Што и да ви рече - направете

Example Super-Admin User · 2 weeks ago

    2 minutes, 57 seconds


TVIT70

Што и да ви рече -  направете

TVIT74

Богородица знае што треба да направат луѓето за да го предизвикаат Нејзиниот смирен Син на чудотворна активност: „Што и да ви каже, направете!“ Оваа реченица упатена до слугите на свадбата во Кана Галилејска, стана вечен принцип. во човечките молби до Богочовекот за помош, со посредство на Пресвета Богородица. Тоа е знак за сите времиња и за сите чуда на Исус во сите времиња. Богородица посредува, а Тој прави чуда.

А кога приврши виното, Му рече мајка Му на Исус: „Им снема вино.“ Исус ѝ рече: „Што бараш од Мене, жено? Уште не дошол Мојот час.“ Но мајка Му Негова им рече на слу¬гите: „Сѐ што ќе ви рече, направете!“
Малку зборови искажани од Пресвета Богородица се запишани во Светото Писмо. Сепак, оние кои се запишани ни  укажуваат на божествената семилост: во една реченица таа го откри целиот пат на спасението, патот на Евангелскиот живот, радоста и утехата.

TVIT73
На свадбата во Кана Галилејска таа своите зборови ги упатува до слугите, но тие допираат и до срцата на апостолите, а преку нив и до сите верни идни генерации и целото човештво: „ Сѐ што ќе ви рече, направете “. И тоа е нашиот удел во Богочовечкото Евангелие, во Богочовечкиот подвиг на спасението. „ Сѐ што ќе ви рече “, па макар било и најнеобичното, најневеројатното. Но Богочовекот нема да бара од вас ништо што не можете да го направите, ништо што не би водело кон вашето спасение, вашата бесмртност, вашиот рај.
Со својата повлеченост, Богородица ни дава исклучителен пример на кротост и смирение. Исус бил поканет на забава во Кана, а гозбата требало да трае седум дена, како што налагал еврејскиот закон. ( 1. Мојсеева 29:27; Судии 14:12-15 ).
На овој начин, Христос го прифаќа повикот да спречи некој да размислува за бракот како за престап или неумереност. Тој доаѓа на третиот ден од празникот. До неговото пристигнување, гостите останале без вино - што покажува дека домаќините не биле многу богати.
Богородица знае за недостигот на вино. Таа му кажува на својот Син за тоа, надевајќи се дека Тој ќе интервенира и ќе ја спаси гозбата. Како што знаеме од Евангелието, Исус им наредува на слугите да ги наполнат садовите со вода. И тоа го направиле, според советот на Богомајката. И водата не само што станала вино, туку била и значително супериорна во однос на виното што го служеле претходно. Евангелистот заклучува: „ Така направи Исус почеток на Своите чуда во Кана Галилејска и ја покажа славата Своја; и учениците Негови поверуваа во Него. “.(Јован 2:11).
Впечатливото посредништво на Богомајката во Кана Галилејска претставува половина од првото чудо на Исус. Тоа е знак за сите времиња и за сите чуда на Исус во сите времиња. Богородица посредува, а Тој прави чуда.
„ Сѐ што ќе ви рече, направете “ е кратка, но содржајна поука на Богородица, упатена до сите нас, да ја послушаме волјата на нејзиниот Син, нашиот Спасител, на кого му се моли во наше име, како што ќе прави и до крајот на времето. Ова се ретки зборови на Богородица кои апостолите побрзаа да ни ги пренесат. Тие малку што друго пренеле , најверојатно затоа што таа никогаш  и не сакала.

TVIT72
              „ Сѐ што ќе ви рече, направете “! Како да сакаше да каже: Тој знае сè, Тој може да направи сè, Тој ве сака сите, слушнете Го и послушајте Го. Таа ја сфати својата должност на овој свет, да живее за Него и да ги упатува другите кон Него како извор на животот. Таа доброволно продолжи да ја извршува таа должност и од небесата. Во текот на историјата на црквата, таа ги учела верниците да го прават она што Тој го рекол. Таа и денес таинствено слегува од својата небесна слава меѓу верните за да ги посоветува, да го прават она што Тој го заповедал.
Тоа е нејзиното Евангелие - Евангелието на Пресвета Богородица. Не се состои од четирите евангелија, туку од четири збора: Сѐ што ќе ви рече, направете - објаснува владиката Николај. Ајде да ја слушаме! Да ја послушаме како мајка, и повеќе од сопствената мајка, бидејќи таа ни го сака најголемото добро - царствување во вечното царство на својот Син.


Извор prijateljboziji.com / За Преминпортал Симеон Стефковски

17ти јануари 2023 лето Господово

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/duhoven-azbuchnik/25622-shto-i-da-vi-reche-napravete

Share:

Example Super-Admin User

Perferendis aliquam velit aut non qui voluptas. Velit est voluptatem qui eum rem laboriosam ut. Blanditiis magni earum quo unde repudiandae sequi. Delectus autem quis dolores. Ut rerum aut illum possimus. Officiis placeat ducimus aut harum quos. Est in aspernatur animi. A aut et esse ex dolore sed. Incidunt rerum sed modi culpa. Expedita quia inventore iure aliquam. Itaque laboriosam vel fugiat aut.

All author posts

Related Posts

Image Description
1 year ago

Писма на валаамскиот старец (9)

  29. 1947 г.Го добив твоето писменце и ти одговарам; само моите совети примај ги не како наредба или закон, туку како обичен совет. Можеш и да не ги прифатиш, ако оцениш дека не се сложуваат со Светото писмо и со поуките на св. отци.Не возбудувај се, не стреми се предвреме кон возвишенот...

Image Description
2 years ago

Таа жена го исполнувала во живот Евангелието…

Прашав една жена: -Што правиш во животот, се бориш ли, се радуваш ли на својот живот? Таа рече:-Јас, баќушка, не правам ништо. Зошто?-Не се подвизувам како вие. -Т.е. што правиш?-Па, не правам ништо. Имам пет деца, ги пораснав но, не се подвизувам како вас. Ги носев на школо, седев ноќум кога беа...