За лепрозниот Самарјанин (…А целта што се промашува е Самиот Христос) Дедо Наум

Example Admin User · 3 years ago

    1 minute, 55 seconds


За лепрозниот Самарјанин

Десетмината лепрозни Го молат Господ Исус Христос и бараат исцеление, а Он им вели: „Отидете и покажете им се на свештениците!“ (Лука 17, 14).

Христос на сите им го покажува најпрво патот на смирението и на послушанието.

Деветмината Јудејци тргнуваат да одат според ним позната мисловна, религиозна и општествена шема – повеќе по навика, додека Самарјанинот тргнува поради новиот однос на лична доверба и послушание кон Христос.

Бидејќи деветмината лепрозни одат по позната и својствена ним мисловна шема, иако им се случува нешто ново – сите се очистуваат од лепрата, односно го добиваат дарот на очистување на енергијата на умот, сепак, никој не се восогласува со новата состојба.

А целта што се промашува е Самиот Христос.

Самарјанинот, пак, кој не е роб на никаква шема и затоа отворен кон новото, не продолжува да ја следи воспоставената шема, туку ја следи новата состојба, односно се врати и најнормално Му се заблагодари на Христос.

Благодарност, по очистувањето на енергијата на умот, значи користење на светлината на очистената енергија на умот за согледување на сопствените гревови (не за осудување);

значи чистење на срцето од страстите, активирање на благодатта на Крштението и пронаоѓање на местото на срцето, соединување на енергијата на умот со неговата суштина во срцето, т.е. враќање кон Христос во нашето срце и принесување благодарност Нему таму.

Значи, давање…

Исто така, и повеќето христијани, на почетокот од духовниот живот, со помош на првата благодат, ја очистуваат енергијата на својот ум, но не успеваат да продолжат по патот на духовниот развој – и поради неодлучната борба со своите страсти, и поради погрешната мисловна религиозно-општествена шема што ја усвоиле и на која се програмирани, без да се свесни за тоа.

Значи, покрај личните гревовни шеми што ни ги всадува моделот на живот што овој свет ни го наметнува, меѓу христијаните постојат и колективни несвесни гревовни шеми, односно ереси, што никако не смеат да се прифатат.

Главната колективно несвесна гревовна шема што на верниците им се всадува во срцата е шемата на поистоветување со овоземните форми на човечко организирање – надвор од Црквата, односно одрекувањето од христијанскиот идентитет и болното поистоветување со државата, нацијата и партијата, и нивните цели и интереси, како и ставање на Црквата во служба на тие цели и интереси.

Затоа СПЦ не ја признава Македонската Православна Црква – ОА.

Тоа е таа лепра, т.е. внатрешна нечистотија што треба да се очисти и од нашето духовно срце, како и од целата душа, без што нема отворање на срцето за умно-срдечната молитва, а има религиозна невроза и религиозна социопатија.

Пресвета Богородице, спаси нас!

Митрополит Наум

Source: https://pokajanie.mk/2020/12/20/30231/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
2 years ago

о.Зоран Пецовски: ПРЕОБРАЖЕНИЕ ХРИСТОВО

ПРЕОБРАЖЕНИЕ  ХРИСТОВО"Господи, добро ни е да бидеме овде" (Матеј 17: 4) ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ! Со приближувањето на денот на Христовата крстна смрт, постепено се приближувале и  деновите на големи искушенија за Неговите свети ученици. Христовите апостоли добро знаеле...

Image Description
2 years ago

БEСEДА а тoа какo Бoжјата љубoв сe излива вo чoвeчкитe срца (06.02.2022)

Љубoвта Бoжја сe излeа вo нашитe срца прeку Духoт Свeти, Кoј ни бeшe дадeн (Рим. 5:5). Љубoвта e радoст и таа сo радoст гo пoмажува чoвeкoвoтo срцe. Љубoвта, браќа, e сила и таа сo сила гo пoмажува срцeтo чoвeкoвo. Љубoвта e мир и таа сo мир гo пoмажува  чoвeкoвoтo срцe. А oд радoст...

Image Description
3 years ago

Куќа без темели – Митрополит Наум

Куќа без темели (21.10.2020 16:35) И зошто ми велите: „Господи, Господи!“, а не го извршувате она што ви го кажувам? Секој што иде при Мене и ги слуша зборовите Мои, и ги исполнува, ќе ви кажам на кого прилега. Тој прилега на човек, кој прави куќа, па ископа и продлабочи, и постави темел...