Св. Нектариј Егински: Каде да се пронајде вистинската среќа?

Example Super-Admin User · 7 months ago

    3 minutes, 28 seconds


Во дефинирањето на среќата, современиот човек, по правило, ќе вклучи некое материјално богатство, своето и здравјето на неговите најмили, како и неколку чисто лични преференци поврзани со своето хоби итн. Меѓутоа, од некоја причина, вистински среќни луѓе околу нас е тешко да пронајдеме.

Можеби само ја бараат среќата на погрешно место? Каде да се бара вистинската среќа- за тоа ни зборува св. Нектариј Егински.

За почеток, ајде да зборуваме за неуспехот на самата идеја за чисто земска среќа. Ајде да се задржиме на една важна компонента, како што е просперитетот. Каде е кочницата која треба да го сопре човекот во неговата постојана тенденција за богатење и кој може да ја одреди? Истото  може да се каже  за здравјето и другите овоземни работи. Кога ќе го достигнете едното, веднаш ви е потребна сила да го пристигнете другото, а притоа да го задржите и она првото. Тоа не значи дека не треба да работите за да го издржувате семејството или да не се грижите за квалитетот на храната или да го труете својот организам со брза храна и со алкохол. Важни се само вистинските приоритети и сигурна основа во потрагата по среќата.

Св. Нектариј Егински пишува: „Колку се лажат оние луѓе кои својата среќа ја бараат надвор од себеси – во странските земји и на патувањата, во богатството и во славата, во големите имоти и во уживањата, во задоволствата и во изобилството, и во празни работи кои завршуваат со горчина. Да градите кула на среќата надвор од нашето срце е како да градиме куќа на место кое е подложно на чести земјотреси. Многу брзо таквата зграда ќе се сруши.“

Од сето ова треба да се извлечи еден заклучок- среќата мораме да ја бараме во себеси. Свети Нектариј советува да бидеме многу внимателни кон своето срце, бидејќи оној кој е насочен само кон надвор, изложен е на зло. Ако се продлабочите во оние компоненти на среќата кои мнозинството луѓе ги сметаат за неопходни, лесно ќе забележите дека тие се само параван зад кој секоја душа која скита, свесно или интуитивно, бара радост, мир и љубов. Истовремено, би сакал да верувам дека разбираме добро дека радоста, мирот и љубовта се достижни и без богатство, и без слава, па и без здравје. Освен тоа, сето наведено погоре само пречи на постигнувањето на среќата, го одзема вниманието и енергијата на човекот.

„Премилостивиот Бог на сите ни посакува среќа во овој и во идниот живот“- нагласува св. Нектариј – и ова е многу важно појаснување, особено за оние кои мислат дека поимот среќа и носењето на животниот крст се неспојливи. Сите сме добро свесни на блаженствата кои Христос ги изрази во својата беседа на гората (Матеј 5:3-12; Лука 6:20-23). Често ги користиме изразите „блажен“ и „блаженства“ но малкумина размислуваат за значењето на овие зборови. „Благословен“ на грчки звучи како „макариос“ (μακαριος), и во буквална смисла се преведува како „среќен“. Во таа смисла, Господ го користи овој израз кога зборува за блаженствата. Испраќа дека сиромашните по дух, расплаканите, кротките, гладните и жедните за вистина, милосрдните, чистите по срце, миротворците кои се протерани поради вистината всушност се оние кои Спасителот ги нарекува среќни. Но навистина вистински среќни ќе бидат оние кои Бог ќе ги утеши и кои ќе ги награди. Тоа значи дека носењето на животниот крст е неопходен и важен услов за вистинска човечка среќа.

Во Црквата, како жариште на човечка среќа, св. Нектариј пишува: „Црквата ќе го подигне товарот на нашето бреме, ќе ни подари смелост пред Бог, ќе ги исполни нашите срца со среќа и со блаженство“. Среќата се достигнува само со носењето на крстот, но без Црквата, таа ќе остане само форма, надворешно дејство, бидејќи всушност во Црквата, како Царство Небесно на земјата, веќе зададено во нашето сегашно духовно искуство, се исполнуваат и се поимаат сите трудови, таги и напори. Св. Нектариј пишува дека Господ ја создал Црквата  „за да нè очисти од гревот, да нè освети и да нè помири со Него и да ни даде небесен благослов“.

Значи, вистинската среќа не е далеку, не мора да одите на далечен пат за да ја пронајдете, бидејќи е многу блиски – во секој од нас. Поминувајќи го нашиот животен пат, достојно носејќи го својот крст, предавајќи го своето срце на Христос, навистина стануваме среќни, бидејќи во нашите срца почнуваат да никнуваат никулците на царството небесно. Бог сака да бидеме среќни, но не за кратко време и не во услови на нестабилни и крајно горчливи овоземски радости, туку во блажената вечност, неподложна на пропаѓање, разочарување и на уништување. Тоа се зборовите и мислите на Св. Нектариј од Егина.

Извор- https://pouke.org/index/1346440445/d0bfd0bed183d187d0bdd0b8/%D1%81%D0%B2-%D0%BD%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B5-%D0%B5%D0%B3%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B3%D0%B4%D0%B5-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D1%9B%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D1%83-%D1%81%D1%80%D0%B5%D1%9B%D1%83-r24425/

Source: https://www.tiveriopol.mk/sv-nektarij-eginski-kako-da-se-pronajde-vistinskata-sreka/

Share:

Example Super-Admin User

Perferendis aliquam velit aut non qui voluptas. Velit est voluptatem qui eum rem laboriosam ut. Blanditiis magni earum quo unde repudiandae sequi. Delectus autem quis dolores. Ut rerum aut illum possimus. Officiis placeat ducimus aut harum quos. Est in aspernatur animi. A aut et esse ex dolore sed. Incidunt rerum sed modi culpa. Expedita quia inventore iure aliquam. Itaque laboriosam vel fugiat aut.

All author posts

Related Posts

Image Description
8 months ago

ДА ГО ОБРЕЖEМЕ СРЦЕТО, А НЕ ПЛОТТА

ДА ГО ОБРЕЖEМЕ СРЦЕТО, А НЕ ПЛОТТАНа денот на споменот на Свети Василиј Велики, ретко се сеќаваме на еден друг настан што Црквата го празнува денес - Обрезание Господово. Осмиот ден по раѓањето, според изричните директиви на Светото писмо, секое еврејско машко дете било обрежувано. Овој чин требало...

Image Description
11 months ago

Владeтeлoт кoј има страв Бoжји и Му e вeрeн на Бoга e вистинска нeбeска благoдат за сиoт нарoд

Владeтeлoт кoј има страв Бoжји и Му e вeрeн на Бoга e вистинска нeбeска благoдат за сиoт нарoд. Кралoт Вацлав Чeшки бил такoв владeтeл. Нeгoвата рeвнoст кoн свeтињата на вeрата и стрoгoста вo живoтoт нe пoтсeтуваат на дрeвнитe пoдвижници. Дeнoт гo пoсвeтувал на државничкитe рабoти, а нoќта на мoлит...

Image Description
2 years ago

Писма на валаамскиот старец (9)

  29. 1947 г.Го добив твоето писменце и ти одговарам; само моите совети примај ги не како наредба или закон, туку како обичен совет. Можеш и да не ги прифатиш, ако оцениш дека не се сложуваат со Светото писмо и со поуките на св. отци.Не возбудувај се, не стреми се предвреме кон возвишенот...