Пливав во блаженство! – Преподобен Серафим Саровски

Example Admin User · 2 years ago

    3 minutes, 46 seconds


…Цела ноќ си поприкажавме co отец Гуриј за отец Серафим, цела ноќ речиси не спиевме од радост, а следниот ден заминавме кај отец Серафим во неговата блиска пустина, дури и без да јадеме и пиеме;

цел ден до доцна во ноќта, ни јадени ни пиени, поминавме така крај вратата на неговата ќелија.

Илјадници народ доаѓаше кај великиот Старец, и сите заминуваа без да го добијат неговиот благослов, чекајќи некое време во тремот од неговата ќелија, заминуваа да спијат;

околу седум-осум луѓе останаа co нас да го дочекаат крајот на денот и излегувањето на отецот од ќелијата.

Меѓу нив беше, како сега помнам, жената на балахнискиот благајник, од околискиот град на Нижегородската губернија, Балахна, и некоја поклоничка, која цело време возбудено кажуваше за откривањето на Светите мошти на Пафнутиј, кој, се чини, во Балахна, нераспадливо почиваше.

Тие peшијa co нас заедно да го дочекаат отворањето на вратата на великиот Старец.

Ha крајот, и тие се вознемирија, и дури и самиот отец Гуриј, кога настапи веќе доцна вечер, многу се вознемири и ми рече:

– Веќе е темно, баќушка, и коњите огладнеа, и малечкиот кочијаш сигурно сака да јаде.

A ако тргнеме доцна, да не нѐ нападнат ѕверови.

Треба да се познава недопрената Саровска шума, што ја окружува Саровската пустина, за да се оцени нормалниот страв на отец Гуриј.

Но, јас реков:

– He, баќушка отец Гуриј, вратете се вие сами.

Ако се плашите од нешто, а мене оставете макар и ѕверови да ме растргнат овде;

нема Да си заминам од пред вратата на баќушка Серафим, макар и од глад да умрам, сепак, ќе останам да го чекам, додека не ми ја отвори вратата на својата света ќелија.

Навистина, малку после тоа, баќушка
Серафим ја отвори вратата на својата келија и, обраќајќи ми се, рече:

– Ваше Богољубие, ве повикав, но не ми забележувајте што не отворав цел ден, денес е среда и јас безмолствувам, a утре, повелете, ќе ми биде мило да поразговарам co вас.

Но немојте толку рано да доаѓате кај мене, без да јадете цел ден, многу се изнемоштивте.

Ами после доцната служба, поткрепувајќи се co доволно храна, повелете co отец Гуриј кај мене.

Одете сега и поткрепете се, каснете нешто, сосема се изнемоштивте.

И почна да нѐ благословува, почнувајќи од мене, па му рече на отец Гуриј:

– Така, пријателе, така, радост моја, утре со господинот повелете дојдете кај мене на моето пасиште, таму ќе ме најдете; а сега одете во мир.

Догледање, ваше Богољубие!

Со тие зборови баќушката повторно се
затвори.

Никаков збор не може да ја искаже таа радост која ја осетив во своето срце.

Пливав во блаженство. Мислата дека, после долготрпението цел ден, дури на крајот на денот се удостоив не само да го видам

лицето на отец Серафим, туку и да го слушнам и поздравот на неговите Боговдахновени зборови, ме утеши!

Да, бев на височина на блаженство, co ништо земско неискажливо, и, без обѕир на тоа што цел ден ни пиев ни јадев, бев толку сит, како да сум се најал до преситување и сум се напил до разумна опиеност.

Ја кажувам вистината, макар што за некои, кои на себе не осетиле што значи сладост, ситост и занес, co кои се преисполнува човек за време на вдахновување од Духот Божји, моите зборови ќе му се покажат преувеличени и искажувањето премногу воодушевувачко.

Но ве уверувам co совест православно-христијанска дека нема тука никакво преувеличување, туку ете, ова што го кажав не е само чиста вистина туку само многу слаба претстава на она што навистина го чувствував во моето срце.

Ho кој ќе ми даде збор, што ќе може макар малку, макар делумно да го изрази она што го почувствува мојата душа следниот ден?!

Беше четврток. Денот стушен. Едно четврт аршин снег имаше напаѓано на земја, a cѐ уште врнеа густи ситни снегулки кога баќушка Серафим ја започна својата беседа co мене на неговата блиска ливадичка, покрај неговата блиска пустина наспроти рекичката Саровка, крај шумата, што се наоѓаше блиску до нејзините брегови.

Me смести на пенушката од тукушто исеченото дрво, а самиот клекна спроти мене.

– Господ ми откри, – рече великиот Старец, – дека во вашето детство сесрдно сакавте да знаете во што се состои целта на нашиот христијански живот, и дека многу пати сте прашувале за тоа кај многу духовни личности…

Тука треба да кажам дека навистина од дванаесетгодишна возраст таа мисла упорно ме вознемируваше, па се обраќав кај многу духовни лица co тоа прашање, но нивните одговори не ме задоволуваа. Старецот за ова ништо не знаеше.

– Ho никој, – продолжи отец Серафим, – не ви кажа ништо за тоа определено.

Ви велеа: оди в црква, моли се на Бога, држи се до заповедите Божји, прави добро, – тоа ти е целта на христијанскиот живот.

А некои дури и негодуваа дека сте окупирани co небогоугодно љубопитство и ви велеа повозвишени од себе да не барате.

Но не ви зборуваа како што треба.

Еве јас, бедниот Серафим (баќушка Серафим го кажуваше своето име како сите жители на Курск – не Серафим, туку „Серахвим”), ќе ви растолкувам сега во што се состои таа цел.

Молитвата, постот, бдението и сите други христијански дела, колку и да се добри сами по себе, но целта на нашиот христијански живот не се состои во нивно извршување, макар што тие служат како неопходни средства за нејзино достигнување.

А вистинската цел на нашиот христијански живот се состои во стекнување на Светиот Дух Божји.

Пренесено од книгата “Преподобен Серафим Саровски”

Source: https://pokajanie.mk/2021/09/18/plivav-vo-blazhenstvo-prepodoben-serafim-sarovski/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
2 years ago

ЧОВЕК – He e човекот на земјата за игра!

ЧОВЕК • Човеку! Сфати го своето достоинство. Види ги шумите и нивите, широките реки, безграничните мориња, високите гори, раскошните дрвја, сите ѕверови и стоката пo земјата, рибите и другите суштества кои лутаат по морските длабочини – види ги ѕвездите, месечината, сонцето, небото: сето тоа е намен...

Image Description
3 years ago

Свети Спиридон и патникот

Еднаш на вратата од домот на свети Спиридон затропал еден изморен патник, кој доаѓал од Киринеа. Надвор времето било ужасно, дождови, ветар, а патникот кој 3 дена одел гладен, едвај дошол до неговата куќа. Светиот владика Спиридон (270-348), кој бил вдовец и живеел со нег...

Image Description
3 years ago

Не јадеш месо, а?

(Извадок од житието на блажениот јуродив Николај Псковски) Јуродивите (лудите) заради Христос се одликувале со ретка бестрашност. Блажениот Николај трчал низ улиците на Псков, правејќи се безумен, изобличувајќи ги кај луѓето нивните тајни гревови и прорекувајќи ги идните н...