31 Недела по Педесетница – Исусе, помилуј ме! За жал, вакви сцени и денес се повторуваат безброј пати

Example Admin User · 2 years ago

    0 minutes, 55 seconds


31 Недела по Педесетница

„40. Исус застана и заповеда да Му го доведат. И кога оној се приближи до Него, го праша,

41. велејќи: „Што сакаш да ти направам?” Тој рече: „Господи, да прогледам!”

„….Но тука станува збор за еден, и тоа за оној’што бил попознат во градот, за Вартимеј. Овој слепец не само што бил слеп, туку бил и сиромав, оти се вели:

„Седеше крај патот и просеше”. Просењето e занимање на голем дел од слепите во светот. Дали може некој да не го види прстот Божји во тоа што меѓу сиромасите најголем e бројот на слепите во светот?

Бидејќи слепиот сам не гледа, него треба што повеќе другите да го гледаат. Така тој служи за жива опомена на луѓето, Божја опомена.

Богатиот слепец кој слепува во своите четири ѕида, e двоен слепец, зашто ниту самиот гледа, ниту пак e гледан, та останува неполезен и за себеси и за другите.

Сиромавиот слепец e принуден да се движи меѓу луѓето заради питање. И така Вартимеј седеше, како и секогаш, крај прашливиот пат и бараше милостиња од минувачите.

„И штом чу дека покрај него врви народ, праша: Што e тоа?” Во тоа време многу народ одеше по Христа. И шумот на одењето на масата го чу Вартимеј co својот изострен слух, којшто, како што e познато, поради слепилото се засилува.

„My кажаа дека минува Исус Назареецот. Тогаш тој извика и рече:

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
2 years ago

ПЕДЕСЕТНИЦА – Роденденот на Црквата! (Го славиме најголемото чудо на овој свет!)

Беседа на Педесетница на Свети Јустин Ќелиски На Спасовден што прославувавме? Го прославивме Господ  Исус Христос Којшто со Телото воскресна и се вознесе на Небесата. Што  ни кажа Господ со тоа? Господ со тоа  ни кажа дека нашето тело, моето и твоето и секое тело, ќе воскресне од...

Image Description
3 years ago

Крст и босилок

Босилокот (босилек, базилик, василикос) или царско цвеќе, е познат по неговата пријатна миризба, лековити својства, особено по неговата употреба во црквата. Постојат повеќе видови на босилок, широколистен, ситнолистен, светогорски (повеќегодишен), лилјаков итн. Најчесто се...

Image Description
3 years ago

Седумте ефески момчиња (4/17 август)

Сторијата со седумте свети момчиња од Ефес е една од најфасцинантните. Приказната говори за седум млади момчиња со имиња Максимилијан, Ламвлих, Мартинијан, Јован, Дионисиј, Егзакустодијан (Константин) и Антонин, коишто живееле во средината на 3 век, за време на владеењето на императорот Декиј (249-...