Title : „Блажени се бедните по дух“ – Кои се бедните по дух?

„Блажени се бедните по дух“ – Кои се бедните по дух?

Example Admin User · 1 week ago

Блажени се бедните по дух“ (Матеј 5,3).

Духовната беда е внатрешно самоодрекување.

Преку нејзиното усвојување човекот ги отфрла своите илузорни богатства, она што е толку многу ценето од слепиот и страстен свет.

Тој се откажува од привременото и минливото, од она што станува плен на распадливоста и смртта. Се ослобудва тој од своите страстни врски, и со болка ги откинува од срцето, како црви припиени на раните.

Тој престанува да им верува на своите судови, во кои има лага. Неговата душа личи на пловило од кое додека има невреме се исфрла сиот товар за да не се преплави и да не потоне на дното заедно со сите скапоцености кои се скриени во неговата внатрешност.

Или на борец, ’рвач, кој разголен (осилен) излегува на мегдан (стапува во борба), за противникот да не може да го потегне за облеката и да го фрли на земја.

Беден по дух е оној кој не се надева на себе,
туку на Бога,
не на своите таленти, не во помошта од луѓето,
туку само во Божјата промисла.

На тој начин тој не го отфрла само светот, туку и сликите за светот од својата душа, мислите кои му го заматуваат умот.

Но доколку за надворешната, телесна беда и сиромаштија доволно е само еднаш да се раздаде сиот свој имот, дотолку за духовната сиромаштија е неопходна постојана внатрешна борба со сликите на овој свет.

Човекот никогаш не може да ја исполни оваа заповед совршено, и тоа е пат кој не завршува.

Да се биде ништожен (бедем) по дух значи да се биде со умот, заедно со молитвата во своето срце, и да се растеруват сите мисли кои излегуваат од неговата длабочина.

Да се биде беден по дух значи да Му се служи на Бога во тајноста на молчаливото срце, сиромашно за мислите на овој свет. А спасувајќи се од сопствените мисли, човекот се спасува и од демонот на тагата.

И затоа бедниот по дух секогаш е радосен.

Во срцето на бедниот по дух се раѓа Исусовата молитва.

Во срцето на „богатиот“ со мисли, макар и тие мисли да се блескави и возвишени, молитвата почнува да бега и да гасне.

Блажената беда е – откажување од бештенствените и мислени богатства поради Бога.

Постои и инаква, сатанска беда, а тоа е губењето на самиот Бог. Во таа смисла бедни се демоните: тие имаат сè, освен Бога.

Повеќето од нашите помисли во нас ги сеат темните духови, и токму затоа одбивањето на тие помисли значи враќање на лажниот имот на сиромашните – на демоните,
на оние кои со мечти ја исполнуваат нашата острастена душа и нашиот суетен ум.

Оние кои станале бедни по дух по Бога не треба повторно да го заработуваат отфрленото „богатство“, оти ќе произлезе дека е Сизифов труд;
човекот го носи каменот до врвот, но овој му се истргнува од рацете и повторно се тркала надолу.

Aрхимандрит Рафаил (Карелин)

Source: https://pokajanie.mk/2020/11/21/29943/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
1 week ago

КАКВИ ПТИЦИ СМЕ – ТАКОВ НИ Е КАФЕЗОТ!

Старец Гаврил   ГОСПОД ДОАЃА „Господ доаѓа! Целата вселена трепери пред Него. Наближува крајот на овој материјален свет. Луѓето мислат дека тоа се приказни за мали деца и дека овој свет ќе трае вечно. Но, наскоро на ова ќе му дојде крајот! И вие ќе бидете сведоци на тоа!“ За животот и смрт...

Image Description
3 months ago

Слава Ти, Боже

Старец Никон, од Неа Скити Беседа кон младите (извадок) Видов едно филмско остварување, ми се допадна, не го гледав во кино, не затоа што ќе видев нешто во него што ќе ми наштети, знаев дека ќе видам нешто добро, туку за да не соблазнам некого, нели, треба да мислиме и на...

Image Description
2 weeks ago

Дете со пречки во развојот

Архиепископ на Тирана и цела Албанија, г. Анастасиос Јанулатос На едно предавање во Универзитетскиот амфитеатар, архиепископот на Тирана г. Анастасиос Јанулатос ја кажа следнава приказна: Еднаш една жена забремени во подоцнежна возраст и лекарите ѝ велеа дека треба...