Title : Тоа го прави совеста! (Свети Јован Златоуст)

Тоа го прави совеста! (Свети Јован Златоуст)

Example User · 7 months ago

ЗА СОВЕСТА – Св. Јован Златоуст

„Зошто Бог го поставил во нашите души постојано бодриот и судијата кој не спие – совеста?

Не може да се најде меѓу луѓето судија – толку бодар и буден, како нашата совест.

Наворешните судии и со пари се поткупуваат, и со измама се омекнуваат и од страв се снисходливи, и многу други причини уште има, кои ја изразуваат правдата на нивниот суд – меѓутоа, судот на совеста, на ништо подобно не се покорува:

пари ли ќе почнеш да даваш, ќе измамиш ли,

ќе заплашиш ли, друго ли нешто ќе вршиш – таа ќе ја произнесе својата праведна осуда над гревовната мисла и извршениот грев самиот себе ќе се осуди, макар и никој друг да не го обвинил.

Тоа го прави совеста, не еднаш, не двапати, а многукратно и низ целиот живот – и макар да поминало многу време, таа никогаш не го заборава стореното, но силно нè разобличува и при вршењето на гревот, и до неговото извршување, и по извршувањето!

При самото извршување на гревот, ние сме исполнети од задоволство и не сме така чувствителни, но кога престапот е направен и свршен, тогаш, а особено по исчезнувањето на задоволството, настапува чувството на покајание.

Поради тоа, ве убедувам да ја одбегнувате беззаконата алчност во нејзиниот почеток, ако ли пак ја прифатите, додадете ѝ ги и нејзините семиња во себеси; ако, пак, од невнимателност го допуштиме и тоа – преминатиот во дела грев, да го умртвиме со исповед, со солзи, со самоосудување…“

Source: https://pokajanie.mk/2019/12/25/25501/

Related Posts

Image Description
11 months ago

БEСEДА за Христoвиoт карактeр какo штo гo прoрeкoл Исаија

Кoј имал пoгoлeми права oд Гoспoда, Синoт Бoжји, да вика на зeмјата, вo Свoeтo лoзјe, на бeззакoницитe? Кoј имал пoгoлeми права да ги наврeдува грeшницитe кoи Гo наврeдуваа Бoга и Бoжјиoт закoн. O умилна крoткoст, нeвидeна пoмeѓу луѓeтo! O чиста вoдo планинска штo oд висинитe сe слeваш и мoлчeјќи ја...

Image Description
3 months ago

Што празнуваме во Великата Седмица?

Која е Велика Седмица? Великата Седмица е неделата пред Пасха (од неделата на Цветници па до Велика Сабота) и се нарекува „Велика“, не затоа што има повеќе денови или часови од другите седмици, туку затоа што настаните кои се празнуваат и доживуваат во светите храмови се спасителни за човекот. Како...

Image Description
1 year ago

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

Духoт нeпoмрачeн сo грeв глeда вo нeбoтo и нe глeда грoб; пoмрачeниoт дух сo грeв глeда вo грoбoт и нe гo глeда нeбoтo. Грeвoт и дoбрoдeтeлта управуваат сo духoвниoт вид на чoвeкoт и сeкoј му гo oткрива свoјoт свeт вo прoтивпoлoжба eдeн кoн друг. Грeвoт гo сoбoрува видoт на духoт кoн зeмјата и му г...