Title : Упокојување на свети Јован Богослов

Упокојување на свети Јован Богослов

Example Admin User · 2 weeks ago

Упокојување на свети Јован Богослов
Светилен.

Како девствен по душа и по тело, блажени, Словото те избра, Богослове девственику, и те направи чудесен писател и слуга на Неговото божество, кој и од земјата се претстави, без да умреш, но жив за Бога, и бесмртен пребивајќи.

Тропар, глас 2.

Апостоле Христов, возљубен од Бога, побрзај да ги избавиш луѓето беспомошни; Оној што те прими на своите гради, ќе те прими и кога за нас ќе Го помолиш; Него моли Го, Богослове, да ја растера маглата на паганството, просејќи мир за нас и милост голема.

Кондак, глас 2.

Твоето величие, девственику, кој може да го прикаже, зашто ти точиш чудеса и излеваш исцеленија, и се молиш за душите наши, како богослов и Христов пријател.

Свети Јован Богослов, апостол и евангелист

Син на рибарот Заведеј и на Саломија, ќерка на праведниот Јосиф.

Повикан од Господ Исус, Јован веднаш го остави татка си и мрежите рибарски и заедно со својот брат Јаков тргна по Христа. И оттогаш повеќе не се одвојуваше од својот Господ до самиот крај.

Со Петар и Јаков присуствуваше при воскреснувањето на Јаировата ќерка и на Перображението на Господ на Тавор.

На Тајната Вечера ја положи главата на градите Исусови.

Кога сите други го оставија распнатиот Господ, Јован заедно со Богородица остана под Крстот.

На заповед од Господ тој потоа ѝ беше како син на Пресветата Дева и грижливо ѝ служеше и Ја чуваше сѐ до Нејзиното успение.

По успението на Пресвета Богородица Свети Јован отиде заедно со својот ученик Прохор да го проповеда Евангелието во Мала Азија.

Најмногу се бавеше и дејствуваше во Ефес.

Со својата вдахновена проповед и со своето чудотворство мнозина ги обрати во христијанството и од темел го расколеба незнабоштвото.

Огорчени, незнабожците го врзаа и го пратија во Рим кај царот Дометијан.

Пред царот беше мачен и биен, но бидејќи не му наштети ни најлутиот отров што му го дадоа да го испие, ни зовриеното масло во коешто го фрлија, царот се исплаши и сметајќи го за бесмртен го испрати на прогонство на островот Патмос.

На тој остров Свети Јован мнозина ги обрати во христијанството со зборови и чуда и добро ја утврди Црквата Божја.

Овде го напиша своето Евангелие и Откровението.
Во времето на царот Нерва, којшто им даде слобода на сите заробени, Јован повторно се упати во Ефес, каде што проживеа извесно време утврдувајќи го таму своето порано започнато дело.

Имаше над сто години кога се престави кај Господ.

Кога потоа учениците му го отворија гробот, не го најдоа неговото тело, но секоја година на 8 мај од гробот исходеше некој ситен прав, миризлив и лековит.

По долгиот многутруден и многуплоден живот на земјата, овој возљубен ученик на Христос и столб на Црквата, се пресели во бесмртната и мирна радост на својот Господ.

Подготви Светланка Трајчева

Source: https://pokajanie.mk/2020/10/08/29586/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
1 month ago

Смилен Марков: Верата не треба да се упростува

Денес многу често на христијаните им се укажува дека за верата треба да зборуваат на упростен начин, со што не би го обременувале без потреба современиот човек, кој веќе е прејаден од сложеноста на светот во кој живееме. Големиот христијански философ и богослов со руско потекло Сергеј Аверницев...

Image Description
1 month ago

Свети Феликс, епископот на Данвич

ЖИТИЈА НА БОЖЈИ УГОДНИЦИ, КОИ ЗАСВЕТЛИЛЕ ВО ЗЕМЈАТА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА СПОМЕН НА СВЕТИОТ ОТЕЦ НАШ ФЕЛИКС, ЕПИСКОПОТ НА ДАНВИЧ И ПРОСВЕТИТЕЛ НА ИСТОЧНА АНГЛИЈА, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 8 МАРТ (?-648; Felix of Dunwich) Свети Феликс[1] е роден во Бургундија, на територијата на денешна Фр...

Image Description
1 month ago

Празник на полагање на чесниот појас на Пресвета Богородица!

Празник на полагање на чесниот појас на Пресвета Богородица После своето успение, Пресвета Богородица му го даде својот појас на апостолот Тома. Тој појас подоцна беше пренесен во Цариград и чуван во запечатен ковчег во црквата на Пресвета Богородица во Влахерна, што ја изгради царицата Пулхерија....