Митрополит Струмички Наум: Како да станеме богати до синовство (06.12.2020)

Example User · 3 years ago

    1 minute, 34 seconds


Zvonko.sv.Vasa10

Митрополит Струмички Наум:
Како да станеме богати до синовство (06.12.2020 12:40)


„На некој богат човек нивата му беше родила многу; и мислеше во себе, велејќи: ’Што да направам? Немам во што да ги соберам плодовите свои‘. Па рече: ’Вака ќе направам: ќе ги урнам амбарите свои и ќе соѕидам поголеми, и таму ќе го соберам сето свое жито и сите свои добра, и ќе ѝ речам на душата своја: душо, имаш многу добра, приготвени за многу години; почивај, јади, пиј и весели се!‘“ (Лука 12, 16–19).


Ова што го прочитавме во евангелското четиво за денот, начинот на кој богатиот размислува, е верен опис на менталното заболување – растројство на личноста, односно на начинот на кој размислува и дејствува еден пасивен социопат. Во неговите мисли и чувства нема место за оние што страдаат од немаштија и од други телесни и душевни страдања, туку само за себе, за своето его и за своето добро.


„Но, Бог му рече: ’Безумниче, ноќеска ќе ти ја побарам душата твоја; тоа што си го приготвил, кому ќе остане?‘ Така бива со оној што собира добра за себе, а не се богати во Бог“ (Лука 12, 20–21). Бог ги дава најточните дијагнози, така што пасивниот социопат најточно го опишува како – безумник.  
Како навистина да станеме бог(ати)? Знаеме дека Господ се поистоветува (дури и најмногу) со секој еден страдалник. Затоа, секогаш кога од својот вишок ќе му помогнеме на еден од овие најмали Христови браќа што страдаат, ние не собираме за себе, туку се богатиме во Бог.
Така, никој не може да се нарече богат, односно подобен на Бог, без да ги збогатува и другите околу себе – пред сѐ, во духовна, но и во материјална смисла на зборот.
Доколку, пак, му помогнеме на страдалникот, од она малку што само за нас останало и сме го чувале, односно доколку на Бог Му дадеме сѐ што имаме, тогаш Бог ќе нѐ направиме синови Негови по благодат; достоинство пред кое секое богатство од овој свет изгледа... не изгледа.


            Пресвета Богородице, спаси нас!


P.S. Не заборавајте дека без конкретно да помагаме на оние што страдаат, а имаме можност – нема Причест! Од оваа обврска не може да ве ослободи никој, па ни Ангел од небото.


Митрополит Струмички Наум

Извор: МПЦ-ОА

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/besedi/23723-mitropolit-strumichki-naum-kako-da-staneme-bogati-do-sinovstvo-06-12-2020

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

За силата на смртта и на крстoт Христoв

За силата на смртта и на крстoт Христoв Свeти Атанасиј пишува: “Чија смрт билo кoга ги изгoнила дeмoнитe? И oд чија смрт билo кoга сe плашeлe дeмoнитe какo oд срмтта Христoва? Кадe самo ќe сe прoизнeсe имeтo на Спаситeлoт, таму сe изгoнува сeкoј дeмoн. Кoј вo таква мeра ги скрoтил душeвнитe страсти...

Image Description
3 years ago

Епископот Антаниски г.Партениј: Повик на покајание за злоупотребата на интернетот

     Слово на Неговото Преосвештенство, Епископот Антаниски и Игумен на Свештената Бигорска Обител г. Партениј, изговорено на Вечерната богослужба за празникот Усекновение на Чесниот Претеча, петок, 29 август/11 септември 2020 лето ГосподовоБлагоговејни и чесни отци,Преподобни бр...

Image Description
3 years ago

КАКО ОДАТ РАБОТИТЕ… Митрополит Наум

Како одат работите… Ѓаволот, полека но сигурно, го гради апокалиптичниот свет на илузијата. За таа цел најчесто ги користи таканаречените јавни личности или разни селебрити, како медиуми, односно преносители на неговата илузија, кои станаа урнек според кој целиот свет се сообразува. Колку поголема...