Старец Харалампиј – ЗА РАЗВОДОТ

„…Некој брат во една прилика му исповедал дека неговата жена, со која има две деца, од ич ништо почнала да се лади спрема него и да го одбегнува, така што се заканувала опасност да се разведе од него.

Тој брат слушнал дека некој од завист кон нив им направил магија, и тоа со цел да му ја земе жената. Тој во недоумение праша:

– Дали постојат, старче, магии и може ли да нанесат толку зло?

– Дали постојат? Уште како постојат.

Но, врз кого делуваат?

Делуваат кај оние кои искушението ќе ги најде голи, без оружје.

– Значи, старче?

– Гол е оној кој нема врска со Црквата, а невооружен е христијанинот кој нема допир со Христос и Светите Тајни, молитвата, исповедта, Светата Причест.

Прочитај го житието на свети Кипријан, ако сакаш да видиш како тој голем маг се понизил пред едно девојче Јустина. Кога сфатил дека магиите немаат влијание на христијаните, се одрекол и од сатаната и од магиите.

Станал христијанин, и тоа толку ревносен што заедно со Јустина пострадал за верата Христова.

Фактот дека твојата жена сè уште не одлучила да те напушти значи дека не сте сосема без оружје.

Но, за да се избавите од тоа искушение, потребен е поголем подвиг. Дај ми го името на твојата жена.

Посебно ќе ја спомнувам на литургиите и ќе се молам на бројаница секој ден.

Само од тебе барам повеќе. Ќе се молиш и за себе и за својата жена, и редовно да се причестуваш.

Доколку твојата жена почне да те поддржува, готово е, ја придоби. Во спротивно, барај долготрпение од Господ, додека Он Самиот не ја исправи.

Кажи ми, дали ги држиш постовите на Црквата?

– Ех, ги држам по малку.

– И тоа малку да го зголемиш.

Можеш ли во среда и петок да постиш без масло?

– Е, старче, не знам, оти работам малку потешка работа.

– Кога би ти го кажал нашето правило, ќе сфатиш дека ние овде работиме повеќе.
Нека биде: ако не можеш, пости макар со масло, не повеќе. Меѓутоа, кога се причестуваш, во петок немој да јадеш со масло, и да се причестуваш најмалку на секои петнаесет-дваесет дена.

Кога би можел, ќе ти кажев и почесто. Ние тука се причестуваме три-четири пати неделно.

Старецот, како во гореспоменатиот случај, им помагаше на многу семејства да не се разведат и со своите едноставни, но мудри совети воспоставуваше едносмислие (слога), спокојство и взаемна љубов.

Некој друг човек му кажа на старецот:

– Свет старче, не знам ни самиот што ми се случува. Ја засакав својата жена и се оженив со неа.

Во почетокот нашиот живот беше рај. Но, сега, не знам што ме фати, не можам да ја гледам.

Отпор, антипатија, зло. Кога ќе ме погледне, се чувствувам како да го гледам непријателот пред себе.

Мојот живот е пекол. Што да правам? Да се разведам?

– Да се разведеш? Дали ти тоа сериозно зборуваш?

Дали си при себе? Не ли разбра, дете мое, дека бракот е една од седумте Свети Тајни на нашата Црква?

Знаеш ли дека си ветил дека заедно ќе го носите теретот на бракот пред Бог до смртта? Ти бракот го сфаќаш бунтовнички.

– Добро старче, зошто толку други луѓе секој ден се разведуваат?

– Е, значи, ако повеќето полудат и се откажат од својата вера ќе кажеме: тоа е мода.

Треба ли и ние да ја следиме модата?

Т.е. ако светот одлучил да оди во пекол со таа мода, треба ли и ние по секоја цена да одиме со него во пеколот?

Ти велиш дека твојот живот е сега пекол.

Ако отидеш во оној страшен вечен пекол кој ги согорува блудниците, прељубодејците и оние кои го погазија бракот, каква полза?

– Па што да правам, отец?

Манастир Дионисијат, Света Гора

– Зарем не разбра дека тоа што ти се случува е чист сатана со рогови?
Си оставил некој отворен прозорец и тој влегол внатре.

Откако старецот му даде соодветни упатства и лекови, појде да го испрати и тогаш му рече:

– Сакам набргу повторно да дојдеш да те видам. До тогаш секој ден ќе ве спомнувам, тебе и твојата жена, и ќе вртам бројаница.

Бидејќи овој млад човек ги послуша упатствата, и со содејство на молитвите на Старецот, не задоцни набргу да се врати и да му објави радосна вест, дека осетил како нешто, како некој облак, кој го обвил, да си заминува од него.

Од тогаш повторно се врати онаа прва љубов и почит кон сопругата.

Originalen post ...