Ако заборавиме на смртта, ќе умреме, ако не ја заборавиме смртта, ќе живееме, ќе бидеме живи во вечни векови.

Оној кој постојано мислел на смртта никогаш се нема симнато од умот, ниту пак, згрешил на Бога.

Што значи, смртта е наш добар сопатник, добар пријател и голем советник. Да не се плашиме од неа и да не ја забораваме.

Постојано најголемата мудрост во животот нека ни биде смртта. Таа никогаш нема да ти влее зло.

Постојано ќе ти вели: пази се од гревот, човеку, бидејќи ќе умреш. Таа ти ја кажува најголемата вистина. Зошто? Бидејќи постојано ќе ти вели дека ти си само минувач, ќе умреш и ќе застанеш пред Бога, да ги израмниш сметките за сѐ што си мислел и за сѐ што си направил.

Што вели Александар Македонски, големиот философ, кој философијата за душата и смртта ја изучува од античкиот философ Аристотел, кога го покорил Персиското царство и го победил Дариј и Египетското царство, заземајќи ги царствата крај Еуфрат и Воз и останатите царства. Доаѓале при него философи и велеле:

-Ваше височество, Дариј има многу злато, скапоцени камења, палати, а неговата сабја е во облик на осмоаголник и нејзината дршка е украсена co два и половина килограми скапоцени камења и позлатена. Дојди да ја видиш!

А тој, пак, им одговарал:

-Ако е смрт, ништо не е! Што ќе правам во битка co Дариевата сабја? Еве, во раката држам лесна сабја, брза како молња. Тоа ќе е парада, ако ја понесам и ставам на коњот, за да види народот како блеска на појасот

-Дојди, цару и земи jа жената на Дариј, бидејќи тој побегна и го обесија двајца воини.

-Кој го обесил Дариј? Кој дозволи да го обесите, оти jаc не наредив да се обеси!

Реков да го земеме царството, а него да го оставиме да живее, бидејќи тој би ги освоил останатите царства и би поминал понатаму.

Други, пак, му викале:

-Земи една од неговите ќерки, бидејќи тој има најубави ќерки на овој свет! Има две ќерки. А Александар Македонски одговорил:

-Немојте да ги носите да ги видам, бидејќи ќе ви ги пресечам главите. Зар мене, кој покорив толку многу народ, да ме зароби женската убавина?

Овој цар умрел во 35 година, неоженет и отруен. Птоломеј и Сенека, неговиот секретар, Антиox и Никанор и Византиј му го велеле следното:

-Ваше височество, ништо не ти е важно: ниту златото, ниту убавината!

-He! Ако е смрт, ништо не е.

Затоа и кога умрел, кога ги победил сите царства, кога видел дека му дале да го испие слаткиот отров, рекол:

-Денес испив чаша слатка и горчлива!

-Што се случува, ваше височество?

-Умирам!

Се собрале философите, генералите, царевите. и тој им рекол:

-He ce плашам од смртта! Верувам во едниот Бог, како што ме научи еврејскиот архиереј, кога ja покорив Палестина. Тој ми кажа дека Бог е еден.

-Како се вика вашиот Бог? – го запрашав архиерејот.

-Еден е Бог, Кој ги создаде небото и земјата. Неговото име е Саваот!

-Што значи Саваот?

-Господ над војските.

-Дали управува и co војските долу, на земјата?

-He ce грижи, ваше височество! Он управува co небесната војска. Co Hero не можеш да се мериш! Нему јас My ce поклонувам.

Така Александар Македонски Го познал Бога и започнал да биде милостив. Кога требало да умре, го запрашале генералите:

-Ваше височество, од што да го направиме гробот? Од мермер? Од злато? Од скапоцени камења, од рубин, од оникс? Сите скапоцени камења ги наброиле.

А тој, пак, одговорил:

-Ако е смрт, ништо не е! Да не ми правите гроб од злато или скапоцени камења.

Туку да ми направите гроб и ковчег од камен, и да не ме облекувате во златни облеки. Туку,едноставно, како обичен човек.

И да направите два отвори на ковчегот, едниот од левата, a другиот од десната страна.

-Зошто да ги направиме?

-Тука да ги протнете моите раце и да ги оставите празни, сите да видат дека ништо не земав co себе по смртта.

Дали ja гледате, браќа, мудроста на царот Александар Македонски. Да не помисли некој дека нешто понел co себе по смртта.

Што им вредело на египетските фараони, што во своите пирамиди натрупувале неброено злато и сребро?

Други ќе ги пронајдат и музеите ќе се збогатат! И колкава е користа од тоа? Дали го понесоа co себе?

He! Знаете ли што понеле co себе? Добрите дела! Ако ги чинеле – тогаш биле мудри.

Ho, и египетските фараони ја пазеле големата мудрост за смртта. Тие имале еден човек, кого го плаќале, a ce нарекувал човекот на смртта.

И кога фараонот пиел, јадел и се веселел, доаѓал овој слуга co една отсечена глава, ја ставал на масата и велел:

“Цару, јади, пиј и весели се, но спомни си оти ќе умреш!”

Да завршиме, иако за смртта имаме многу да зборуваме, особено на овие црнорисци, бидејќи ние монасите имаме големи ветувања пред Бога, и постојано мислиме за смртта!

Бидејќи смртта не го одбира младиот, стариот, та не бара ниту лична карта, ниту војна книшка. He гледа дали си мирјанин или монах, дали си подготвен или не си.

Пресветиот Бог да ни помогне кога ќе ги затвориме очите, да не нѐ најде неподготвени!

Пренесено од книгата “Голем е Бог” од старец Клеопа

Подготви Мина Даниловска

Повеќе ...