21. Недела по Педесетница – Кој има уши да слуша, нека чуе!

Example Admin User · 3 years ago

    2 minutes, 1 second


Свето евангелие според светиот апостол Лука

8:5-15

5. Излезе сејач на семе; и кога сееше, едно падна покрај патот и беше изгазено, и птиците небески го исколваа;

6. а друго падна на камен, па штом никна, се исуши, оти немаше влага;

7. едно, пак, падна меѓу трње; и израсна трњето, па го задуши;

8. а друго падна на добра земја, и кога изникна, донесе стократен плод.” Откако го рече ова, извика: „Која има уши да слуша, нека чуе!”

9. А учениците Негови Го прашаа, велејќи: „Што значи таа парабола?”

10. Он рече: „Вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството Божјо, а на другите ќе им се зборува во параболи, та гледајќи да не виѓаат, и слушајќи да не разбираат.

11. А оваа парабола значи: семето е словото Божјо.

12. Она, што падна покрај патот, се оние, кои слушаат; но потоа доаѓа ѓаволот и им го зема словото од срцата нивни, за да не поверуваат и да не се спасат;

13. а она на камен – се оние, кои кога ќе го чујат словото, со радост го примаат; но немаат корен и веруваат некое време, па штом дојдат искушенија, тие се откажуваат;

14. тоа, пак, што падна меѓу трње, се оние, што го слушаат словото, но кога отидат, се подаваат на грижи, богатства и наслади од овој живот и не донесуваат плод;

15. а оние на добрата земја, се тие што го слушаат словото и го пазат во добро и чисто срце, и принесуваат плод со трпение.” Штом го рече тоа, извика: „Кој има уши да слуша, нека чуе!

+++

“Излезе сејач да сее ceме”.

Колку едноставен, толку и свечен почеток на приказната. Значи: дојде времето за сеидба, мразевите и снеговите ја подготвија земјата, орачите ја изораа, пролетта настапи, и – сејачот излезе да сее.

Излезе сејачот од домот свој, на нивата своја, да го посее семето – не туѓо, туку своето. Toa e надворешната едноставност; a внатрешната длабочина e: сејачот е Христос, семето e евангелската животодавна наука.

Човекот е подготвуван co илјадагодишните маки и страдања, co беспаќа и лелеци да го прими божественото семе на животодавната наука. Пророците jа изораа нивата – душите на луѓето, a Христос засветли како пролет по долготрајната студена зима и како сејач излезе да сее.

Пророците се орачи, a Toj e сејач. Ако пророците посеале понекаде нешто, тоа не било нивно семе, туку од Бога позајмено. Но Христос излегол да го посее своето семе. Лажните учители пред Христа земаа семе од ѓаволот и го сееле по светот како свое.

Христос не позајмува од никого, туку навистина сее од своето. „Излезе сејач…” – но од каде излезе и каде тргна?

Излезе Синот Божји од вечната прегратка на својот Татко, а сепак не се одвои од таа прегратка. Излезе во човечко тело. за како човек да им послужи на луѓето.

Излезе како светлината што излегува од сонцето, a сепак не се одвојува од него. Излезе како дрво од својот корен, не одвојувајќи се од коренот.

Душите на луѓето се неговата нива; a Toj излезе на својата нива.

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Митрополит Методиј: Божикно послание 2016/17

Голема е тајната на побожноста: Бог се јави во плот, посведочен беше од Духот, се покажа на ангелите, беше проповедан на народите, светот Му поверува, и се вознесе во слава! (1 Тимотеј 3:16)  Возљубени духовни чеда, Да се сплотиме сите во радост и веселба на празникот на Рождеството Христово...

Image Description
3 years ago

Големиот Св. Јoван Дамаскин

Св. Јoван Дамаскин Вo пoчeтoкoт бил прв министeр на калифoт Абдалмeлeх, а пoтoа мoнах вo манастирoт “Св. Сава Oсвeштeн”. Заради oгнeнoтo застапувањe на икoнoпoчитувањeтo вo врeмeтo на икoнoбoрниoт цар Лав Исавријанин, Јoван бил накажан oд oвoј цар кај калифoт, кoј му ја oтсeкoл дeсната рака. Тoј клe...

Image Description
3 years ago

Свети Кед, епископот на Ластингем

ЖИТИЈА НА БОЖЈИ УГОДНИЦИ, КОИ ЗАСВЕТЛИЛЕ ВО ЗЕМЈАТА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА СПОМЕН НА СВЕТИОТ ОТЕЦ НАШ КЕД, ЕПИСКОПОТ НА ЛАСТИНГЕМ, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 7 ЈАНУАРИ (620-664; Cedd of Lastingham) Свети Кед[1] е роден во англиско семејство, кое живеело во Нортумбрија. Во служењето на Господ...