Title : За Духовното сонце (Преподобен Симеон Нов Богослов)

За Духовното сонце (Преподобен Симеон Нов Богослов)

Example User · 3 months ago

Преподобен Симеон Нов Богослов

Бог од почетокот создал два света – видливиот и невидливиот,
и царувајќи над невидливиот, кој ги носи во себе карактеристичните црти на двата света – едниот со својот видлив, и другиот, со невидливиот дел, – во душата и во телата.

Во овие два тела греат две сонца, – видливото и невидливото.
И она што е материјално сонце за видливиот свет, тоа е Бог за невидливиот свет, – Бог , Кој се именува – „Сонце на Правдата“.

Материјалниот свет и се` што е во него – е осветлувано од духовното сонце – од Сонцето на Правдата.

Материјалниот свет се осветлува со видливото сонце, а духовниот – од духовното; едното и другото осветлување не се мешаат и не се сливаат во едно меѓу себе – ни духовното со материјалното, ни материјалното – со духовното.

Од се ` што е видливо и духовно, Бог, само човекот го создал со двојна природа. Тој има тело, кое е составено од четири стихии, чувство и дишење, – и душа духовна, не материјална, не телесна која е соединета неискажливо и неиспитливо, сорастворена не слеано,
и соединета непомешано со она што е во телото.

И еве, тоа е човекот – живо смртно и бесмртно суштество,
материјално и духовно,
видливо и невидливо,
телесно и духовно, создание со духовни особености.

Како што двете сонца разделено дејствуваат , секое во својот свет, така дејствуваат тие на секоја страна на човекот; едното сонце го осветлува телото, а другото – душата.

И едното и другото сонце од својата светлина ги осветлува и едното и другото, богато или оскудно, според тоа колку тие можат да примаат.

Материјалното сонце е видливо, но тоа самото не гледа; духовното сонце можат да го видат достојните, а тоа ги гледа сите што не можат да го видат.

Материјалното сонце не зборува и никому не му дава сила и способности да говори, а духовното сонце и самото им говори на своите пријатели и на сите луѓе им дава способности и сили да можат да говорат.

Материјалното сонце греејќи ја земната градина, само ја исушува со топлината на своите зраци влагата на земјата, а не ги храни и не ги унапредува растенијата и семињата;
а духовното сонце грее во душата и ги пројавува истите дејствувања: ја исушува влагата на страстите, очистувајќи ги нечистотијата и смрдеата кои произлегуваат од нив, а на духовната земја и дава подобрување со тоа што и ја дава божествената благодат со кои се прехранува и наситува и постепено на неа, малку по малку, напредуваат сите добродетели.

Материјалното сонце кога ќе изгрее, го осветлува ,
материјалниот свет и се ` што е во него: луѓето, животните, растенијата и се` друго што е во светот; над сето тоа еднакво ја просипува својата светлина; царува напладне, а потоа заоѓа и ги остава во темнина сите места над кои греело и светело.

А, духовното сонце, такво изгреало, секогаш грее, секогаш свети, става се` во се`, а истовремено се одделува од своите твари и неодделно, одделно живее од нив, зашто е се` во се`, и никаде не е само во своите твори, така што да не биде и во други места.

Тоа е целото во се` што е видливо и невидливо, целото е секаде присутно и никаде не е целото исклучително.

Христос е почеток, средината и крајот.

Он е и во првите и во вторите – во средните и во последните, како што е во првите, така е и во последните.
За Него, нема разлика меѓу нив.
За него „нема веќе ни Јудејци, ни Елини, ни роб, ни слободен; нема машки пол, ни женски; зашто сите вие сте , едно во Христа Исуса“.

(Гал. three, 28).

Извадок од ДОБРОТОЉУБИЕ (том V)
Подготви: М. Даниловска

Source: https://pokajanie.mk/2020/04/26/27456/

Related Posts

Image Description
11 years ago

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

За големото мнозинство на верни луѓе Великиот Пост - тоа, пред се, е кратката молитва, позната под името молитва на Ефрем Сирин, еден од источните христијански учители од ИВ век на нашата ера. Оваа молитва се повторува на крајот на секоја великопосна богослужба, верните ја читаат дома, во својата по...

Image Description
1 year ago

Зошто крадеш?! Старец Клеопа

Си бил некој човек кој бил научен да краде. Барем да бил сиромашен, но не! Тој бил домаќин, имал добра, побожна жена, и деца. Имал волови, имал овци, коњи, свињи, говеда, живина, земја, овоштарник, лозје, но бил лошо воспитан при своите родители, та не бил сит, сè дури не би изел нешто крадено. Такв...

Image Description
2 years ago

Нов парохиски свештеник во Црковната општина „Свети Никола “ во Кабрамата, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

  Со благослов на надлежниот архиереј на Австралиско – сиднејската епархија, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј, во мисија на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија на Австралиско тло, односно во Авст...