Митрополит Струмички Наум: Кој може да биде ученик Христов (01.12.2020 )

Example User · 3 years ago

    1 minute, 0 seconds


HRISTOS.KP8

Кој може да биде ученик Христов (01.12.2020 11:35)

Со Него одеше многу народ; а Он се заврти и им рече: ’Ако некој дојде при Мене и не го намрази татка си и мајка си, жената и децата свои, браќата и сестрите, па дури и душата своја, тој не може да биде Мој ученик‘.“

Видете го денешново евангелско четиво (Лука 14, 25–35); што значи тоа да ги намразиме своите најмили? Како тоа, да ги намразиме? Нели требаше да ги љубиме?

Накратко. Да, треба да ги љубиме; но секогаш кога ќе бидеме поставени пред краен избор – Богочовекот Исус Христос или кој било (или што било) од тие што ни се најмили, ние Го бираме Него, а не кој било (или што било) од нив, па дури и да се во прашање сите и сѐ заедно.

Значи, заради Господ Исус Христос подготвени сме да се откажеме од сѐ најмило, но од Него, за никого и за ништо, не се одрекуваме.

Тоа го направиле мачениците, тоа го направиле вистинските монаси, тоа го направиле сите свети.

Во очите на светот тоа изгледа како омраза кон татка си и мајка си, жената и децата свои, браќата и сестрите, па дури и душата своја; да не спомнувам род, народ, татковина и сл. Но, христијанинот најдобро знае дека без вистинска љубов кон Христос не постои вистинска љубов кон никого и кон ништо.

Така и секој од вас, кој не се откаже од сè што има, не може да биде Мој ученик.“

Пресвета Богородице, спаси нас!

Митрополит Струмички Наум

 Извор:

http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=7352

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/besedi/23707-01-12-2020-11-35

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Велики Четврток

ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК „И кога јадеа, Исус зеде леб, го благослови и рече: Земете, јадете, ова е Моето Тело. И како ја зеде чашата, заблагодари, им даде и рече: Пијте од неа сите; зашто ова е Мојата Крв на Новиот завет, која се пролива за мнозина, за опростување на гревовите” (Матеј 26: 26-2...

Image Description
3 years ago

Митрополит Струмички Наум: Како договорени (27.12.2020)

Како договорени (27.12.2020 )„Еден човек приготви голема вечера и покани мнозина; и кога беше време за вечерата, го прати слугата свој да им каже на поканетите: ’Дојдете, оти сè е готово!‘ И почнаа сите, како договорени, да откажуваат...“ (Лука 14, 16–24).Во денешното евангелско четиво гледаме, во...

Image Description
3 years ago

Поради нив светот сѐ уште и постои! – Потсетник за Богојавление (Митрополит Наум)

Потсетник за Богојавление (17.01.2021 16:58) На две вистини да се потсетиме. Прва, на Богојавление за првпат доаѓа до израз Тајната на новозаветното, царско и есхатолошко свештенство – во ликот и делото на свети Јован Крстител. Свети Јован Крстител не е носител на официјалното и институц...