ВОСПИТУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА ЗАПОЧНУВА ОД МОМЕНТОТ НА НИВНОТО ЗАЧНУВАЊЕ

Воспитувањето на децата започнува од моментот на нивното зачнување. Ембрионот во утробата на мајката и слуша и чувствува. Да, слуша и гледа co очите на мајката.

Ги сфаќа нејзините движења и чувства, и покрај тоа што неговиот ум не е развиен. Ако се помрачува мајчиното лице, се помрачува и неговото. Штом се нервира мајката, се нервира и тоа.

Тоа доживува се’ што чувствува мајката: тага, болка, страв, агонија и сл. Ако мајката не го сака ембрионот, ако не го љуби, тогаш тоа чувствува и во неговата душичка се создаваат трауми, кои го придружуваат во текот на целиот живот.

Спротивното се случува кога мајката има свети чувства. Кога таа има радост, мир, љубов кон ембрионот, истите таинствено му ги предава, како што се случува и co родените деца.

Затоа мајката треба многу да се моли за време на бременоста и да го љуби ембрионот, да си го гали стомакот, да чита псалми, да пее тропари, да живее свет живот. Тоа е и за нејзина полза, но co таквото однесување прави жртва и заради ембрионот, за да биде и детето посвето и уште од почетокот да стекне свети основи.

Гледате ли колку деликатна работа е за една жена да носи дете во утробата? Колкава одговорност и чест!

Ќе ви кажам нешто во врска co ова и за други живи бесловесни битија, па ќе разберете малку. Во Америка го спроведуваат следниов експеримент:

Во две исти простории, co иста температура, исто напојување и иста земја, засадуваат цвеќиња. Ho, постои една разлика. Во едната просторија пуштаат мирна и благопријатна музика.

Кој е резултатот? Што да ви кажам! Цвеќињата од таа просторија манифестираат огромна разлика во однос на другите. Тие се поживи, нивната боја е поубава, а нивниот развој е неспоредливо поголем.

Пренесено од книгата “Животот и словата на старец Порфириј Кавсокаливит”

Повеќе ...