избави од телото на оваа смрт” (Рим. 7, 24).

Значи, ќе се придвижите кон Христос, и Он веднаш ќе дојде.

Веднаш ќе продејствува Неговата благодат!…“

(Старец Порфириј)

Originalen post ...