На 9.01.2020 година, Митрополитот Кумановско-осоговски г.Јосиф во својот кабинет оствари работна средба со директорот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје д-р Скендер Асани.
Митрополитот г.Јосиф и Директорот д-р Скендер Асани, потпишаа Меморандум за соработка во областите на науката, културата, духовното наследство и размена на искуства и кадри, со цел за реализација на идни проекти од заеднички интерес.
На средбата беа присутни и проф. д-р Сефер Тахири, д-р Зекирија Ибрахими, асистент Маја Суша од секторот на едукација и истражување на холокаустот, ереј Игор Здравковски и студентот на Богословскиот факултет ,,Логос” во Тирана – Р. Албанија г. Теофил Гроздановски.

Originalen post ...