Страстите се училиште на добродетели - паѓајки се учиш да стануваш

Example Super-Admin User · 2 years ago

    7 minutes, 19 seconds


TVITER641

Страстите се училиште на добродетели - паѓајки се учиш да стануваш

Секогаш кога го гледам ликот на преподобната Марија Египетска, мислам, дека страстите никогаш нема да не напуштат, туку се преобразуваат и трансформираат. Залудно се камшикуваме за да ги искорениме. Потребно е, со помош на Благодатта, нашите душевни  сили да ги насочиме кон доброто, светото, кон Бог. Преподобната Марија никогаш не престанала да биде длабоко вљубена жена. Но таа ја насочила нејзината љубов и нејзина љубовна сила, кон Христос. Ова е тајната. Не војувајте со темнината во вас, туку направете простор за да влезе Светлината.  
                                                                                           ***
Се поклонуваме на Крстот, но не го живееме како егзистенцијално откритие на себепринесување и жртва. Секојпат, кога се распнувам во љубовта, ја разбивам и смртта во мене. Затоа што смртта е страв, затвореност, беспомошност да го отворам моето срце кон другиот и кон Него.
                                                                                             ***    
Денеска на Утрената, размислував дека книгите и проповедите се многу добри, но да се разбереме, на крајот единствената проповед ни е начинот на кој живееме.   
                                                                                            ***
Многумина, во пространството на религијата чувствуваат еднa вознемирувачкa “фиксираност” за гревот. Се плашат да не направат грев. Всушност, станува збор за преименување на нивниот страв од животот. Тие се плашат од животот. Бидејќи животот содржи ризици, нема сигурност и го потресуваат пресврти. И најчесто сакаме да ги контролираме настаните, себеси, другите, Самиот Бог. Меѓутоа, тој што живее  греши и ќе греши како создаден и смртен човек. Како што вели старецот Емилијан Симонопетриски: „Страстите и искушенијата се лоши, но и добри. Тоа се патишта кои не водат до Бога. Тие ни даваат животно искуство.  


                                                                                            ***
Само демонот е очиледен, повторувачки, досаден и крајно формален. Божественото е неверојатно,различно,вкусно, звучно и исклучително слатко. Тоа не се повторува. Не заморува. Никогаш никого не досадува или прекорува. Затоа, оние луѓе  кои можат да ја живеат убавината на моментите се благословени. Оние кои можат да уживаат во едноставни нешта се благословени. Блажени се оние кои секојдневно живеат ново откровение на животот, кое само по себе е откривање на една убава тајна
                                                                                          ***

Сите размислуваат какви  подароци  ќе купат  овие денови: најдете едно срце во самотија и почувствувајте го.
                                                                                        ***
Го бараме чудото на исцелението. Тоа е човечко и разбирливо. Но,помислуваме ли дека да се соочиш со болеста со трпение и надеж е најголемото чудо?
                                                                                       ***
Христос не сака да не исцели без да не научи како да бидеме здрави. А за тоа е потребен труд, трпение и пред се време. Поентата не е да се исцелиме во одреден случај или да се надмине одредена препрека во нашиот живот, туку да научиме да живееме прекрасно и целосно. Да  живееме, а не да преживуваме.
                                                                                      ***
Простувањето значи да кажеш збогум! На минатото што те повредило, и да направиш место за другиот во себе, во името на Христос.
                                                                                      ***
Блудницата, разбојникот, митарот и многу други грешници и отпадници од светот, денеска ги сретнавме во пеењето на Големиот канон. Не знам зошто, но ги чувствувам толку блиску кога ги гледам спомнати во црковните текстови. Очигледно затоа што и јас се чувствувам неуспешно, рането, немоќно и осакатено од животот. Тоа се пеколно измачени души кои мирисаат на Рај. И оваа година, уште еднаш, го почувствував нивниот мирис, мирисот на оној кој знае да губи, да се покае и да се смирува, да се менува и живее без страв. На оној кој низ животот покажува дека многупати неуспехот не е проклетство, туку можност.
                                                                                      ***
Многупати ме прашувате со тие ваши длабоко вознемирени очи: „Каде е таа Божја благодат за која слушаме и читаме? Па, во вашето трпение и храброст, таму е Благодатта.
                                                                                     ***
Во нашите најголеми „гревови“ има добродетели, а во нашите „добродетели“ често има многу гревови. Или, како што рекол Пол Елијар: „Во најмрачните очи се затворени најсветлите (очи).“
                                                                                  ***
Чудото со умножувањето на петте леба не е ништо друго освен вистината дека тоа што се дели се множи. На крајот на краиштата, ова е љубовта што нè радува кога знаеме да го споделиме она малку без страв дека ќе го изгубиме. Малку станува многу, само кога се споделува.
                                                                      
Отец Харалампиј  Пападопулос


За Преминпортал Симеон Стефковски


Извор otecharalampos.wordpress.com

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/duhoven-azbuchnik/24758-strastite-se-uchilishte-na-dobrodeteli-pagjajki-se-uchish-da-stanuvash

Share:

Example Super-Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

За значењето на празникот „Успение на Пресвета Богородица“ (28.08.2016)

Историјат на празникот Православната Црква на 15/28 август го празнува земниот крај на Пресвета Богородица и Нејзината смрт ја нарекува „Успение“ – раскошен термин кој во себе ги соединува сонот, блаженството, мирот, спокојството и радоста. Самиот лик на Богомајката објавува бескрајно спасение, сос...

Image Description
3 years ago

ВИТЛЕЕМ – ГРАТЧЕТО КАДЕ ШТО СЕ РОДИ ХРИСТОС

  ВИТЛЕЕМ – ГРАТЧЕТО КАДЕ ШТО СЕ РОДИ ХРИСТОС Витлеем (дом на лебот) (1. Мој. 35:19, Михеј 5: 1, Мат. 2: 1, Рут 1: 2) се нарекува и Витлеем на Ефрат. „2. И ти, Витлееме Ефратов, иако си најмал меѓу илјадниците Јудејци, од тебе ќе излезе Оној, Кој треба да владее во Израилот и чие потекло е...

Image Description
3 years ago

Ретроспектива (2005-2020): Вистината за православието

  ВИСТИНАТА ЗА ПРАВОСЛАВИЕТО Николај Берѓаев     Христијанскиот свет малку го познава православието. Ги знае само надворешните и, главно, негативните работи на Православната Црква, но не и внатрешните, духовни ризници. Православието било затворено, лишено од духот на проз...