Title : Старец Ефрем Филотејски (…веруваат дека СтарецЕфрем бил обдарен со пророчки дар)

Старец Ефрем Филотејски (…веруваат дека СтарецЕфрем бил обдарен со пророчки дар)

Example User · 7 months ago

ПОЧИНА СЛАВНИОТ ПРОРОК ОД СВЕТА ГОРА: ДВА МЕСЕЦИ ПО МОЈАТА СМРТ, ЗАПОЧНУВА СВЕТСКА ВОЈНА

&

На почетокот на декември, материјалниот свет го напушти отец Ефрем, познат монах од Аризона, кој целиот свој живот службувал во американската архиепископија на Цариградската патријаршија.

Православните веруваат дека Ефрем бил обдарен со пророчки дар, а многу од неговите пророштва наводно се исполниле.

Едно од нив било врзано за неговата сопствена смрт, а тоа пророштво со денови е тема на сите светски медиуми.

Ефрем е роден како Јоанис Мораитис на 24 јуни 1928 година во Волос, Грција.

Во седумдесеттите години на минатиот век отпатувал во Америка, каде напорно работел на воспоставување православни манастири, од кои најпознат е манастирот Свети Антониј во Аризона.

Затоа Ефрем честопати го нарекувале „апостол на Америка“.

Имено, Ефрем ја предвидел својата смрт, велејќи дека ќе отиде на небото пред Нова година, што и се случило.

Според овој монах, во моментот на неговата смрт, Атон ќе биде пред раскол, а два месеци подоцна ќе почне војна, каква светот сè уште не видел!

Две од трите точки на пророштвото се имаат остварено – смртта на отец Ефрем пред Нова година и расколот во Света Гора и воопшто во православниот свет.

Целта на текстов не е да се потврди или негира ова пророштво и секој е слободен да одлучи во што да верува.

Да се потсетиме повторно на зборовите на Исус во Светото Писмо:

„Никој не го знае денот и часот на моето второ доаѓање, освен самиот Отец!“

Но, и покрај скептицизмот, сакаме да го свртиме вниманието на уште еден пример за проѕорливост на Ефрем.

Неколку дена по смртта на отец Ефрем, во манастирот Свети Антониј во Аризона, монахот Илија одмарал по напорниот ден.

Таа ноќ, во сон му се јавил веќе упокоениот Ефрем и тогаш му рекол:

„Не грижи се, ќе бидеш со нас наскоро“. Шест дена подоцна, отец Илија се упокоил во Господа.

Преведе М. Даниловска

https://srbin.information/

Source: https://pokajanie.mk/2019/12/21/25400/

Related Posts

Image Description
1 year ago

Вечерна богослужба во Куманово

На 5 мај 2019 година, во навечерието на празникот на св. вмч. Георгиј Победоносец, во манастирот на свети великомаченик Георгиј во Куманово, Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф служеше вечерна богослужба.

Image Description
8 months ago

Обновување на храмот на свети великомаченик Георгиј Победоносец во Лида

На 16.11.2019 година, кога Црквата го слави споменот на обновувањето на храмот на светиот великомаченик Георгиј Победоносец во Лида, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф, служеше Света Златоустова Литургија во манастирот на свети Ѓорѓи во Старо Нагоричане. На Све...

Image Description
1 month ago

Отец Томас Хопко: Ако ги исповедаме своите гревови

Не ни е доволно да си ги знаеме сопствените гревови и да ги мразиме. Треба и да ги исповедаме нив пред Бога и луѓето. Треба да ги признаеме пред небото и земјата. Да ги изложиме пред целото создание, за да ги оттргнеме нив од нашите таинствени срца. Исповедта е дел од духовниот живот. Всушност, таа...