Ете, вака оние што умираат, co нас разговараат…(Свети Ефрем Сирски)

Example Admin User · 2 years ago

    4 minutes, 34 seconds


Некoj од тие што умираат велат:

“Проштевајте, браќа, проштевајте.

На далек пат појдувам, на пат, по кој никогаш не сум чекорел; одам во нова за мене земја, од која никој никогаш не се вратил, во земја непозната и не знам кој таму ќе ме пречека.

Еве појдувам, и никогаш кај вас нема да се вратам.

Тежок е за мене овој час, зашто за него не сум подготвен.

Страшна е оваа ноќ за мене; ме сечат како дрво неплодно.

Тежок е овој пат за мене, зашто немам добар придружник.

Сега гледам колку страшно сум се самоизмамувал кога сум велел:

“Млад сум јас, ќе му се насладувам на животот; таму ќе се покајам. Бог е човекољубив, ќе ми прости.

Така размислував секој ден, и лошо го живеев животот мој.

Me учеа, но јас не слушав и се подбивав.

Го слушав Светото писмо, а еве умирам како да не сум го слушал;

слушав за Страшниот суд, и шеги си правев,

за смртта слушав, и живеев како да сум бесмртен.

И еве, сега сосема неподготвен појдувам и помошник немам.

Ќе ме нападнат бесовите мене непокајаниот и не ќе имам кој да ми помогне и да ме избави.

Колкупати одлучував да се покајам, и пак продолжував да го правам лошото?

Колкупати се приближував до Бога, и пак отстапував од Hero?

Колкупати својата милост ми ја покажувал, и јас од Hero ce оддалечував и продолжував да Го огорчувам!

А сега во безнадежна состојба појдувам.

Воздивнете, браќа, и помолете се за мене. Заплачете и пролејте солзи за мене!”

– Ете, вака оние што умираат co нас разговараат, и јазикот нивни одеднаш: им се врзува, очите нивни се изменуваат, гласот пресекнува и устата занемува.

89. Когa последниот час ќе се приближи, Бог испраќа ангели да ја земат душата и да ја одведат пред Божјиот суд.

Кога ќе ги види дека му се приближуваат, тогаш кутриот човек, било да е тој цар, или властодржец или владетел на целиот свет, се збркува и како од земјотрес се исплашува, трепери како лист од ветар нишан;

се плаши како птичка во раце на ловец.

Потоа се здрвува и се избезумува, гледајќи ги страшните и грозни лица на демоните.

Гледа нешто што никогаш не го видел. Само тој сето тоа го гледа;

кон нас своето внимание веќе не го свртува.

Самиот во себе се моли колку што има сили за тоа.

Од состојбата негова заклучуваме дека гледа духовни сили, тогаш тивко еден на друг си велиме:

“Молчете и не вознемирувајте го оној што на пат далечен појдува; не збркувајте го.

Да молчиме, та co мир да појде душата негова и милост да најде кај Судијата!”

90. Еве, заврши. Го нема. Го заврши својот живот, лежи неподвижен, без дишење и без глас.

– Што е човекот? – Сон и сенка.

Ангелите, кои ја зеле неговата душа, се издигнуваат кон небото, таму каде што се начелствата и властите – управителите на нечистите духовни сили.

Тие се нашите лоши обвинители; овде на земјава тие нѐ соблазнуваат и искушуваат, запишувајќи ги нашите лоши дела, a таму се наши мачители.

Тие ја среќаваат душата на овој нејзин пат, ја набљудуваат и гревовите нејзини ги набројуваат – гревовите на нејзината младост и на староста, волните и неволните, оние направени co дела, зборови и помисли.

О, каков страв и каков трепет преживува таму душата! Неискажлива е маката, која тогаш ја има

душата од множествата на мрачните непријатели, кои тогаш ја окружуваат душата, ja клеветат и не ѝ даваат да го продолжи патот свој кон небото, не ѝ даваат да влезе во царството на животот и да се насели во светлината на живите.

 И така, откако ангелите ја зеле душата, ја водат по патот, кој само на нив им е познат, а ние, откако ќе го исчистиме и подготвиме телото, во гробиштата го носиме и таму co нова и страшна тајна се среќаваме.

Малите и големите, царевите и слугите, господарите и робовите, – сите во прав и пепел се претворуваат, во смрдеа и гниење.

Тогаш сите се еднакви: и благородниците и простите, и младите и старите, и болните и здравите и силните, сите стануваат она што им е определено во почетокот – земја и пепел (cп. 1. Moj. 3,19)

– Разлика никаква нема меѓу нив. – Навистина, голема и страшна тајна стои пред нас!

Гледаме дека разликите на возраста таму се губат, се изменува секоја телесна убавина,

убавината на лицето исчезнува,

пријатната топлина на очите изгаснува,

запечатени се убавите и румени усни, навитканите и сплетени коси изгниваат.

Сѐ се скршило. Говориме и никој од нив не нѐ слуша; плачеме, и никој од нив за тоа ништо не знае.

. Ако ги прашаме оние што лежат во гробовите :

“Каде, појдовте браќа наши?

Каде сте сега и каде е вашето живеалиште? Проговорете!

Сакаме co вас да поразговараме, како некогаш што разговаравме; гласот ваш сакаме да го чуеме!

За нас би било поучно да го чуеме нивниот одговор.

Еве, што тие би ни кажале:

“Ние заминавме, ве оставивме вас, кои уште на земјата живеете. Нашите души се на места, какви што заслужиле.

А она што го гледате пред вас, тоа е правот и смрдеата, што останале од нашето некогашно тело, кое некогаш толку многу сме го сакале.

Тоа е остаток од телата на младичите и на девојките, кои некогаш толку многу сте ги сакале и во прегратките свои сте ги гушкале и бакнувале.

Тие озабени дупки на черепите – вие дење и ноќе сте ги покривале co нечисти и грешни бакнежи.

Овој гној и оваа одвратна влага, тоа се нашите некогашни тела, во чија прегратка на гревот му се предававте

Затоа, внимавајте и сфатете ја потресната вистина:

гушкајќи ги и бакнувајќи вашите сакани, знајте дека прав и пепел гушкате и бакнувате. Знајте дека, кога делови различни на телото нивно бакнувате, смрдеа и гној
бакнувате.

Затоа знајте, кога co љубов кон нив се распалувате, дека предметот на вашите љубовни копнежи се:

црвите, пепелта и смрдеата.

Младичи и девојки, не предавајте и се на заблудата.

He измамувајте се co суетната убавина на младоста; и ние, што сега пред вас лежиме, како изгниени мртовци, некогаш – тогаш кога живеевме, како и вие сега што живеете, и ние лични бевме, убаво се облекувавме, се украсувавме, co скапоцени мириси се мачкавме, сакани бевме и сакавме и на земниот живот му се радувавме, а ете, како што гледате, сето тоа стана кал, прав, пепел и смрдеа.

He измамувајте се веќе; од нас кои живеевме пред вас, a сега телата наши во гробовите ги гледате, и научете се, пазете ја вашата душевна и телесна чистота;

поверувајте дека има праведен Суд и маки без кpaj, дека има непрониклива темнина и маки пеколни, дека црвот пеколен никогаш не спие, дека плачот и чкртањето co заби никогаш не пресгануваат и дека страдањата немаат крај.”

Свети Ефрем Сирски

Source: https://pokajanie.mk/2022/02/20/34063/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Брала учителка во добродетелта на трпеливоста! (Свети Јован Касијан Римјанин)

184. За ваквата трпеливост сакам да ви дадам барем два примера. Еден од нив е тој што ни го покажала една побожна жена, која сакала да се усоврши во оваа добродетел, па не само што не бегала од искушенијата, туку сакала да ја навредуваат. И колку повеќе ја навредувале, таа бивала се посилна и потр...

Image Description
3 years ago

Дете со пречки во развојот

Архиепископ на Тирана и цела Албанија, г. Анастасиос Јанулатос На едно предавање во Универзитетскиот амфитеатар, архиепископот на Тирана г. Анастасиос Јанулатос ја кажа следнава приказна: Еднаш една жена забремени во подоцнежна возраст и лекарите ѝ велеа дека треба...

Image Description
3 years ago

Пофална молитва на царицата Ирина! (Блажениот Августин)

Грчката царица Ирина кога во Цариград била соборена од престолот од страна на омразениот слуга, му се обратила на Бога со следниве зборови: „Ти благодарам Господи, што Ти мене, бедната и недостојна, ме постави на царскиот престол, но бидејќи допушти да бидам соборена од него, тоа го сметам како посл...