Title : Успешна донаторска акција за комплетирање на Парохискиот културен центар во Сиденхам

Успешна донаторска акција за комплетирање на Парохискиот културен центар во Сиденхам

Example User · 5 months ago

    0 minutes, 4 seconds


На 29 август 2020 г., на црковната сметка за изградба на Парохискиот културен центар при Соборната црква во Сиденхам, пристигнаа паричните средства собрани од донаторската акција „Completion of the Sydenham Church Hall“ организирана на празникот Илинден од Горан Ристевски – Dj Mangal.

На илинденската донаторска акција, дарителите македонци од Мелбурн и Викторија, но и од другите Австралиски држави, донираа $31,972.

Донираните средства ќе се употребат за набавка и инсталација на систем за ладење и греење во Парохискиот културен центар во Сиденхам.

Голема благодарност кон организаторот на акцијата г-дин Горан Ристевски (Dj Mangal) и кон сите што со своите донации ја поддржаа акцијата.

Господ да ви дарува духовни и вечни дарови!

Од Канцеларијата на Австралиско-новозеландската епархија

Source: https://www.mocdanz.org.au/mk_MK/%d1%83%d1%81%d0%bf%d0%b5%d1%88%d0%bd%d0%b0-%d0%b4%d0%be%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%be%d1%80%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%b0%d0%ba%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%

Related Posts

Image Description
6 months ago

Нов Закон за свештениците во Турција

Министерството за образование и верски прашања на Турција воведе  измена на законодавството за Грчкото православно свештенство. Новиот закон стапи на сила на 1 март 2013 година. Православните свештеници во Турција, кои се во клирот на Цариградската Патријаршија, сега материјално-финансиски ќе...

Image Description
6 months ago

Ново издание на нашата Епархија

НОВО ИЗДАНИЕ НА НАШАТА ЕПАРХИЈА Со Благослов на надлежниот епархиски архиереј, Митрополитот Петар, излезе од печат книгата „Историја на Плетварско-беловодичката парохија при Прилепското архиерејско намесништво – Преспанско-пелагониска епархија“. Книгата претставува историски осврт на животот и фунци...

Image Description
3 months ago

ЕКСКЛУЗИВНО: Вселенската Патријаршија ќе ја повика МПЦ во канонско единство!

ЕКСКЛУЗИВНО: Вселенската Патријаршија ќе ја повика МПЦ во канонско единство (03.10.2020 11:39) Вселенската Патријаршија нема намера да отстапи од процесот за решавање на црковното прашање во Македонија, туку напротив, и покрај сите притисоци и закани од Руската Црква и нејзините поддржувачи во Грциј...