Исповед на еден прогонител на Христијаните на смртна постела

Example User · 2 years ago

    1 minute, 51 seconds


3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Исповед на еден прогонител на Христијаните на смртна постела

Од митрополит Нектариј од Арголида

…Дозволете ми да завршам со инцидент кој ми беше раскажан во Одеса пред неколку години, кој е исто така објавен во книгата „Во вителот на светот што се менува– новите маченици од Бердјанск“:

Одеса 2002.

Офкањата на постар пациент се слушаат во одделот на големата државна болница во Украинскиот град. Канцерот е широко распространет. Болките се ужасни. Лековите не се доволни. Буден дење и ноќе, пациентот ја чека смртта како откуп. Многупати го достигнува работ на смртта, но изгледа како рамнодушен. Веќе со месеци е во борба помеѓу живот и смрт. Обичните луѓе би рекле: „Неговата душа никако да излезе“.

Еден ден овој измачуван човек се чинеше како да оживеа. Тој очајно барал свештеник. Неговото семејство отишлп до црквата и побарала од свештеникот да дојде во болницата. Свештеникот, без одложување го посетил пациентот. Бил шокиран од тажното лице на пациентот и неговата состојба, но уште повеќе се шокирал од тоа што го слушнал. Болниот стар човек без никакви воведи и претставувања, како да е притиснат од нешто, почнал да ги расплетува своите маки пред непознатиот свештеник:

„Послушај ме, отче. Бев атеист од мојата младост, војник атеист. Бев член на партијата, се искачив меѓу редовите и еднаш станав командант на реформскиот работнички логор во Сибир. Ги мразев Христијаните, а свештениците уште повеќе. Во логорот имав многу затвореници, архиереи, свештеници, монаси и калуѓерки. Правев сѐ што можев за да им ги отежнам животите. Ги праќав да извршуваат најтешки работи, ги казнував, ги мачев… Еднаш го направив следново: Му наредив на свештенството да ги силува калуѓерките. Сите ме одбија, а архиерејот што ми западна во око се спротивставуваше уште повеќе. Им влијаеше на другите и ги поттикна да не ме слушаат. Многу се налутив! Ноќта го однесов во ладна соба. Му ги соблеков алиштата и го фрлив гол врз масата. Го врзав и го оставив да преноќи. Не, тој не умре од студ. Собата беше полна со стаорци, кои жив го проголтаа. Утрото ги пронајдовме само неговите коски во крвта. Да, правев такви нешта, и поради тоа мојата душа не може да излезе. Сакам да ми простиш“.

Кога свештеникот отишол да го посети повторно наредниот ден, неговиот кревет бил празен. Пациентот починал таа ноќ…

Превод од англиски јазик: Андријан Ѓорѓиев

Православна светлина бр. 57

https://crkvaveles.wordpress.com/2021/05/19/%d0%b8%d1%81%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b5%d0%b4-%d0%bd%d0%b0-%d0%b5%d0%b4%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b3%d0%be%d0%bd%d0%b8%d1%82%d0%b5%d0%bb-%d0%bd%d0%b0-%d1%85%d1%80%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b8%d1%98/

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/odgovori-na-sovremeni-problemi/24298-ispoved-na-eden-progonitel-na-hristijanite-na-smrtna-postela

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

архимандрид Павел Пападопулос: ИСКУШЕНИЈАТА НЕ БУДАТ

  архимандрид Павел ПападопулосИСКУШЕНИЈАТА НЕ БУДАТ   Проблемите и искушенијата што ги имате во вашите животи нека станат ваши скалила кои се издигнуваат до Небесата. Како ќе се случи тоа? Кога преку искушенијата, ќе му се предадете на Бога, кога ќе се соочите со искушението како со...

Image Description
3 years ago

За разликата меѓу еврејската и христијанската Библија

И денес Евреите за своја света книга го имаат само Стариот завет, бидејќи тие Христос не Го препознале и прифатиле како очекуваниот Месија. Постои разлика меѓу нивната Библија и нашиот Стар завет, како по бројот, така и по редоследот на книгите во библискиот список. Нивното Свето писмо, тие го наре...

Image Description
3 years ago

За оние кои се во брак, децата им се и бројаница и метании

Свештеник Јани Мулев (21.09.2013) Светоста Бог ја дава секому според подвигот, според љубовта која ја покажуваме кон Бога и кон ближните, според мерката од нашето уподобување на Бога, според нашето соединување и единство со Бога. Но секако, Бог има предвид уште многу факто...