А , Јас пак ви велам:

љубете ги непријателите свои,

благословувајте ги оние што ве колнат,

правете им добро на оние што ве мразат и

молете се за оние што ве навредуваат и гонат…“

Мт. 5, 44

МОЛИТВА ЗА НАШИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ

Господи Исусе Христе, Ти им прости на Твоите непријатели, зашто не знаеја што прават.

Ти се молам од се’ срце, биди милостив кон оние што ме мразат, што ме навредуваат, хулат и клеветат.

Ти ја испитуваш длабочината на човечкото срце и знаеш дека сум немоќен и грешен.

Поткрепи ме да го очистам моето срце, да ги умножам делата на љубовта кон моите блиски и да не ги огорчувам со ништо.

По Твојата голема милост прости им на моите непријатели; вразуми ги, просвети ги со Твојата вистина за да не се ожесточуваат против мене и да не бидат казнети поради мене.

Добро ми е кога сум во Твојата рака.

, не дозволувај да загине ниту еден од моите непријатели, но сите да се обрнеме кон Тебе, кон Твојот мир и да бидеме Твои верни чеда, зашто Ти си единствен Благословен во вечни векови.

Амин!

Повеќе ...