ЗА ИСУСОВАТА МОЛИТВА

Да читаме и да се научиме да ја кажуваме молитвата.

Сто илјади други молитвени зборови не можат да ги заменат овие пет зборови:

„Господи Исусе Христе, помилуј ме“.

Тоа е славословие, благодарење,

молебен, исповед, богословие, исповедање.

„Таа молитва е сѐ“ (св. Симеон Солунски).

&

Можно е јас да не ја разбирам, но Бог ја разбира. Најважно е Тој да ја разбира. Да ја кажуваме таа молитва. Таа е многу лесна.

Ако се заинтересирате, ќе видите, дури и после каратко време како ќе ѝ се посветите, во рок од еден месец вашето срце ќе игра од радост.

Нема човек кој од Бога барал нешто, а Бог тоа да не му го дал; во спротивно Тој не би бил Бог.

Кога Му велиме: „Боже мој, дај ми ја молитвата, положи ја во моето срце“, зар Тој нема да ја всели таму?

Во нашето срце ќе донесе пријатност, мир, празнична атмосфера, солзи, сѐ.

Ќе видите дека со овие зборови ќе го стекнете сето она што го сакате, на земјата и на небото.

Со оваа молитва ќе ви се даде сѐ она што Бог ќе ви го даде, сѐ тајно и сѐ јавно.

Со неа ќе станеш совршено извежбан војник, без да го сфатиш тоа. Зошто велам „совршено извежбан војник“?

Затоа што потребно е да се извежбаме во молитвата, а Бог како мираз ќе ни ја даде непрестајната молитва, која доаѓа од светителите на Црквата, апостолите и Самиот Христос.

Кога, не мислејќи на ништо друго, ја изговараме молитвата, Светиот Дух ни го дава мирот, „ги зацврстува нашите мрежи“ и така стануваме смирени и слободни луѓе, што значи дека ништо не ни пречи, дека ништо не нѐ загрижува.

Старец Емилијан

Originalen post ...