Св. Макариј Велики – БЕСЕДА 33
БЕСЕДА 33.

Треба непрестајно и усрдно да Му се молиме на Бога.

1. Не треба да се молиме преку телесната навика или преку обичајот да повикуваме,
да молчиме, да клечиме на колена,
туку треба, трезвено концентрирајќи го умот, да очекуваме кога Бог ќе дојде и ќе ја посети душата на сите нејзини излези и патеки и во сите чувства.

Значи, некогаш треба да молчиме, а некогаш да се молиме повикувајќи, само е важно умот да биде утврден во Бога.

Зашто како што телото, кога работи нешто, вложувајќи се во работата, целосно е зафатено, и сите негови членови си помагаат еден на друг, така и душата целосно да се посвети на молитвата и на љубовта Господова, не занимавајќи се и не вртејќи се во помислите, туку очекувајќи се од Христа.

2. И во таков случај, Господ самиот ќе ја просвети, ќе ја научи на вистинско молење и ќе и даде молитва чиста, духовна, достојна за Бога, и поклонување во дух и вистина.

Но како што оној што се решил да се занимава со трговија нема пред себе само еден потфат за да заработи, туку се грижи добро да ги зголеми и умножи приходите, завршувајќи еден потфат и почнувајќи друг, и потоа веднаш брза кон нов извор на приходи, а и ги остава потфатите од кои нема корист и постојано се свртува кон оние што имаат изгледи: така и ние на разни начини и вешто да ја обезбедиме својата душа,
за да ја стекне вистинската и голема добивка, т.е. Бога, Кој не учи и вистински да се молиме.

Зашто во таков случај Господ почива во добрата слободна волја на душата, правејќи ја престол на славата, седнувајќи и отпочинувајќи во неа.

Така слушавме кај пророк Езекиил за духовните животни, впрегнати во колата на господарот. Таму тие ни се претставени целите во очи.

А таква е и душата којашто во себе Го носи Бога, или, подобро кажано, којашто е носена од Бога; затоа што таа сета станува око.

Како што куќата во којашто е присутен самиот сопственик е полна со секаква покуќнина, украси и убавина,

така и душата којашто во себе Го има својот Вла-дика и во која Тој живее, исполнета е со секоја убавина, затоа што Господ, со Неговите духовни богатства, живее во неа и ги држи нејзините узди.

Но тешко на домот од каде што е отсутен сопственикот, во кого не е господарот, затоа што пропаѓа, запустува, станува нечист и целиот е во неред.

Таму, според словото на пророкот, се населуваат „бувови” и „бесови” (Иса. 13,21),
затоа што во запустениот дом си наоѓаат засолниште дивите мачки, пците и секоја нечистотија.

Тешко на душата којашто не станува од својот тежок пад и во себе ги има оние кои ја убедуваат и поттикнуваат да остане во непријателство со својот Младоженец, и имаат намера да ја развратат нејзината мисла, да ја одвратат од Христа.

four. А кога Господ ќе види дека душата, според мерката на своите сили, се собира во едно, дење и ноќе постојано Го бара Господа и кон Него повикува, како што е заповедано непрестајно да се молиме за се (1. Сол. 5,17), тогаш:

ќе ја заштити, како што ветил (сп. Лука 18, 8),ќе ја исчисти од порокот што е во неа и Самиот ќе дојде кај неа како кај непорочна и нескверна невеста.

А ако веруваш дека ова е вистина, како што и е, тогаш биди внимателен кон себе, внимавај дали твојата душа ја стекнала светлината патеводителка,
вистинската храна и вистинското пиење, т.е. Господа?

А ако не ја стекнала, тогаш барај дење и ноќе да ја добиеш. Значи, кога ќе видиш сонце, барај го вистинското Сонце, затоа што си слеп.

Кога гледаш светлина, погледни во својата душа: Си ја стекнал ли вистинската и благата Светлина?

Се` што е видливо е сенка на невидливото во душата.

Покрај видливиот човек, постои и еден друг, внатрешен човек,

други очи, коишто ги ослепи сатаната,

други уши, коишто тој ги направи глуви.

Но дојде Исус да го направи здрав овој внатрешен човек. Нему слава и власт со Отецот и Светиот Дух во вековите!

Амин.`

&

Originalen post ...