Title : Свети Винок, игуменот од Вормхулт

Свети Винок, игуменот од Вормхулт

Example User · 3 weeks ago

    0 minutes, 1 second


СПОМЕН НА ПРЕПОДОБНИОТ ОТЕЦ ВИНОК, ИГУМЕНОТ ОД ВОРМХУЛТ, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 6 НОЕМВРИ

(640-717; Winnoc of Wormhout)

Преподобниот Винок,[1] за кого житијните податоци говорат дека по потекло е Британец, бил потомок на кралско семејство. Своето детство тој го поминал во Бретанија, како и многу други тогашни деца, кои на континентот пребегнале во времето на саксонските напади. Од свети Бертан бил замонашен во манастирот во Ситје, па заедно со уште тројца сопатници, бил испратен да основа манастир среде Морини, во областа Вормхулт, во околината на Дункерк. По основањето на манастирот, тој бил поставен за прв негов игумен и им ја донесол Благата Вест на жителите на овој крај. Името на свети Винок фигурира во многу средновековни англиски календари. Најверојатно, во негова чест е наречено и местото Сает-Винов, во околината на Лоствитил.

Свети Винок во иконографијата е насликан како игумен, кој во своите раце држи мелница, а во подножјето има скиптар и круна. Околу него се сликаат црква и мост, а некогаш е насликан и заедно со свети Бертан.

Свети Винок е прославен како заштитник на мелничарите, а молитвено е повикуван од болните кои имаат треска, болните од грло и кога е сушен период.

Православната Црква неговиот спомен го прославува на 6 ноември според Јулијанскиот календар.


[1] Винок (древноанглиски) = победник.

Source: https://blagovesti.wordpress.com/2021/02/08/%d1%81%d0%b2%d0%b5%d1%82%d0%b8-%d0%b2%d0%b8%d0%bd%d0%be%d0%ba-%d0%b8%d0%b3%d1%83%d0%bc%d0%b5%d0%bd%d0%be%d1%82-%d0%be%d0%b4-%d0%b2%d0%be%d1%80%d0%b

Related Posts

Image Description
2 weeks ago

Свети Гутлак од Кроуленд

СПОМЕН НА ПРЕПОДОБНИОТ ОТЕЦ ГУТЛАК, ПОДВИЖНИКОТ ОД КРОУЛЕНД, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 11 АПРИЛ (673-714; Guthlac of Croyland) Преподобниот Гутлак[1] бил син на Мерсискиот кнез Пенвалд и неговата жена Тета, кои потекнувале од кралскиот дом на Иклинзите. Како мало дете се одликувал со...

Image Description
1 day ago

Прилепскиот вероучител – Канадски Златоуст

ПРИЛЕПСКИОТ ВЕРОУЧИТЕЛ – КАНАДСКИ ЗЛАТОУСТ Проверувајќи ги архивските материјали на Прилепската гимназија меѓу двете војни, меѓу списоците на професорскиот кадар од Гимназијата, како и во извештаите од работата на Гимназијата, сретнав едно име, кое во мене предизвика љубопитност да научам неш...

Image Description
1 month ago

ПРЕП. ГАВРИЛ СВЕТОГОРЕЦ ЕПИСКОП ВЕЛИЧКИ

ПРЕПОДОБЕН ГАВРИЛ СВЕТОГОРЕЦ ЕПИСКОП ВЕЛИЧКИ Епископот Велички Гаврил е роден во 1926 година во Штип од Православни родители Методиј ( подоцна, со монашко име, Кирил) И Горица Парнаџиеви.Уште како млад се карактеризирал со посебна кротост и послушност. Во учењето бил остроумен и со посебен наследе...