СРЕДБА СО ТИШИНАТА: прот. Александар Шмеман

Example Super-Admin User · 8 months ago

    4 minutes, 16 seconds


TVIT257

СРЕДБА СО ТИШИНАТА
Автор: прот. Александар Шмеман

TVIT246

      На неинформираниот кој гледа од страна, може да му се чини дека нема ништо пооддалечено од животот и, ако можам така да се изразам, „социјално непотребно“, од Великиот пост за кој зборува Црквата и  кој , како и секоја година, изминува. Великиот пост... Ова звучи како одамна изживеана мода која нема ни  најмалку врска со реалноста, со сложените проблеми на „вистинскиот живот“. Во имагинацијата се појавуваат некои монаси кои од некоја непозната причина се измачуваат себеси воздржувајќи се од храна. И се прашувате: „Зошто е потребно? Што значи овој архаичен обичај?“.
          Да, се разбира, религијата е феномен многу постар од нашите современи проблеми. И можеби ни се чини дека врската меѓу неа и животот е прекината, дека нема што да му каже на современиот човек, дека е за оние кои „го доизживуваат своето време“. Но, ова е така само ако,превенствено, a priori, одбиеме сериозно да ја сфатиме религијата. Ајде да се обидеме да размислуваме, да се слушнеме самите себеси. И тогаш, можеби, ќе најдеме во религијата и во овој навидум застарен концепт - „Великиот пост“ - нешто поинакво, што ни треба во моментов повеќе од кога било досега.
          Што е Великиот пост? Пред сè, тоа е еден вид успорување на животот, успорување на неговиот громогласен луд ритам. Црквата уште од древни времиња еднаш годишно го повикува човекот да се отцепи макар и малку од овие надворешни работи кои целосно го апсорбираат целиот негов живот. Зашто колку подалеку, толку помалку ние луѓето можеме да застанеме, да погледнеме наоколу и да размислуваме: за што живееме, која е целта на сета оваа избезумена активност во која сме потопени и од која сме буквално здробени. Од утро до вечер и од раѓање до смрт сме вклучени во циклусот на работа и задачи, за чие значење никогаш навистина не размислуваме. Некој веќе решил и предвидел сè за нас, некој не води цело време, а целиот овој свет како постојано да ни вели: „Не размислувајте, работете, бидете запчаници во огромната машина и веќе таму каде што треба, се е однапред решено, а кој треба - знае зошто, како и каде“.
        И милиони луѓе стануваат запчаници во оваа машина, тие буквално немаат ни минута да се обидат да го осмислат своето земно постоење. Јадеме за да работиме и работиме за да јадеме. И кога оваа машина ни остава малку време, имаме само доволно сила да се заборавиме во некаква забава. Колку е покомплексен животот на овој свет, толку помалку има простор за човекот и човечката личност.
            Великиот пост, во својата суштина, не е ништо друго освен повик до секој од нас да се запознаеме себеси, да се задлабочиме во себе, да погледнеме во својата душа и совест. Одеднаш, макар и накратко, да навлеземе во тишината. Затоа што Великиот пост е таа тишина од која сме целосно лишени во современиот свет. Не физичка, туку духовна тишина. Тишината не како отсуство на звуци, туку како присуство во нас и среде нас на една друга димензија на животот. Во една црковна молитва постот се нарекува „света тага“. И, Боже мој, колку ни е потребна оваа светла тага! Колку ни е потребно за да бидеме луѓе, да ја вратиме вистинската човечност во себе. Колку ни е потребно за оваа цел да се одвоиме од грубото самозадоволство и самовозвишување, од евтината гордост што нè опкружува насекаде на овој свет! И како се огрубува, како душата паѓа во овој свет на надворешни успеси, грижи, брутална сила. Има ли место во модерната цивилизација за таква „светла тага“, за воздишка за светлото и возвишеното, чистото и убавото? Има ли во него простор за милост и сочувство, за нежност и љубов? Дали оваа слика за личноста што ни ја наметнуваат радиото и весниците, пропагандата и официјалните говори е вистинскиот човек?
            А во црквата пеат: „Да го започнеме светлото време на постот ...да ја очистиме душата, да го очистиме телото, да ги раскинеме сите врски со неправдата.“ Овде, во црквата се слуша оваа воздишка: „ Господи и Владико на мојот живот, не давај ми дух на мрзливост, униние, властољубие и празнословие. Дарувај ми мене, на твојот слуга, дух на целомудрие, смиреноумие, трпение и љубов. Да, Господи и Цару, дарувај ми да ги видам моите согрешенија и да не го осудувам братот мој,  зошто благословен си во вековите на вековите. Амин. “
           Дали е ова толку непотребно, исклучено од животот, бескорисно? Слушајте ги овие зборови, размислете за момент за оваа светла тага и ќе разберете дека ова, можеби, ни е најпотребно - она што ќе ја зачува и обнови нашата човечност, она најдлабоко и единствено нешто што го има во секој од нас.
           Светло време на светла тага - т.е. тага по вистинскиот живот, реалниот свет; време на враќање, вознесение, прочистување; сончев зрак кој паѓа во темнината и го преобразува. О, да можеме да разбереме дека во овие древни зборови, во овој „архаичен обичај“ е спасот на современиот свет, неговата шанса конечно да стане човечки свет!
           Сето тоа  е очигледно за оние кои веруваат. Тие го чекаат Великиот пост,и кога за прв пат во неделата на простувањето во црквата ќе се слушне молитвата на свети Ефрем Сирин, кога промената на животниот ритам наеднаш станува физички опиплива, тогаш како оваа светла тага сама по себе како да влегува во нивните души заедно со радоста на духовната вистина и убавина на светот во кој секогаш можеме да се вратиме, во кој повторно можеме да влеземе. И, можеби, дојде време да  раскажеме за оваа вистина и убавина и  на другите?
 

Беседи на Радио “Слобода”, том 2
Извор: azbyka.ru

За Преминпортал Симеон Стефковски

4ти март 2023 лето Господово

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/duhoven-azbuchnik/25766-sredba-so-tishinata-prot-aleksandar-shmeman

Share:

Example Super-Admin User

Perferendis aliquam velit aut non qui voluptas. Velit est voluptatem qui eum rem laboriosam ut. Blanditiis magni earum quo unde repudiandae sequi. Delectus autem quis dolores. Ut rerum aut illum possimus. Officiis placeat ducimus aut harum quos. Est in aspernatur animi. A aut et esse ex dolore sed. Incidunt rerum sed modi culpa. Expedita quia inventore iure aliquam. Itaque laboriosam vel fugiat aut.

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Старец Петрониј: Ако човекот не се моли, Му станува туѓ на Бог

  Ако човекот не се моли, Му станува туѓ на Бог Ова е една од најсериозните работи кои треба да ги правиме. Човекот, оптоварен со телевизорот (компјутерот), не може да се моли; бидејќи е расеан, тој не може да се моли, тој го губи најсветото. А Спасителот вели: „Молете се постојано!“ ...

Image Description
2 years ago

Ретроспектива (2005-2020): Промоција на книга на доц. д-р отец Милан Ѓорѓевиќ

22ри  декември   2020 лето Господово Скопје, 3-јуни 2015 год.- салата „Архиепископ Доситеј“ при Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје На 03. јуни 2015 на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ при Универзитетот Свети Кирил и Методиј...