…Покажувајте ревност за уште поголеми дарби; а јас ќе ви покажувам уште подобар пат (Кор. 12,12-13).

&

Тој пат е љубовта; која никогаш не престанува, за која во продолжение Светиот Апостол Павле пишува(Кор. 13,1- 13), односно е аскетско-исихастичката димензија на Светата Тајна Свештенство.

Така, во се` да растеме во Оној Кој е глава, Христос, од Кого целото тело, составено и склопено и сврзано преку сите дарувани врски, при дејството на секој дел, според силите негови, нараснува за да се изградува во љубов (Ефес. 4, 15-16).

Поставеноста на односот „маж-жена“ од Стариот завет се потврдува и во Новиот завет, но тоа е сега литургиска поставеност со нагласена христоцентрична дијалектика, која и овој пат ја забележуваме во веќе спомнатиот иконичен опис:

Вие жените, покорувајте им се на мажите како на Господа, зашто мажот е глава на жената, како што е и Христос глава на Црквата и Он е спасител на телото.Но како што Црквата му се покорува на Христа, така и жените да им се покоруваат на своите мажи во се`.

Вие мажите, сакајте ги жените свои како што Христос ја засака Црквата и се предаде Себеси за неа, за да ја освети, очистувајќи ја со водна бања преку Словото; та да ја претстави пред Себе како славна Црква, која нема осквернение, или порок, или нешто слично, туку да биде света и непорочна.

И така, мажите се должни да ги сакаат своите жени како што ги сакаат своите тела; оти, кој ја сака жената своја, тој се сака и самиот себеси. Зашто никој никогаш не го намразил телото свое.

Туку го храни и го стоплува, како и Господ Црквата, бидејќи ние сме членови на неговото тело – од Неговата плот и коските Негови.

&

Поради тоа човекот ќе го остави татка си и мајката своја, и ќе се придружи кон жената своја, та обајцата ќе бидат една плот. Оваа тајна е голема. Но јас ви зборувам за Христа и за Црквата (Ефесјани, 5,22 – 32).

Црквата е во светот, но не е од овој свет. Овој свет, како што вели Светиот Апостол Јован (1 Јов. 5,19), лежи во зло.

Овој свет се откажа од Христос и Го распна и со тоа себеси се осуди на самоуништување и Апокалипса.

Овој свет е затемнет и заробен во вителот на страстите кои пренасочени и злоупотребени станале втора човекова природа.

Отпаднат во грев, овој свет е долина на солзи и страдања, мака, лицемерство, лага, превознесување, насилства, отстапништво, заборав и смрт.

Ова е свет на суета, раскол и поделби. Затоа, се` што е во светот – похотта на телото, желбата на очите и гордоста на животот – не е од Отецот, туку е од овој свет (1 Јов. 2; 12).

Но, тоа не значи дека не постои онтолошки дуализам меѓу Црквата и светот. Со воплотувањето Христово онтолошкиот дуализам е надминат.

Постои само етички дуализам; меѓу „новиот“ и „стариот“ човек, меѓу „светото“(спасеното) и „профаното“ (демонизираното).

На „стариот човек” му е потребно исцеление. Но, во секоја терапија постои некој ред. Затоа, хиерарскиот ред и поставеност на нештата во Црквата вообличени во Светите канони – во „периодот на Иконата”, а кои за своја основа ја имаат Светата литургија – се апсолутно потребни и непроменливи.

Светата Троица, нашиот Бог, Кој го предвиде и нашиот пад и Кој ја познава нестабилноста на нашата природа и начинот на нашето исцелување, така благоволи.

извадок од…

Originalen post ...