Блажени се оние луѓе кои успеале да бидат како ЗЕМЈАТА.

Таа иако газена од сите,на сите со љубов им помага да растат и сите грижливо ги храни, како добра мајка ,која при создавањето ни дала вештество за нашето тело.

Исто така, земјата со радост прима се што фрламе по неа, од племенити плодови, до нечисти отпадоци, кои потоа нечујно ги преработува во витамини и изобилно ги пренесува во сите плодови, не водејќи грижа дали се добри или лоши.

Како што се гледа , смирениот човек е најсилниот човек на овој свет, зашто победува и со леснотија носи на својата совест многу туѓи бремиња.

Навредите и неправдите се најдобри хирушки резови за оние кои грешеле, зашто со тоа се лечат старите рани.

А за оние кои не грешеле многу, навредите и клеветите се меч на џелат.

За маченици се сметаат оние кои радосно го примаат тоа од љубов кон Христа..

( извадок од – СРЦЕ ЗА ЦЕЛИОТ СВЕТ – Старец Пајсиј)

Originalen post ...