„Зашто, мнозина се повикани, а малцина избрани.” (Омилии)

Example Admin User · 2 years ago

    3 minutes, 13 seconds


„Тогаш царот им рече на слугите:

Врзете му ги рацете и нозете, земете го и фрлете го во крајната темнина; таму ќе биде плач и крцкање co заби.”

Тој самиот веќе беше си ги врзал рацете правејќи зли дела, и своите нозе самиот беше ги врзал, одејќи по патиштата на беззаконијата.

Уште во овој живот самиот ја одбрал темнината наместо светлината и плачот и чкртањето co заби наместо вечната радост. Тој речиси самиот се осудил на пропаст, а Бог само ја изрекол праведната пресуда.

„Беззаконикот го фаќаат неговите сопствени беззаконија, и врските на гревот негов го држат” (Изреки 5, 22).

Заплеткан и заврзан од своите гревови, во другиот свет грешникот ќе биде уште потешко заплеткан и заврзан.

Таму нема покајание. Врзувањето на рацете и нозете покажува дека таму нема веќе покајание ниту пак можност, човекот да прави какви и да било добри дела заради свое спасение и за влегување во царството небесно.

Целата оваа величествена и пророчка парабола Господ ја завршува co зборовите:

„Зашто, мнозина се повикани, а малцина избрани.”

Ова се однесува и на Евреите и на христијаните.

Малку беа избрани меѓу Евреите, a малку се и меѓу христијаните. Сите ние што сме крстени, повикани сме на царската трпеза, но единствено Бог знае кои се неговите избраници.

Тешко на оние на кои Севишниот цар пред сите ангели и светители ќе им рече:

„Пријателе, како влезе овде, необлечен во свадбена руба?”

Колкав срам, но бесполезен!

Каков ужас, но непоправлив! Каква пропаст, но без враќање!

Всушност, co овие зборови Бог нам ни се обраќа и сега кога пристапуваме кон светиот олтар да се причестиме и co својата душа да се соединиме co Христа.

,Пријателе, како влезе овде, необлечен во свадбена руба?”

Да наслушнуваме co своето срце и co својата совест кога приоѓаме кон чесниот путир. И ќе го слушнеме и ова прашање и овој прекор.

Само што овие Божји зборови сега co себе не повлекуваат плач и чкртање co заби во најкрајната темнина, тоа ќе биде тогаш кога Бог за последен пат ќе ни го каже тоа.

А кој од луѓето може да тврди дека овие зборови Бог нема да му ги каже денес за последен пат во овој земен живот?

Кој може да тврди дека уште оваа ноќ неговата душа не ќе се најде во извалкана облека на гревот во сјајното небесно собрание околу царската трпеза?

Ах, кој од смртниците може да знае дали денешниот ден не е судбоносен за неговата цела вечност?

Само неколку минути одлучија за вечната судбина на двајцата разбојници на крстот.

Тие неколку минути едниот од нив не знаеше да ги искористи, и отишол во најкрајната темнина; а другиот тие неколку минути благоразумно ги искористил, се покајал, го признал Синот Божји и го замолил за свое спасение:

„Спомни си, Господи, за мене, кога ќе дојдеш во твоето царство!”

И во тој миг старата облека на гревот паднала од неговата душа и неговата душа се облекла во сјајна свадбена облека. И покајаниот разбојник co достоинство на избраник се појавил во рајот на царската трпеза.

Затоа, да не го одложуваме покајанието за ниту еден час. Оти секој иден час може веќе да не нѐ вброи во жителите на овој свет.

Да побрзаме да ја очистиме и да ја измиеме својата душа, барем толку колку што го чистиме и што го миеме своето тело, кое денес-утре ќе биде храна на црвите;

Душата да ја чистиме co покајание и co солзи, да ja миеме co пост и молитва, да ја облекуваме co облека исткаена од чистота и љубов и украсена co сите добри дела, а особено co дела на проштавање и милосрдие.

Да направиме барем малку од она што од нас Бог бара, другото Тој ќе го стори.

Кога детето ќе се пожали на мајката за нечистотијата на своето тело, таа брзо го чисти, го мие и го преоблекува.

О, колку е помилостив од секоја мајка

Отецот наш

небесен кон своите деца! Всушност, душата на секој човек е толку нечиста, што самата никогаш не може да се очисти и да се удостои за Божјо присуство.

Но секој човек нека ја согледа својата душевна нечистотија; нека ја замрази од сѐ срце, нека направи барем малку што од него се бара и што е главно, нека воздивне кон Бога за Бог co својот оган и co својот Дух да го очисти.

А Бог стои и чека на такви повици од своите покаени деца, држејќи во рацете најраскошни ангелски облеки, постојано подготвен да очисти, да измие, да зајакне, да ги намириса и да ги облече сите оние кои пискаат кон Hero.

Нека му е слава и благодарност на Семилостивиот Бог наш. Слава и благодарност на небесниот Младоженец на нашите души, на Господ Исус Христос, co Отецот и Светиот Дух ~ на еднобитната и неразделна Троица, сега и секогаш, и во вечни векови.

Амин!

Преземено од книгата “Омилии”

Source: https://pokajanie.mk/2022/02/09/33921/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

ЗА БОЛЕСТИТЕ….

ЗА БОЛЕСТИТЕ…. Исклучива заслуга на светоотечкото учење е своевидната концепција за полезноста на болестите. Што има полезно во страдањето? – во недоумица прашуваат многумина што првпат слушнале за ваков поглед на животот. И навистина, можеби луѓето најповеќе се плашат од смртта и тешките болести....

Image Description
3 years ago

Барала учителка во добродетелта на трпеливоста! (Свети Јован Касијан Римјанин)

184. За ваквата трпеливост сакам да ви дадам барем два примера. Еден од нив е тој што ни го покажала една побожна жена, која сакала да се усоврши во оваа добродетел, па не само што не бегала од искушенијата, туку сакала да ја навредуваат. И колку повеќе ја навредувале, таа бивала се посилна и потр...

Image Description
2 years ago

УТЕХА ДУХОВНА – УЧЕНОСТ СВЕТСКА (Св. Игнатиј Брјанчанинов)

УТЕХА ДУХОВНА • Трпезата на духовна утеха е како храна и воедно како отров! Кој ќе ја вкуси неа, го губи живото чувство за сѐ она за што копнее светот. Сето она што светот го цени, нему почнува да му дејствува како пуст и грозен прав, како смрдлива мрша. • Кога човекот ќе се удостои да почувствува б...