Најлесно е да си Јуда. Велиш дека си пријател, но кога ќе начекаш прилика, не се премислуваш за триесет сребреници, со еден целив да ги предадеш своите луѓе.

Најлесно е да си Пилат. Секогаш кога ќе стане густо и мачно, ти „да си ги измиеш рацете“. Не земаш одговорност ниту за твоите дела, ниту за твојот живот.

Најлесно е да си еден од Книжниците и Фарисеите. За луѓето од светот си почитуван, праведен, чист, но внатрешно, полн со омраза, кражби, лутина, завист, гордост, немилосрдност.

Најлесно е да си толпа. Јудејска збирштина. Да немаш своја волја. Да не преземаш никаква одговорност. Да не си го тераш умот да размислува. Едноставно да бидеш следбеник. Како овца. И да викаш „земи, земи“ да бараш да биде распнат, оној за кого до вчера си зборувал убаво.

Најлесно е да бидеш Варава (Бараба). Да ја градиш својата слобода, твојот живот, на штета на некој друг.

Најлесно е да си разбојникот од левата страна. Дури и тогаш, во твојот последен миг, да не кажеш ниту едно „згрешив“, туку да хулиш, да навредуваш, да осудуваш, да ги исмеваш другите за твоите грешки.

Најтешко е да си Христос. Да се распнуваш секојдневно заради оние кои ги љубиш, и покрај сето тоа, да шепотиш од крстот: „Отче, прости им, оти не знаат што прават“.

Елефтериос Елефтеријадис, православен психолог

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев