Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Example User · 3 years ago

    1 minute, 21 seconds


Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки познатиот шампион во спортско качување, Адам Ондра. 25-годишниот Адам, кој е родум од Брно, неколку години е дел од Чешката спортско-качувачка репрезентација и омилен спортски лик не само во својата земја, туку и низ целиот свет. Според експертите во оваа област, Адам е најдобриот и досега најнаградуван спортски качувач, но и единствениот кој успеа истовремено да ги освои Светските купови и Шампионати во различни climbing категории.

Имено, Адам моментално ја реализира својата повеќемесечна Balkan climbing турнеја, која опфаќа посета и споделување искуства низ неколку спортско-качувачки локалитети во повеќе земји, како Романија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Грција и секако Македонија. Во консултација со неговиот домаќин, претседателот на Спорстко-качувачката Федерација на Македонија, Владимир Трповски, Адам во нашата земја ги избра за качување најсложените насоки во прекрасниот и инспиративен мавровски крај. Својот единствен ден за одмор Ондра го искористи за да ги посети Бигорскиот и Рајчичкиот манастир, од чијашто мисија и активност беше особено воодушевен, па трогнат од топлото гостопримство на кое наиде, тој заедно со својата екипа, го поминаа буквално целиот ден во дружба со монасите. Она што е особено интересно е тоа дека од оваа негова rock-climbing турнеја ќе произлезат и документарни записи во неколку продолженија, а голем дел од кадрите се снимани токму во Бигорскиот и Рајчичкиот манастир. Адам, кој во светот важи за многу популарен и крајно посветен на големите предизвици што ги нуди оваа атрактивна спортска дисциплина, но во суштина е едноставен, скромен и позитивен човек, не пропушти со монасите да ги сподели и своите интересни искуства и впечатоци, како и идни професионални предизвици.

Фотографии: Pavel Otevrel

 

 

 Извор: Бигорски манастир

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/nastani/20729-svetskiot-prvak-adam-ondra-vo-poseta-na-bigorskiot-i-rajchichkiot-manastir

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Патријарх Кирил: „Хуго Чавез беше искрен патриот на својата земја“

Патријарх Кирил: „Хуго Чавез беше искрен патриот во својата земја“ Починатиот Хуго Чавез беше еден од најистакнатите политички лидери во современиот свет, искрен патриот на својата земја , кој вложи многу напор за подобрување на условите за живот на својот венецуелски народ. Господинот Чавез беше по...

Image Description
3 years ago

Имаме најповолна можност за решавање на автокефалијата на МПЦ, јасно е дека нема канонски пречки…

Владиката Петар: Имаме најповолна можност за решавање на автокефалијата на МПЦ, јасно е дека нема канонски пречки Сите помесни православни цркви и денес ги користат најповолните моменти и можности за нивното возобновување како автокефални цркви и патријаршии, па така и овие најнови случувања во прав...

Image Description
3 years ago

Промовирана книгата „Несвети, а свети и други раскази“ од Епископот Тихон

Скопје, 04 октомври 2016 НУБ „Свети Климент Охридски“ "Промовирана книгата „’Несвети, а свети’ и други раскази“ од Епископот Тихон"  Денес, 4 октомври 2016 год., во просториите на НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје, во свечена и срдечна духовна атмосфера се одржа промоцијата на македонското...