Христос се раѓа – прославете го! Христос на земјата – пресретнете Го!

Example Admin User · 2 years ago

    2 minutes, 47 seconds


БОЖИК КАКО ПОСЛАНИЕ ЗА ЖИВОТОТ

„Bo Hero имаше Живот и Животот им беше светлина на луѓето. и Светлината свети и мракот не ја опфати” (Јован 1,4-5)

Овие евангелски зборови укажуваат на вистинскзта смисла на прззникот на Рождеството Христово.

Тие се и самата суштина на радоста која Црквата ја воспева во божикниот тропар:

„co Рождеството Твое Христе, Боже наш, засветли во светот.

светлината на разумот… односно, верата, дека co Христос во светот не влезе само образот на совршениот човек, туку многу повозвишеното,

сеопфатното откривање на личната смисла на човекот и светот.

Секое случување поврзано co библиската вистина е чудо, a празнувајќи го Рождеството Христово ние се допираме до тоа чудо.

Co Христовото Раѓање се случува чудото на средбата на Бог co човекот, средбата на небесниот Човек – Христос co земниот човек Адам, a тоа значи средба на секој од нас како личност co овоплотениот Бог.

Празнувајќи го овој голем празник, ние Го запознаваме Бог, Кој ни дошол во пресрет, поминувајќи го сиот пат на Своето величие до нашата ништовност станувајќи еден од нас.

Затоа, на овој празник, ние сме повикани да My излеземе во пресрет на Христос, co умот да се вознесеме од земјата на небото.

Раѓањето Христово е токму тој пат на Бог кон човекот, и на човекот кон Бог, доаѓање на Бог на земјата, и искачување на човекот кон Царството небесно.

Овој празник е празник на пресоздавањето, празник на повторното создавање, како што го нарекува свети Григориј Богослов, празник на повторното општење на Бог co човекот.

Човечката историја започна кога Бог го создаде човекот, но спасението на паднатиот во грев човек и свет започнува co Боговоплотувањето.

Христос ги помина сите фази од човечкиот живот, искусил сѐ како и ние, освен грев (Евр. 4,15), воплотувањето, раѓањето, искушенијата, страдањата, смртта, но победувајки го гревот, смртта немаше власт над Hero и ja победи co Своето Воскресение, поразувајќи го ѓаволот.

Од неопфатно величие, до неизглаголиво смирение co раѓањето во пештера, низ страдања и смрт до повторно откривање на славата од гробот преку Воскресението.

Празникот на Раѓањето Христово е втемелен како исполнување на сите човечки копнежи, претчувствувања и очекувања, исполнување на севкупната и неуништлива жед на човекот за доброто, а воедно, тоа е и празник на новата епоха.

“Ете сѐ ново создавам” (Откр. 21, 5), вели Господ, co Неговото доаѓање во плот, започнува не само уште една религија, туку започнува новиот живот, бидејки Оној Кој е Извор на севкупниот живот се вочовечува, станува Човек, за човекот во Hero да се обожи, да стане бог по благодат; ова е неизмерна радост за човекот и светот, затоа празнувајќи Црквата пее:

Христос се раѓа – прославете го! Христос на земјата – пресретнете Го! Христос на небесата – вознесете се кон Него!

Само co учество во литургискиот живот на Црквата, можеме во сета полнота да празнуваме, најпрво да ја спознаеме нашата гревовна состојба, нашата саможивост, гордост и острастеност,

и да се преумиме co Светлината на разумот,

да се покаеме, и да направиме пештера во нашето срце во која ќе се роди Изворот на животот – Христос, за да го очисти нашето срце од страстите низ наш постојан подвиг на покајание, пост и молитва,

и преку исповед на нашите гревови да ги примиме Телото и Крвта Христови во Литургијата, та соединувајќи се co Hero, вистински да посведочиме дека сме Црква – Тело Христово, како залог за нашето обожение и вечниот живот во Царството Божјо кои ги предвкусуваме во секоја Литургијата на Црквата.

Нема поголемо сведоштво за нашиот Господ и Спасител, од оној момент кога ќе ги чуеме зборовите на крајот од Литургијата:

co мир да излеземе!, а тој мир да го посведочиме вистински пред светот co личен пример, дека во себе сме Го примиле Миротворецот и Спасителот и да воскликнеме заедно co ангелите: Слава на Бога во висините,

а на земјата мир, и мегу луѓето добра волја.

Пренесено од Премин двоброј 85/86, 2012

Source: https://pokajanie.mk/2021/12/26/33599/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
2 years ago

Во спомен на Преподобен Сисој Велики

Преподобен Сисој Велики Родум Мисирец и ученик на Св. Антониј. После смртта на својот голем учител Св. Сисој се насели на пустинската гора наречена Антониева според местото на подвигот на великиот светител. Земајќи врз себе тешки подвизи толку се скроти самиот себеси, што стана незлоблив како јагне....

Image Description
3 years ago

Свети Кирил Александриски

СВЕТИ КИРИЛ АЛЕКСАНДРИСКИ ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА Многу се светилниците на верата и благочестието, на правомислието и поборништвото во православниот Исток – еден од нив е и свети Кирил, архиепископот Александриски. Животописните податоци за овој столб на православието се многу ограниче...

Image Description
3 years ago

Мироточение на свети Димитриј во 1987 година

 Мироточение на свети Димитриј во 1987 година Во овој текст ќе си спомнеме за чудото на мироточење на свети Димитриј во светиот храм во Солун, 1987 година, како што раскажува ѓаконот на храмот и денешен свештеник во светиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во областа Четириесет цркви во С...