Отечки изреки (5)

Example User · 3 years ago

    0 minutes, 36 seconds


Подобро е да јадеш месо и да пиеш вино, а да не го јадеш братот со клевета.

ава Иперхиј

Имаше еден човек што јадеше многу и сè уште беше гладен, и друг што јадеше малку и беше наситен. Оној што јадеше многу и пак беше гладен прими поголема награда од оној што јадеше малку и се наситуваше.

отечка изрека

Имаше некој што го праша ава Пимен: како треба да се пости? Ава Пимен одговори: мислам дека може да се јаде секој ден, но по малку, да не се биде сит. – А ти, му рече ава Јосиф, кога беше млад, зар не постеше по два дена? – Точно, му одговори старецот, постев и по три дена, и по четири, и по цела недела – и старците, како силни мажи, го проверија сето тоа и откриле дека е подобро да се јаде секој ден по малку, и ни го предадоа нам тој пат, зашто тоа е царски пат, за нас удобен.

Source: http://mistagogia.mk/otecki-izreki-5/

Related Posts

Image Description
3 years ago

Ретроспектива (2005-2020): Да љубиш, без да бараш

                            Да љубиш, без да бараш Денес, зборот љубов е исклучително популарен збор. Гледаме дека во името на љубовта се вршат престапи и други работи к...

Image Description
3 years ago

Ретроспектива (2005-2020): „Зошто православните се крстат поинаку од римо-католиците? (4)

  Прашање: Православните, додека се прекрстуваат, прво го допираат десното, па левото рамо. Римо-католиците, пак, прават обратно: се прекрстуваат од лево надесно. Дали редоследот и страната се важни? Дали воопшто има некаква разлика?Одговор: Точно, православните се крстат оддесно налево. Најпр...

Image Description
2 years ago

Подготовка за исповед (Втор дел)

Исповед Едно од главните дејства на покајанието е исповедта. Откако грешникот ќе се освести, како евангелскиот блуден син, ќе ги испита зборовите и совеста, ќе ги спознае своите гревови, ќе се обрати кон Бога co скрушено и смирено срце, ќе се прекори, осуди и оплаче себеси пред Hero, тој мора искрен...