Ретроспектива (2005-2020):Aрхангел Гавриил

Example Super-Admin User · 3 years ago

    2 minutes, 30 seconds


лого

Aleksandar.N.sv.Martinijan2

Св. Архангел Гавриил е служител на Божјата сила и семоќност и известител на најдлабоките спасителни Божји тајни. Неговто име значи „сила Божја“. Имено, на архангел Гавриил му се припишува учеството во настаните од видението на Јоаким до возвестувањето на добрата вест на Ана. Подоцна, откако светата Дева на четиригодишна возраст била одведена во храмот, архангел Гавриил ја поучувај и секојдневно и’ носел храна во деветиот час, во продолжение на 12 години. Светата Црква го воспева како служител на чудото (Благовештението) и затоа го изобразува со сина наметка со рајска гранка во рацете, која тој и’ ја дал на Божјата Мајка, а понекогаш го изобразува со фенер во десната рака, во кој гори свеќа, а во левата – со огледало од јаспис (символ на тоа дека Божјата промисла останува скриена за нас до времето на нејзиното исполнување, но и по нејзиното исполнување разбирлива е само за оние кои внимателно гледаат во огледалото на својата совест и вникнуваат во словото Божјо).

Според Светото Писмо тој се смета за ангел-чувар на избраниот народ.

Се спомнува во канонските книги:

Дан. 8, 16 и 9, 21;

Лк. 1, 9 и 26.

Беше испратен од Бога ангелот Гавриил … (Лк. 1:26)

Кога светиот пророк Даниил се удостоил од Бога со пророчко видение за иднината на светот и бил во недоумица што означува тоа, го слушнал гласот Божји: “Гаврииле, објасни му го тоа видение!” (Дан. 8;16). На друго место, пророкот говори: „Гавриил кого го бев видел во поранешното видение, долета брзо, се допре до мене во времето на вечерната жртва, ме вразуми, говореше со мене и рече: “Данииле, сега излегов за да те научам да разбираш.“ (Дан. 9; 21-22).

И навистина светиот предвесник на тајните Божји сè му објаснил на пророкот Даниил и, просветлувајќи го, му дал да разбере за седумдесете седмици, по чие истекување ќе се роди Спасителот на светот.

Подоцна светиот Архангел Гавриил бил пратен од Бога да му предвести на Захарија за раѓањето на Јован Претеча, а на Пресветата Дева Марија и’ го претскажал раѓањето на Спасителот од Неа (Лк. 1:5-38). Тој, исто така, на жените мироносици им ја објави радосната вест дека Христос воскресна.

“Овој Архангел, според мислењето на богомудрите мажи, бил испратен да Го укрепи Спасителот во Гетсиманиската градина и да и’ предвести на Богомајката за нејзиното сечесно успение. Затоа, Црквата го нарекува служител на чудесата” – пишува свети Инокентиј, архиепископот Херсонски (Цит.соч., стр 7).

Неговиот спомен се слави на 8. април (26. март – стар стил) и 29. јули (13. јули – стар стил).

Aleksandar.N.sv.Haralampij

О, велики Архангеле Божји Гаврииле! Ти и’ благовести на Пречистата Дева Марија за зачнувањето на Синот Божји. Извести ме и мене грешниот за страшниот ден на мојата смрт, и умоли Го Господа Бога за грешната моја душа, да ми ги прости Господ гревовите мои, и да не ме задржат ѓаволите на митарствата за гревовите мои.

Свети Архангеле Божји Гаврииле, радост неизречива од Небото на Пречистата Дева Марија и’ принесе! Исполни го со радост и веселба серцето мое, со гордост преогорчено, и заштити ме од сите беди и тешки болести, сега и секогаш и во сите векови. Амин.

Свети Архангеле Гаврииле, благовести ми радост и спасение на душата моја. И моли Го Бога за мене, грешниот. Амин.

Извор: За Ангелите, демоните и митарствата според свети отци на Църквата – Сливенски митрополит Иоаникий

Архангел Гавриил

https://maranata01.wordpress.com/2010/04/13/a%d1%80%d1%85%d0%b0%d0%bd%d0%b3%d0%b5%d0%bb-%d0%b3%d0%b0%d0%b2%d1%80%d0%b8%d0%b8%d0%bb/?fbclid=IwAR2w-x1I5z6vquEdj34tstelQ8KLzuypIGC5s6imNJ2NAOCBTj_cZH1y3xM

TVITer270

П.П. 2018-03-25 08:33:25

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost-2/zhitija/24075-2005-2020-a

Share:

Example Super-Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
2 years ago

A залуден е сиот наш ум каде што е потребно видение…! (Омилии)

Светските статистики точно знаат колку милијарди луѓе живеат на Земјата денес. Од тие милијарди живи луѓе ниту еден не знае да каже што ќе се случи co светот на крајот од времето и што ќе стане co нас по смртта. И сите оние милијарди и милијарди човечки суштества кои живееја на Земјата пред нас исто...

Image Description
2 years ago

Игумен Трифун: Поднесување испитанија

 (Обновено) Поднесување испитанија Поднесување испитанија: Без страдање, не може да се прифати КрстотВо споредба со вечноста, испитанијата преку кои страдаме во овој живот се само една цртичка на метарот. Многумина претрпуваат губење на работата, болести, запленување на имотот и разни други пре...

Image Description
3 years ago

Јеромонах Димитриј Першин: Времето на овој гнил свет

  Пештера на откровението, Патмос Времето на овој осиромашен свет ќе помине кога, според зборовите на Спасителот, љубовта ќе осиромаши… Никакви светски катаклизми и социјални немири, војни и епидемии не се дораснати пред претсмртната дијагноза: љубовта ќе осиромаши… Луѓето ќе се отуѓат, дури и...