ЗА СВЕТАТА ТАЈНА ПРИЧЕСТ

Не бидете мрзливи, туку пристапувајте ѝ на чашата на Животот, Бесмртноста, Љубовта и Светоста со страв од Бога и вера.

А кој не сака и не се грижи за тоа, тој не Го сака Исус Христос и нема да Го добие Светиот Дух, и, со самото тоа, нема да влезе во Небесното Царство.

св. Кипријан Картагински

„И како тие во своите срца да ја запалат Божјата љубов, духовната радост, Божјиот мир и останатите плодови и дарови на Светиот Дух, ако не се причестат со Телото и Крвта на возљубениот Татков Син, Едносуштен со Светиот Дух, Кој, според зборовите на апостолот е вистинска радост, наш мир, и извор на сите богатства?

Јас се чудам, како денес христијаните можат да ја празнуваат неделата или другите празници во годината и духовно да се радуваат на вистинската радост, ако редовно не се причестуваат, кога тоа е причината за празникот и празнувањето?“

Св. Григориј Богослов

„Никој да не вели: јас сум  покриен со чад, совеста ми е полна со гревови, носам тешко бреме од пороци, не сум достоен за таа трпеза.
Тие пет дни се доволни за да се очистиш од множеството гревови; ако духовно се отрезниш, ако се молиш покајно, ако си бодар од сé срце. Ти не гледај на тоа што времето е кратко, туку насочи се на друго; дека Господ е милостив и човекољубив. Ниневејците и за три дни успеале да се ослободат од Божјиот гнев и ни најмалку не им попречила краткотрајноста на времето да пројават усрдие, да покажат покајание, да постигнат сé со помош на човекољубивиот Господ.“

Свети Јован Златоуст

„Како ќе успеат да го изгаснат пламенот на страстите, ако не се причестуваат со Непорочните Тајни, кои ја оддалечуваат слабоста, ја смируваат битката со плотта и ги умртвуваат страстите? И затоа, точно е дека тие, кои редовно не се причестуваат ги пропуштаат Божјите и небесни богатства.

Притоа, како што и порано сме кажале, тие не ги исполнуваат Господовите заповеди и правилата на Соборите…
Оставајќи ја причеста, тие му даваат слобода и место на демонот да ги наведува на разни гревови и искушенија.`

Св. Кирил Александриски

Никогаш немој да отстапуваш од причестувањето со Христовите Тајни, туку пристапувај им често, бидејќи тоа демонско дејство во тебе се појавило поради тоа што не си се причестила пет недели, па затоа демонот си нашол место во тебе и се разлутил.

Преп. Макариј Велики

Значи, љубен мој, ако сакаш да ја запалиш ревноста за Бога во своето срце и да ја здобиеш љубовта кон Христос, а со неа и сите останати добродетели, често пристапувај на причест и тогаш ќе се насладиш со Оној што Го сакаш.

Невозможно е некој да не Го засака Христос и да не биде Негов љубен, ако редовно се причестува со Неговите Свети Тело и Крв. Тоа се случува на толку природен начин.

преп. Никодим Светогорец

Ако нашиот живот е во Христос, и Тој вели, дека во Него е оној што ги јаде Неговите Тело и Крв, тогаш како да не се причестува често оној што го сака животот? Вам некој ве спречува почесто да се причестувате?

– Обично маловетието. За нас зборовите: „Со страв од Бога и вера пристапете“ станаа формалност.

Нѐ повикуваат, а никој не пристапува… и никој, освен тоа, не ја забележува недоследноста и дисхармонијата помеѓу ова неотповикување и повикот од Бога… на вечера со Него.

св. Теофан Затворник

Originalen post ...