Рождество Христово Ефрем Сирин

&

„Секој ќе падне во крајна недоумица откако ќе размисли за чудото:

како Бог слегол од небесата и си приготвил живеалиште во Мајчина утроба;

како Божјата природа се облекла во човечко тело и не се гнасела да живее девет месеци во утроба;

како утробата, бидејќи тело, можела да држи во себеси оган, и како во слабата утроба живеел пламен, без да ја изгори?!

Како што капината на Хорив Го криела во себеси Бога – така и Марија Го носела во својата утроба Христа.

Ново чудо извршил Бог во средината на земнородените: и Сам се раѓа од Жена Која не познала маж – и Оној, Кој Го проповеда, се раѓа не по редот на природата.

Тој го мери небото со Својата педа, а се полага во јасли во размер на земна педа.

Морето го поставува во Својата дланка, а се раѓа во пештера. Неговата слава ги полни небесата – пештерата, пак, го открива величието Негово“.

Св. Ефрем Сирин

Originalen post ...