Title : Секоја мака трпете ја со радост! (Старец Паисиј Светогорец)

Секоја мака трпете ја со радост! (Старец Паисиј Светогорец)

Example User · 2 months ago

„Кога некој заради Бог ги трпи тагите и неправдите што му ги нанесуваат луѓето, преку тоа трпение се чисти од страстите.
Тие едноставно се дестилираат.

Зар постои нешто повозвишено од тоа?

На тој начин човекот може да ги отплати гревовите.

Видете, некој злосторник го претепуваат и го затвораат;
таму тој го извршува своето мало правило, и ако искрено се покае, се спасува од вечниот затвор.
Зар е мала работа човекот преку оваа мака овде да ја исплати сметката за вечноста?

Секоја мака трпете ја со радост.
Раните што ни ги нанесуваат луѓето, послатки се од сите пијалаци што ни ги нудат оние што нѐ сакаат.

Видете, во Блаженствата, Христос не вели:
„Блажени сте кога ве фалат“,
туку: „Блажени сте кога ве срамат“, и притоа „лажно“.

Кога го срамат оној што е неправеден, тој отплатува (за гревовите), а ако е праведен, тој печали (духовно богатство).

Затоа, не само што треба да го трпиме оној што нѐ искушува, туку треба и да чувствуваме благодарност, затоа што ни се дава шанса да се потрудиме во љубовта, смирението и трпението.

Тие што клеветат, секако дека работат во соработка со ѓаволот.
Но, силниот ветер ги крши и корне слабите дрва, оние што немаат длабоки корења – додека на оние што имаат длабоки корења, им помага да ги пуштат уште подлабоко и да ги зацврстат.

Треба да се молиме за сите што зборуваат лошо за нас, и да бараме од Бога да им подари покајание, просветлување и здравје,
а во себе да не оставиме ни трага од омраза кон нив.

Да го задржиме само искуството на преживеаното искушение, да го исфрлиме од себе сиот отров, и да се потсетиме на зборовите на св. Ефрем:

„Ако претрпиш каква било клевета, а подоцна се обелодени чистотата на твојата совест, немој да се возгордееш, туку со смирение служи Му на Господ, Кој те спасил од човечките клевети, за да не бидеш поразен од големиот пад на душата“.

Старец Паисиј Светогорец

Source: https://pokajanie.mk/2020/05/22/27729/

Related Posts

Image Description
2 years ago

Бараме нешто од Христос или Го бараме Самиот Христос?

Митрополит Антониј Блум Бог е подготвен да остане потполно надвор од нашиот живот, подготвен е да го крене тоа како еден крст, но воопшто не е подготвен да стане едноставно еден дел од нашиот живот. Така, кога размислуваме за отсуството Божјо, не е ли подобро да се прашаме себеси: кој е виновен за т...

Image Description
2 years ago

Светите Кир и Јован, бесребреници и чудотворци (13. 02.)

Овие милосрдни и прекрасни светители не беа браќа по крв, но беа браќа по дух. Кир најнапред живееше во Александрија и како лекар ги лечеше луѓето со силата Христова и со материјални лекови. Кога дозна дека болестите ги напаѓаат луѓето најмногу заради гревовите, почна непрестајно да ги упатува болн...

Image Description
9 months ago

Светиот апостол и евангелист Лука (Од Правосл. календар)

Светиот апостол и евангелист Лука Роден е во Антиохија. Во младоста добро ја изучи грчката философија, медицината и иконописот. Во времето на делото на Господ Исус на земјата Свети Лука дојде во Ерусалим и таму Го виде Спасителот лице в лице, ја чу Неговата спасоносна наука и стана сведок на Неговит...