Тешко му на внатрешниот човек од надворешниот! (Преподобен Исихиј)

Example Admin User · 2 years ago

    2 minutes, 34 seconds


Како што не може сонцето да сјае без светлина, така ни срцето може да се очисти од нечистотата на помислите без молитвата на Христовото име.

А, ако е ова вистина, како што гледам Јас во својот личен опит, тогаш да го повикуваме ова Име толку често – колку што дишеме.

Зашто тоа е светло, a демонските помисли се нечисти и мрачни. Исуса, Кого Го повикуваме е Бог и Господ, a тие – лошите мисли – се демонски слуги.

171. Запазувањето на умот е прилично и достојно да го именуваме светлосно, како молња, извор на светлина и на оган. Зашто навистина само тоа е над сите телесни добродетели, колку и да ги има.

Затоа и треба оваа добродетел да ја нарекуваме co највозвишени имиња, заради светлините што се раѓаат од неа.

Оние што ja засакале неа, тие од најголеми грешници, нечисти, непросветени, неразумни и неправедни – стануваат co силата на Господа Исуса Христа – праведни, добри, чисти, свети и разумни.

И не само тоа, туку почнуваат и да ги созерцаваат тајните Божји и да богословствуваат.

Откако почнале да созерцаваат, тие се преселиле при пречистата и безгранична Светлина и се допираат до Hero co неискажливи допири, co Heго живеат и дејствуваат, зашто вкусиле колку е благ Господ”, зашто на овие првоангели јасно се исполнуваат зборовите на божествениот Давид:

“Праведниците ќе го исповедаат името Твое, a непорочните ќе се населат пред лицето Твое” (Псал. 139,14). Навистина, само тие единствени вистински Го призоваваат Бога и My ce исповедуваат и, љубејќи Го, секогаш сакаат co Hero да разговараат.

172. Тешко му на внатрешниот човек од надворешниот, зашто внатрешниот многу претрпува од надворешниот – од надворешните сетива.

Ho, откако претрпи нешто, тој е должен да ги употреби против нив соодветните камшици. Откако ќе го направи тоа што е напишано, тој ќе го разбере и тоа што треба да се направи и според натамошното умување.

173. Ако е трезен нашиот внатрешен човек, тогаш, според зборовите на оците, тој е силен да го запази и надворешниот.

Според нивните зборови ние и нашите непријатели – демоните – заеднички ги правиме гревовите; тие во помислите и во живописните слики само пред умот го претставуваат гревот, а ние сме тие што грешиме и co внатрешните помисли и co своите надворешни демони.

Демоните, кои немаат земни тела, – и на себе си и на нас маките ни ги подготвуваат само co помисли, измами и искушенија.

Но, ако не беа лишени од земни тела, и тие непрестајно би грешеле и co дела, задржувајќи ја во себе својата грешна волја, која е секогаш готова да греши.

174. Затоа, внатрешната молитва во срцето упатувана кон Господа ги разбива и во пепел ги претвара нивните измами, бидејќи Исус Христос, Бог и Син Божји, Кого ние непрестајно и будно Го повикуваме, никако не го дозволува ни зачнувањето на гревот, не ги допушта ни гревовните слики, ниту поканите за грешење, да бидат одразени во огледалото на нашата душа – во нашите мисли и нашите срца.

А, ако ни една од тие слики не проникне во срцето, тогаш тоа ќе биде празно и од грешните помисли, зашто демоните обично преку помислите скриено разговараат co душата и ја учат како да ги прави злото и гревот.

175. Па така, од непрестојната духовна молитва душевниот воздух во нас се прочистува од темните облаци и од ветриштата на злобните духови.

А кога е воздухот на срцето чист, тогаш веќе нема во него никаква пречка да ја сееме во него Христовата божествена сеидба, ако не се возгордиме co славољубие и не посакаме да го постигнеме недостижливото, па заради тоа бидеме лишени од помошта на нашиот Господ Исус Христос, зашто Он Ја мрази гордоста, оти Он Самиот е образец на смирение.

Преподобен Исихиј, презвитер ерусалимски

Source: https://pokajanie.mk/2022/02/13/33970/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

ДА ГИ ИСПОВЕДАМЕ СВОИТЕ ГРЕВОВИ

  Не ни е доволно да си ги знаеме сопствените гревови и да ги мразиме. Треба и да ги исповедаме нив пред Бога и луѓето. Треба да ги признаеме пред небото и земјата. Да ги изложиме пред целото создание, за да ги оттргнеме нив од нашите таинствени срца. Исповедта е дел од духовниот живот. Всушно...

Image Description
3 years ago

Богородичните празници

Празничниот циклус, посветен на споменот на Пресвета Дева Марија, се состои од следните главни празници: Раѓање на Пресвета Богородица (8/21 септември), Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста (21 ноември/04 декември), Благовештение (25 март/07 април), Сретение или воведување на нашиот Господ в...

Image Description
2 years ago

Подготовка за исповед! (Прв дел)

Схиигумен Сава Псково-Печерски Исповедта – двери за нашето враќање кон црквата Подготовка за исповед Кога ќе почнеш да се подготвуваш за исповед, пред сѐ, испитај ja својата совест, погледни длабоко во своето срце. Погледни до коja мерка е извалкано од гревови. Co Божја помош, потсети се на сите гре...