ЦЕЛИВОТ НА МИРОТ?!

„…Во нашиот современ, крајно индивидуалистички и егоцентричен пристап кон Црквата, овој обред неизбежно се восприема како празна „форма”.

Навистина не го знам човекот што стои спроти мене во црквата; не можам ни да го љубам, ни да не го љубам,затоа што ми е„непознат” и според тоа – нико].

Толку сме исплашени од оваа празна форма, толку крајно „искрени” во нашата индивидуалност и егоцентричност, саможивост, што го забораваме главното.

Забораваме дека во повикот да се „поздравиме еден друг со свет целив” не зборуваме за нашата лична, природна, човечка љубов, со која, всушност, неможеме да љубиме некој „непознат” што се’ уште не станал „нешто” или „некој” за нас, туку за љубовта Христова, за нејзиното вечно чудо што се состои токму од фактот дека таа го преобразува непознатиот (а секој непознат, во краен случај, е непријател) во брат, без оглед дали има или нема важност за мене и за мојот живот;
дека самата цел на Црквата е совладување на ужасното отуѓување што во светот го внесе ѓаволот и што се покажа како негов погубител.

Забораваме дека в Црква доаѓаме за оваа љубов, која секогаш ни е дарувана во собранието на браќата…“

(Извадок од „Светата Тајна на Единство – Александар Шмеман)

Originalen post ...