Митрополит Струмички Наум: За лепрозниот Самарјанин (20.12.2020)

Example User · 3 years ago

    1 minute, 58 seconds


TVITer581

Митрополит Струмички Наум:
За лепрозниот Самарјанин (20.12.2020 )

Десетмината лепрозни Го молат Господ Исус Христос и бараат исцеление, а Он им вели: „Отидете и покажете им се на свештениците!“ (Лука 17, 14). Христос на сите им го покажува најпрво патот на смирението и на послушанието.

Деветмината Јудејци тргнуваат да одат според ним позната мисловна, религиозна и општествена шема – повеќе по навика, додека Самарјанинот тргнува поради новиот однос на лична доверба и послушание кон Христос.

Бидејќи деветмината лепрозни одат по позната и својствена ним мисловна шема, иако им се случува нешто ново – сите се очистуваат од лепрата, односно го добиваат дарот на очистување на енергијата на умот, сепак, никој не се восогласува со новата состојба. А целта што се промашува е Самиот Христос.

Самарјанинот, пак, кој не е роб на никаква шема и затоа отворен кон новото, не продолжува да ја следи воспоставената шема, туку ја следи новата состојба, односно се врати и најнормално Му се заблагодари на Христос.

Благодарност, по очистувањето на енергијата на умот, значи користење на светлината на очистената енергија на умот за согледување на сопствените гревови (не за осудување); значи чистење на срцето од страстите, активирање на благодатта на Крштението и пронаоѓање на местото на срцето, соединување на енергијата на умот со неговата суштина во срцето, т.е. враќање кон Христос во нашето срце и принесување благодарност Нему таму. Значи, давање...

Исто така, и повеќето христијани, на почетокот од духовниот живот, со помош на првата благодат, ја очистуваат енергијата на својот ум, но не успеваат да продолжат по патот на духовниот развој – и поради неодлучната борба со своите страсти, и поради погрешната мисловна религиозно-општествена шема што ја усвоиле и на која се програмирани, без да се свесни за тоа.

Значи, покрај личните гревовни шеми што ни ги всадува моделот на живот што овој свет ни го наметнува, меѓу христијаните постојат и колективни несвесни гревовни шеми, односно ереси, што никако не смеат да се прифатат.

Главната колективно несвесна гревовна шема што на верниците им се всадува во срцата е шемата на поистоветување со овоземните форми на човечко организирање – надвор од Црквата, односно одрекувањето од христијанскиот идентитет и болното поистоветување со државата, нацијата и партијата, и нивните цели и интереси, како и ставање на Црквата во служба на тие цели и интереси. Затоа СПЦ не ја признава Македонската Православна Црква – ОА.

Тоа е таа лепра, т.е. внатрешна нечистотија што треба да се очисти и од нашето духовно срце, како и од целата душа, без што нема отворање на срцето за умно-срдечната молитва, а има религиозна невроза и религиозна социопатија.

Пресвета Богородице, спаси нас!

Митрополит Струмички Наум

Извор:МПЦ-ОА

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/besedi/23770-mitropolit-strumichki-naum-za-leprozniot-samarjanin-20-12-2020

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Митрополит Струмички Наум: Различни блаженства (19.12.2020 )

  Митрополит Струмички Наум:Различни блаженства (19.12.2020 17:50) Слушајте ги блаженствата внимателно, за да ја забележите разликата: „Кога го виде народот, Он се искачи на планината; а штом седна, учениците Негови се приближија до Него. И кога ја отвори устата Своја, ги поучуваше и говореше:...

Image Description
2 years ago

Митрополит Струмички Наум: Воскресение Христово (01.05.2021)

Митрополит Струмички Наум:Воскресение Христово (01.05.2021 ) Во беспочетниот почеток на сѐ беше Ипостасот на Словото и Словото беше во Бог и Отец – од Кого предвечно се раѓа, и Словото беше Бог – Син Божји, едносуштен и еднославен со Отецот. Тој и во почетокот без почеток, и при создавањето на свето...

Image Description
2 years ago

Митрополит Струмички Наум: За мачеништвото (10.12.2021)

За мачеништвото (10.12.2021 17:13)(Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици)Активирањето или актуaлизирањето на благодатта на Крштението во нашето духовно срце вообичаено се случува на два начина: или со чинот на самото Крштение или голем (долг) временски период потоа. Постојат и вонредни н...