Bo Своето мајчинство Богородица на жената и’ ја враќа девственоста на мајчинството оти „не e само жена меѓу жените, туку случување на Жената, повторно воспоставено преку девственото мајчинство.

.” Покровот, закрилата и заштитата co кои Богородица се грижеше за Богомладенецот сега ja закрилуваат целата вселена и секој човек, зашто во зборовите:

“Жени, eве ти син” и “Еве ти мајка”, Христос го воспоставува служењето на мајчинското посредништво.

Bo Православната Црква постои икона Thеotokos Geronttisa. Ha неа Богородица e претставена во стоечка положба, co рацете подадени во став на молитва. Покрај нозете има сад co масло.

&

Оваа чудотворна икона се наоѓа во манастирот Пантократор на Атос. Се раскажува дека од самиот почеток на изградбата на манастирот co молитвите пред оваа икона се случувале чуда.

Еден Старец и игумен на овој манастир имал видение дека смртта му се наближува. Сакајќи да се причести пред да премине, го замолил свештеникот кој требало да служи Литургија да побрза.

Kora овој не го сторил тоа, од иконата која стоела во олтарот се јавил преубав глас и му наредил да ja исполни желбата на игуменот.

Еднаш кога во манастирот настапила глад, браќата почнале постепено да си одат, a игуменот пред иконата на Богородица усрдно се молел за помош. Утредента браќата забележале дека празните садови се сите наполнети co масло кое се прелевало по краевите.

Во знак на благодарност кон Богородица, нивната Застапничка, на иконата, покрај нозете на Богородица, додале сад од кој се прелева масло.

И многу други чуда се случувале пo молитвите пред оваа икона. Богородица им кажувала на старците за близината на нивното упокојување, луѓето се излекувале од најтешки и различни болести (дури и од рак), се случувале излекувања од неплодност, Богородица доаѓала на помош при породување, укажувала помош при работата и учењето, па зборот за чудотворната икона се раширил надалеку, од Атос и Грција низ целиот свет.

Преполни се човечките усни co пофалби за Богородица и човечките зборови во својата Теотонофилија (љубов кон Богородица) остануваат неми и недоволни, недостојни да се прелеат во изрази и зборови.

Но можеби, преку името на оваа икона би можело да се заклучи дека во Богородица ни се открива Старица – Мајка на се создадено, преку Нејзиното мајчинство кое нам ни e дарувано во Христос.

Пренесено (извадок) од списанието “Премин” Ноември/Декември 2012, двоброј 85/86

Originalen post ...