Си бил некој човек кој бил научен да краде. Барем да бил сиромашен, но не! Тој бил домаќин, имал добра, побожна жена, и деца. Имал волови, имал овци, коњи, свињи, говеда, живина, земја, овоштарник, лозје, но бил лошо воспитан при своите родители, та не бил сит, сè дури не би изел нешто крадено.

Таквиот човек многу пати имал пречки co својата сопруга. Неговата добра сопруга му велела:

-Море човеку, и стомната не оди многу пати на вода. Оти ќе биде срам во селото ако те фатат при кражба: сите ќе те осудуваат бидејќи крадеш, a имаш сè што ти е потребно.

Зошто крадеш?

-Жено, не можам, ако сè уште не земам од тој и тој големопоседник, од тој и тој човек, од тој и тој газда…!

Еднаш, во месецот јули, месечината била полна на небото и било ведро како по ден.

Тој се вратил од нивата и ги видел полињата полни co снопја пченица.

И што си помислил? “Ex, колку ќе биде добро да донесам една кола ваква пченица кај мене”. А пченицата била убава.

Дошол дома, ја подготвил колата и коњите, зел jаже за врзување на снопјата, ставил
малку сено за коњите и зелена трева во колата и во ниедно време во ноќта кога, како што велат селаните, спијат и птиците, ја зел co себе само ќеркичката од три-четири години.

На девојчето секогаш му се допаѓало да оди co колата на својот татко.

-Тато, ќе ме повозиш ли co колата?

-Ќе те повозам!

Ho нејзината мајка рекла:

-Седи дома!

-He! – и девојчето заплакало.

-Пушти ја! Девојчето сака да слуша како одат коњите, татко и’ да ja вози во колата.

Ho тоа било Божја промисла и Божја грижа.

И дошол човекот на нивата да краде снопја. Едната нива била покрај некоја голема шума, co селски пат на крајот од шумата. Тој ги повлекол коњите заедно co рудата во правец на излезот од нивата, ги симнал уздите од устите на коњите и им дал да јадат.

Девојчето останало во колата.

Надвор имало месечина, ведро и се гледало добро на голема далечина. И отишол во нивата овој човек, според професија крадец уште од детство, и почнал да гледа на сите страни: и лево и десно, и напред и назад.

И гледал така, но зошто се вртел? Да не види некој чувар на нивата. Но тој си велел во себе:

“Дури и кога би бил, сега спие под некое дрво, оти е ниедно време во ноќта”. За тоа време девојчето гледало од колата како нејзиниот татко гледа на сите страни, и ваму и таму, и се чудела во својот ум, како наивно дете, зошто така гледа нејзиниот татко.

Откако се уверил дека нема никој и дека никој не го гледа, зел неколку снопјa пченица и дошол до колата.

Девојчето, преку кое проговорил Светиот Дух, го запрашало СВОЈОТ татко:

-Тато, ти нешто заборави!?

-Чедо татино, а што сум заборавил?

-Ти нешто заборави! Гледаше на сите страни, ама заборави да погледнеш нагоре!

-Што рече?

-Зошто ти не погледна и нагоре?

Ho девојчето не рекло така за да го укори својот татко. Тоа мислело дека, можеби, така е добро, ако се гледа на сите страни, да се погледне и нагоре. Но тоа, пак, човекот многу го чинело.

-Како, како ми рече?

-Тато, јас помислив дека треба да погледнеш и нагоре!

И стравот Божји толку го укорил човекот, така што ги вратил снопјата назад, ги оседлал коњите и ги впрегнал, ги ставил уздите на коњите, го ставил девојчето во колата и co празна кола се вратил дома.

И така стигнал дома. Жената знаела дека никогаш не си доаѓа празен. Или ќе украдел тикви или пченка или пченица или нешто друго, и секогаш си доаѓал натоварен. Ho види, овој пат останале уште два-три часови до зората, a тој се вратил празен.

-Е, човеку и ти си готов! На крајот и ти настрада!

-Жено, уште колку и да ми преостанаа денови, повеќе нема да крадам!

-Добро ти направиле! Те фатија! – таа си мислела дека него го фатиле

– Те фатија ли? Нели ти реков. Ете, домаќин во кражба!

-Море жено, никој не ме фати.

-He верувам. Те фатиле! Инаку зошто се врати празен?

-Повеќе нема да крадам, па уште колку и да ми се денови преостанати!

-Ама, што ти се случи?

И тој покажал на девојчето и рекол:

-Поради девојчето.

-А што ти направи девојчето?

-Поради неа повеќе нема да крадам во вечни векови.. Бидејќи Светиот Дух говореше преку нејзината уста.

-И што ти рече девојчето?

-Јас отидов во нивата, како што имам обичај, и пред да почнам да ги носам снопјата, погледнав лево, десно, напред, назад. Девојчето ме виде од колата и кога се вратив ми рече:

“Тато, ти нешто заборави; заборави да погледнеш и нагоре”.

-Тогаш си помислив: колку сум луд. Бог ми зборува преку устата на девојчето дека требаше најнапред да погледнам нагоре, бидејќи ако погледнев нагоре, повеќе не ќе беше потребно да гледам десно и лево, или напред, бидејќи од Окото на Вишниот никој не може да се засолни.

Божјите очи, како што вели Соломон, се милион пати посветли од сонцето, и нема место кое Божјото Сезнаење не го посетува. Исто како што ни вели и апостолот: Божјото знаење навлегува сè до разделување на духот и душата (спореди co Евр. four, 12), не само до разделба на телото и душата.

Човекот е икона на Пресвета Троица.

Тој има ум, слово и дух. Дух во вид на светлосни зраци, кои се во срцето; co нив човекот е поголем од ангелите. Бидејќи ангелите не се создадени според ликот и подобието Божјо, туку само човекот.

Човекот е жива икона на Света Троица на земјата, има ум, слово и дух. Умот е ликот на Отца, словото е ликот на Христа, а животворниот дух е ликот на Светиот Дух.

Значи, сè дотаму навлегува знаењето Божјо, до разделувањето на духот и душата, и никој не може co ниту една помисла да се скрие од сезнаењето на Творецот.

Овој Свет Дух го посетил овој човек со стравот Божји, и си помислил:

“Од сега повеќе не ќе крадам во вечни векови, сè дури сум жив.

И напротив, ќе отидам да се исповедам и да извршам епитимија за сè што сум сторил во животот, бидејќи ако уште еднаш отидам да крадам, треба најнапред да погледнам нагоре.

И ако погледнам нагоре, толку ми е доволно, да не можам да крадам во вечни векови., бидејќи од Окото на Вишниот никој не може да се скрие”.

И повторно ви велам: Почетокот на мудроста е стравот Господов.

Тој е темелот на сите добри дела. Мудроста има два кpaja:

првиот е стравот Божји, а највозвишениот е љубовта кон Бога, бидејќи секое добро дело започнува од стравот Божји и завршува во љубовта Божја, која е врската на совршенството и највозвишеното добро дело.

Бог славен во Троица, Отецот, Логосот и Светиот Дух, Троица едносуштна и неразделна, и Неговата Пречиста Мајка и сите светии нека ни бидат на помош, за да не го заборавиме стравот Божји и да ги пазиме Неговите заповеди.

Амин.

Пренесено од книгата “Голем е Бог” од Старец Клеопа

Повеќе ...