СРЕДБА НА МЛАДИTE СО БОГ

Example Super-Admin User · 3 weeks ago

    5 minutes, 15 seconds


СРЕДБА НА МЛАДИTE СО БОГ

Младите се на крстопат. Тие ги проверуваат вредностите што нивните родители успеале да им ги всадат и бараат свој, личен пат до вистината. Како да разговараме со младите за Црквата? Како да ги пронајдете вистинските зборови и да не ги исплашите? Како самите родители треба духовно да се подготват за овој хармоничен дијалог? На овие прашања одговара протоереј Александар Овчаренко.

TVIT22

         Како да разговарате со децата за верата и Црквата... Со малите е малку полесно, но со тинејџерите треба да развиете сериозен пристап. Не постои единствен рецепт за такво нешто. И фала му на Бога за тоа! Сите ние сме различни, па и нашите деца се посебни. Затоа, кон разговорот со нив треба да се пристапи промислено. Ако нешто почнеме непромислено, тоа секогаш ќе резултира со жалосни духовни последици... Без промисленост нема добри дела.
Првото нешто што треба да го направат родителите и свештениците, кога ќе започнат разговор за верата со младите, е во себе да го пронајдат тој момент на вистинска духовност. Нека се присетат на тивката молитва или кога во покајание стоеле пред Бога на Исповед, нека биде моментот кога го почувствувале присуството на Бога. Секако, се зависи од случајот и околностите во кои се води разговорот, секогаш треба да се прилагодат на ситуацијата. Но, од суштинско значење е да се започне овој многу важен разговор без криење, без никакви маски и искрено. Сите ние сакајќи или не сакајќи носиме многу маски: наставници, шефови, жртви итн. Сите тие маски само го кријат нашиот вистински лик. Тинејџерите имаат силно чувство да ја препознаат таа лага. Затоа, во тој разговор возрасните мора да ги покажат своите искрени чувства, болка, сочувство, но не за себе, туку за своите деца! Тоа е многу важно!
Детската вера е „верата на мама и тато“, затоа што „така треба“, или „да не ме караат“, а кај тинејџерите може да се работи и за инерција, ако детето уште од мали нозе го носеле во црква. Децата сè уште не доживеале лична средба со Бога, тој единствен и прекрасен настан што ги очекува. Има исклучителни случаи, кога несомнено гледаме жива, тврда и вистинска вера во детето. Можеме со сигурност да кажеме дека овие деца се свети.

TVIT20


           Многу е тешко да се зборува за верата со децата, особено со тинејџерите. Тие се посебни луѓе и не можете да се преправате со нив, или да разговарате со нив преку фрази и клишеа. За една минута досада, тие веќе ќе бидат во друг свет, а во рок од пет минути веќе ќе почнат да ве избегнуваат. Но, тоа не значи дека треба да си играме со нив и да ги забавуваме. Повторувам, само искреноста и почитта кон нив, прифаќањето на тој млад човек како рамноправен соговорник, може да биде успешен метод. Не можеме да ги третираме младите како некои „глупави дечишта“.
На почетокот треба да се изгради правилен однос со младите за да биде разговорот успешен, а потоа доаѓа интеракцијата. После тоа, секој случај е за себе. Нема потреба од морализирање и проповедање. Несоодветното проповедање и вештачката побожност може да го оддалечат младиот човек од Бога и од Црквата. Треба да се изразиме едноставно и разбирливо. Христос проповедаше преку приказни, кои беа разбирливи за луѓето. Ако едноставно сакаме да го „фрлиме“ Евангелието на тинејџер, неговиот младешки инстинкт за самоодржување ќе се активира. Само ако не вршиме прекумерен притисок и не наметнуваме ништо, можеме да обезбедиме можност тој млад човек да нè запознае. Не можеме да ги „присилиме“ младите во Царството Божјо, подобар пристап е малку да се дружиме со нив. Треба да ги дознаеме нивните интереси и проблеми, за да започнеме едноставен разговор од срце. После тоа ќе се воспостави контактот.
           Најдобро е да не ја вршите целата работа наместо нив, треба да им дадете онолку колку што им е потребно духовно и да му оставите можност на тинејџерот сам да размисли, да донесе свои заклучоци. Потребна е умешност да се води млад човек до Христос, но друг начин нема. Ако навистина сакаме нашите деца да станат искрени верници, мораме да ризикуваме. Во принцип, како и секогаш. Секогаш треба да внимавате на возраста на детето, без разлика дали е момче или девојче, и да развивате специфични тактики. Исто така, мора да прифатите дека нашите деца имаат право да прават избор и да прават грешки. Тоа право им го даде Бог, затоа што ја создал секоја душа слободна и единствена
             Општо земено, секој разговор за верата не треба да започнува со духовни детали, туку со душевност. Да се потсетиме на зборовите на апостол Павле упатени до Коринтјаните. „Но не е прво духовното, туку ду¬ше⬬ното, а потоа духовното. “ (1. Кор. 15, 46).

TVIT21
            На пример, едно дете си играло и скршило чаша. За кратко време детето ќе ја побара нашата поддршка. До пред малку беше невино весело (да обрнеме внимание на 50-тиот псалм), но сега е вознемирено,сеуште нема страв, но има страшно исчекување. Што го чека детето? Што може да слушне од нас? Во пракса, постојат само две варијанти. Првиот е гневот и бесот на родителите, и казната на детето. Како последица на тоа, мислите и чувствата на детето се умртвуваат, а во иднина тоа може и да доведе до слабост на душата. Од тоа не може да се заклучи ништо позитивно. Родителите честопати избрзуваат во казнувањето на своите деца. И најлошото е што децата не се казнуваат за нивните неморални постапки (за мрзеливост, лаги, подлост, кукавичлук), туку затоа што не им дозволуваат на родителите да се „опуштат“ или за некоја друга лична штета што им ја нанесуваат. Има и друга варијанта. Возрасните имаат прекрасна можност да ги научат своите деца преку некој спонтан, животен пример. Треба да се користи и да се истакне она што е навистина важно. На пример, помалиот брат скршил нешто а постарата сестра почнала да го чисти нередот. Треба да му се каже на братчето да и се заблагодари на сестра си и да ја бакне во образ. Ова ќе го научи дека не треба да се плаши да ја признае својата грешка и да ја исправи. Ќе го научиме и внимателно да се однесува кон работите. Поука од тоа ќе извлече и неговата постара сестра. Тоа ќе биде добар пример за љубов кон неа, дека треба да им помага на ближните, а не да ги брои заслугите и добрите дела. Од една ситуација, може да се добијат  големи придобивки.
            На крајот на денот, мора да признаеме дека младите повеќе ги интересира друштвото на нивните врсници отколку нашето, тоа е очигледно. Но, ако разговараме со нив од срце кон срце, тие ќе го разберат и почувствуваат тоа и нема да го отфрлат сето тоа. Не можеме да ги спречиме нашите деца да прават грешки. Тие можат да постапуваат непромислено, невнимателно и прекумерно самоуверено, како што постапи и Ева. Тие мислат дека целиот свет е нивен и во одреден момент ќе сакаат да го вкусат гревот. Но, едно е ако тоа е само еден случај, а сосема друго ако стане навика. Наша задача е да изградиме темел на кој нашите деца ќе се потпираат во иднина и ни останува само да се надеваме дека ќе го изберат вистинскиот пат на добрите  дела.

Протоереј Александар Овчаренко

Извор: pravoslavie.ru
За Преминпортал: Симеон Стефковски

11ти јануари 2023 лето Господово

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/duhoven-azbuchnik/25601-te

Share:

Example Super-Admin User

Perferendis aliquam velit aut non qui voluptas. Velit est voluptatem qui eum rem laboriosam ut. Blanditiis magni earum quo unde repudiandae sequi. Delectus autem quis dolores. Ut rerum aut illum possimus. Officiis placeat ducimus aut harum quos. Est in aspernatur animi. A aut et esse ex dolore sed. Incidunt rerum sed modi culpa. Expedita quia inventore iure aliquam. Itaque laboriosam vel fugiat aut.

All author posts

Related Posts

Image Description
6 months ago

Типови икони на Пресвета Богородица!

Типови икони на Пресвета Богородица Како што основа за сите икони на Христос беше неракотворениот образ на ризата, така за иконата на Богородица e земен ликот на иконата што ја направил Светиот апостол и евангелист Лука. Kora ќе се споредат сите икони на Богородица, почнувајќи од Шпанија преку Итал...

Image Description
2 years ago

Старец Клеопа: Мајка и царица на сите добри дела

Молитвата е мајка и царица на сите добри дела. Но како таа е мајка на сите добри дела кога големиот апостол Павле вели: „А сега остануваат верата, надежта и љубовта, но љубовта е најголемата од нив“?Значи ова покажува дека молитвата не е најголемото добро дело, туку љубовта. Но сепак, зошто светите...

Image Description
2 years ago

Ретроспектива (2005-2020): Георгиј Флоровски - Православно учење за Дева Марија

  Приснодева Богородица Сето догматско учење за Владичица наша е искажано во две Нејзини имиња: Богородица (Theotokos) и Приснодева (aiparthenos). Двете имиња се католично признати, и двете се прифатени од Вселенската Црква. За девственото Рождество на Спасителот директно говори Новиот Завет;...