Title : Отец Стефан Санџакоски: Образ на кроткоста

Отец Стефан Санџакоски: Образ на кроткоста

Example User · 4 months ago

    2 minutes, 31 seconds Read time


ДенеNikolai (1)с, слава Му на Бога, се собравме со радост да го прославиме празникот на гораздиот отец и учител на светата Црква Христова свети Николај, архиепископ мирликиски и чудотворец. Свети Николај бил едноставен, прост човек, совршен во евангелска смисла на зборот. Затоа е славен во целиот свет. Бил син единец на бележитите и богати родители Теофан и Нона од градот Патара во областа Ликија. Се замонашил во манастирот „Нов Сион“, основан од стрико му Николај, епископот патарски. По смртта на родителите, имотот им го разделил на сиромашните. По промисла Божја бил избран за архиепископ на градот Мир во Ликија. Како пастир со апостолска вера, бил милостив, мудар и храбар. Во времето на прогоните на христијаните од Диоклецијан и Максимилијан, свети Николај бил затворен, но и во затворот ги поучувал луѓето на законот Божји.

Свети Николај присуствувал на Првиот вселенски собор во Никеја во 325 година. Од голема ревност кон вистината, го удрил со рака ересијархот Ариј. Поради тоа бил отстранет од Соборот и од архиерејската служба сè додека на неколкумина водечки архипастири не им се јавиле Христос Бог и Богородица мајка за да им го објават своето благоволение спрема Николај. Чуварот на вистината Божја, свети Николај, секогаш бил решителен заштитник на правдата меѓу луѓето. Човекот што го водел спорот со Ариј бил таткото на светото Православие, великиот александриски отец Атанасиј. Веднаш крај него стоел кроткиот и смирен Николај од Мир. Во тропарот на светителот, Црквата радосно и едномислено пее за свети Николај: „Правило на верата и образ на кроткоста“. Црквата признава дека свети Николај е канон на верата и икона на кроткоста. Како сведок на вистината на светата Црква низ сите нејзини истории, свети Николај ѝ станал образец. Тој станал критериум и пример за сите христијански поколенија. Угледувајќи се на него, со него да се измериме секогаш кога сакаме да ја провериме чистотата и исправноста на исповеданата вера во Богочовекот Христос. Таа вера не смее да биде индивидуална, туку соборна, т.е. вера на целата Црква Божја. И не само канон на верата, канон на вистината, туку и образ на кроткоста станал за целиот негов живот. Тој секогаш ѝ служел на Црквата подобно на Христа Бога. Зашто знаел дека во Евангелието е речено: првите ќе станат последни, а последните први. Ако сакате да покажете и докажете дека го љубите ближниот свој, потрудете се доброволно и со љубов да му станете смирен слуга на братот свој, зашто служејќи му на братот, им служите на Бога и Неговата Црква. Свети Николај се упокоил на 6/19 декември во 343 година. Многутруден и многуплоден, вечно се весели во Царството Небесно без да престане да чудотвори, да им помага на верниците на земјава и да го прославува својот Бог. Амин.

отец Стефан Санџакоски

Од зборникот: Беседи од Калишта, Струга: Рубљов 2000.

Source: http://mistagogia.mk/otec-stefan-obraz-na-krotkosta-sveti-nikolaj/

Related Posts

Image Description
2 months ago

„Непријателот најдобро се поразува со љубезност“ (19. недела по Педесетница)

„Туку вие љубете ги непријателите свои…“ (Лука 6, 31 – 36) Деветнаесетта недела по Педесетница Лакмусовиот тест на љубовта не е дали ги љубиме своите пријатели, туку дали ги љубиме своите непријатели. Еден голем руски светител прашал: „Како знаеме дали човек пребива во Бога и е искрен во својата хри...

Image Description
4 months ago

Свети Ерконвалд, епископот на Лондон

ЖИТИЈА НА БОЖЈИ УГОДНИЦИ, КОИ ЗАСВЕТЛИЛЕ ВО ЗЕМЈАТА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА СПОМЕН НА СВЕТИОТ ОТЕЦ НАШ ЕРКОНВАЛД, ЕПИСКОПОТ НА ЛОНДОН, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 30 АПРИЛ (630-693; Erkenwald of London) Свети Ерконвалд[1] по потекло бил од царското источноанглиско семејство Офи. Скромните жити...

Image Description
2 months ago

22. Недела по Педесетница – За богатиот и сиромавиот Лазар (17. 11. 2019)

Свето евангелие според светиот апостол Лука 16:19-31 19. Еден човек беше богат и се облекуваше во порфир и свила, и секој ден живееше раскошно и се веселеше. 20. Имаше исто така, и еден сиромав, по име Лазар, кој струплив лежеше пред вратата негова; 21. и сакаше да се нахрани со трошките што паѓаа о...