Библијата

Example User · 4 years ago

    1 minute, 31 seconds


rsz_saint_john_the_evangelist_on_patmos_of_protat

Библијата се нарекува запишано Слово Божјо. Ова не значи дека Библијата паднала од небото како готов производ. Ниту, пак, значи дека Бог ја диктирал Библијата збор по збор на луѓе што биле само Негови пасивни инструменти. Тоа значи дека Бог Се открил Самиот Себеси како вистински и жив Бог на Својот народ, при што еден аспект од Неговото Божествено Самооткривање е вдахновувањето на Неговиот народ да создаде свети списи што го содржат вистинскиот и автентичен израз на Неговата Вистина и Неговата волја за Неговиот народ и за целиот свет.

Зборовите на Библијата се човечки зборови, бидејќи во суштина сите зборови се човечки. Тоа се човечки зборови што Бог ги вдахновил да бидат напишани, за да останат како писмено сведоштво за Него Самиот. Како човечки зборови, зборовите на Библијата ги имаат сите обележја на луѓето што ги напишале нив, како и на времето и културата во којашто биле напишани. Сепак, и покрај целосниот интегритет на нивната човечка состојба и форма, зборовите на Библијата се навистина Самото Слово Божјо.

Библијата навистина е Слово Божјо во човечка форма, зашто нејзиното потекло не е во човекот, туку во Бога, Кој го благоволил и инспирирал нејзиното создавање. Во таа смисла, Библијата не е како и секоја друга книга. Во Библијата, во и низ човечките зборови, секој го пронаоѓа Самооткривањето на Бога и може да дојде до вистинското и правилно познание на Него и Неговата волја, како и на смислата на човекот и светот. Во и низ Библијата, човечките личности можат да стапат во општење со Бога:

Целото писмо е од Бога вдахновено и полезно за поука, за казнување, поправање и поучување во праведност, за да биде Божјиот човек усовршен и совршено подготвен за секое добро дело (1Тим 3,16-17).

Православната црква верува дека Библијата, како боговдахновено Слово Божјо во човечки зборови, не содржи формални грешки или внатрешни контрадикции кога станува збор за односот меѓу Бог и светот. Сепак, во Библијата може да има случајни грешки од несуштински карактер. Но, вечната духовна и доктринална порака Божја, претставена во Библијата на повеќе различни начини, останува совршено конзистентна, автентична и вистинска.

Source: http://mistagogia.mk/biblijata/

Share:

Example User

Placeat id pariatur et eos et nostrum. Voluptas cupiditate non sunt. Iusto impedit dolorum eaque deleniti molestiae numquam praesentium. Voluptas eligendi nulla quo ipsa dicta maiores accusamus. Voluptate impedit et voluptas id magni. Magnam vero autem autem accusantium nesciunt. Sunt ad quas atque aut dolorum. Voluptatibus similique quidem culpa cumque quia officiis nisi.

All author posts

Related Posts

Image Description
3 months ago

Секуларизмот и религиозното образование во Европа

Секуларизмот во груба смисла на зборот се сфаќа или дефинира како одвоеност на Црквата од државата, а сето тоа со цел да се избегнат негативностите поврзани со теократското државно уредување, во смисла на скратена слобода на изразување и ограничена слобода на вероисповед кои нужно или, евентуално ќе...

Image Description
3 months ago

А. С. Бочаров, А. В. Чернишев: ЈАС НЕ СУМ ВИНОВЕН

 Да се каже дека живееме во сложено време значи  ништо да не се каже. Според зборовите на блажениот Августин, ние сме времиња. Имено, од нас зависи какво ќе биде нашето време. Но, сепак, не можеме а да не забележиме дека односот на Црквата спрема современиот свет е мошне сложен. а.

Image Description
4 years ago

Религија и наука (11): Инквизицијата и Џордано Бруно

„Дали Бруно може да се нарече научник, макар според критериумите од крајот на 16 век? Бруно не бил толку пропагатор на учењето на Коперник, колку што бил гласник на окултните тајни на херметизмот, кои тој во него ги открил. Бруно толку не го популаризирал учењето на Коперник, колку што го компромити...