Академик Ѓорги Поп-Атанасов за трудот „Свети праведен Јоаким Крчовски“

Example User · 10 months ago

    2 minutes, 53 seconds


SV.Joakim.Krchovski1

 

Јоаким Крчовски е родоначалник на новата македонска книжевност, народен учител и проповедник. Автор е на пет книги, печатени помеѓу 1814 и 1819 г. во австроунгарскиот град Будим: „Слово исказаное заради умирание“, „Повест ради страшнаго и втораго пришествија Христова“, „Митарства“, „Чудеса Пресвјатија Богородици“ и „Различна поучителна наставленија“. Во овие свои книги Крчовски главно објавува свои проповеди, коишто во текот на својот активен црковен живот, ги читал во македонските храмови за време на поголемите црковни празници. Така во првата и втората своја книга тој објавува по две свои проповеди: Слово исказаное заради умирание, Слово заради свјатое исповедание, Слово заради страшен суд Божиј и второе пришествие Христово и Слово второе свјатаго пророка Даниила. За разлика од овие две книшки, коишто се мали по обем, во петтата своја книга „Различна поучителна наставленија“, печатена во 1819 г., тој објавува повеќе свои поучни слова, но и проповеди на истакнати црковни писатели, особено проповеди на св. Јован Златоуст. Оваа последна книга на Крчовски содржи и толкувања на делови од Евангелието, Апостолот и        Псалтирот, Символот на
верата и неколку молитви. Книгите на Крчовски се главно од компилативен и преводен карактер, во коишто внесува и одделни свои размислувања во врска со црковниот и духовниот живот на православното христијанско население. Така, книгата „Чудеса Пресветија Богородици“, којашто со „Различна поучителна наставленија“, се најобемни книжевни дела на Крчовски, претставува превод на третиот дел од книгата „Амартолон сотириа“ на светогорскиот монах Агапиј Ландос Критски, печатена за првпат во Венеција
во 1641 г. Притоа, мошне веројатно е Крчовски, при подготовката на оваа своја книга, да се служел со нејзиниот црковнословенски превод, направен од светогорскиот монах од украинско потекло Самуил Бакачич и објавен во 1684 г., како и со преписот на „Чудата на св. Богородица“ што го направил во 1720 г. еромонахот Гаврил во Трескавечкиот манастир „Успение Богородично“.
          Имајќи го ова предвид, иницијативата на сестринството на Слепченскиот манастир „Св. Јован Претеча“ да се објави книга за животот и делото на Јоаким Крчовски, претставува насушна потреба и исклучително благороден чин, со којшто се оддава заслужена почит кон овој наш црковен деец и писател, кој целиот свој живот го посветил на духовната просвета и преродба на нашиот православен македонски народ. Книгата претставува научно-популарна студија за животот и делото на овој наш истакнат духовник, со посебен осврт врз неговото потекло, заснован врз етимологијата на неговото презиме Крчовски. Презентирани се сериозни научни аргументи во полза на тезата дека овој наш преродбеник потекнува од селото Крчово, во егејскиот Демир Хисар, спротивно на досегашното толкување дека неговото презиме потекнува од турското име на градот Кичево и следствено на тоа неговото потекло треба да го бараме во населените места во Кичевскиот крај.
         Во Книгата со наслов „Свети праведен Јоаким Крчовски“ се објавува и „Акатист на светиот и праведен отец Јоаким Крчовски“ во авторство на сестринството на Слепченскиот манастир. Акатистот е објавен на црковнословенски и македонски јазик, по што следуваат Молитва кон праведниот отец Јоаким и негов тропар, исто така, на црковнословенски и македонски јазик. Книгата завршува со тропар, кондак и величание на Јоаким Крчовски во придружба на источна и на западна нотација.
         Особено битно е што еден дел од поучните слова на Крчовски се преведени на современ македонски јазик, со што нивната поучна содржина се доближува до денешните верни чеда на Македонската православна црква. На тој начин сестринството на Слепченскиот манастир го продолжува делото на праведниот отец Јоаким Крчовски, кој своите проповеди, исто така, ги пишувал и говорел во светите македонски храмови на разбирлив за верниот народ дијалектен говор.

Академик Ѓорѓи Поп-Атанасов

 

Извор:

https://www.manastirslepche.mk/novost/akademik-gzorgi-pop-atanasov-za-trudot-sveti-praveden-joakim-krcovski/

 

 

 

 

 

Source: https://preminportal.com.mk/nauka-kultura/nauka-i-religija/25048-akademik-gjorgi-pop-atanasov-za-trudot-sveti-praveden-joakim-krchovski

Share:

Example User

Placeat id pariatur et eos et nostrum. Voluptas cupiditate non sunt. Iusto impedit dolorum eaque deleniti molestiae numquam praesentium. Voluptas eligendi nulla quo ipsa dicta maiores accusamus. Voluptate impedit et voluptas id magni. Magnam vero autem autem accusantium nesciunt. Sunt ad quas atque aut dolorum. Voluptatibus similique quidem culpa cumque quia officiis nisi.

All author posts

Related Posts

Image Description
2 years ago

Свети праведен Јоаким Крчовски - прв дел (1)

  Животниот пат на светиот Јоаким Крчовски може да кажеме дека е поделен во две патоказни варијанти од кои едната се потпира на предание, кое подоцна не е верификувано од страна на науката и фактографски е побиено, а тоа е кажување од страна на Кирил Пејчиновиќ дека во манастирот свети Јован Б...

Image Description
10 months ago

Чудото и слободата

На 8 април 2012 година, на празникот Цветници, се случи еден несекојдневен настан. Имено, фреските во скопската црква „Св. Димитрија“ на мистериозен начин се самоисчистија. Следниов есеј беше напишан една година по чудесниот настан. Кој бог е толку голем, како нашиот Бог!? Ти си Бог, Кој прави чу...

Image Description
10 months ago

Научно доказано! НЕВЕРОВАТНА МОЋ ЧАСНОГ КРСТА: Погледајте шта се ДЕШАВА у нашем телу када се прекрстимо!

   Истраживања, која су спроведена у лабораторији медицинско-биолошких технологија “НИИ” за индустријску и морску медицину (Москва), постала су права сезнација. Научници су експериментално доказали да крсни знак убија микробе и мења оптичке особине воде. „Потврдили смо да древни обичај да се х...