Брала учителка во добродетелта на трпеливоста! (Свети Јован Касијан Римјанин)

Example Admin User · 4 years ago

    2 minutes, 6 seconds


184. За ваквата трпеливост сакам да ви дадам барем два примера.

Еден од нив е тој што ни го покажала една побожна жена, која сакала да се усоврши во оваа добродетел, па не само што не бегала од искушенијата, туку сакала да ја навредуваат.

И колку повеќе ја навредувале, таа бивала се посилна и потрпелива – не паѓала под ударот на силните искушенија.

Таа жена живеела во Александрија, а потекнувала од познат род и во домот, што и бил оставен од нејзините родители, побожно My служела на Бога.

Еднаш отишла кај александрискиот архепископ Атанасиј и го замолила да и’ даде една од вдовиците, за кои се грижи Црквата, за да се грижи за неа и да и’ служи.

Архиепископот ја одобрил намерата на таа жена, нејзината желба да покаже милосрдност кон една од сиромашните сестри, и ја повикал да дојде и сама да си одбере една од нив, која би била почесна и поблагородна од другите,за да не и’ биде тежок товар и да не и’ ја ослабне верата.

Таа што ја зела и што ја довела во својот дом, била толку скромна и мирна, така што секој час и’ благодарела за добрината што и’ ја прави.

По неколку дена благородната жена пак отишла кај архиепископот и му рекла:

“Јас барав да ми дадеш таква жена, на која би можела јас да и’ служам co полна послушност.

Архиепископот прво не ја разбрал што сакала да му каже, па ги прашал веднаш своите луѓе зошто уште не била извршена неговата наредба и не и’ била дадена една од вдовиците на таа угледна жена.

Тие му рекле дека неговата заповед е извршена и дека на таа жена и’ е дадена една од најблагородните вдовици.

Тогаш тој сфатил што барала таа мудра жена и наредил да и’ ја дадат најлошата меѓу нив, која ги надминувала сите co својата гневливост, бујност, зборливост и суета.

Кога ја одвела во нејзиниот дом, таа и’ служела така, како што и’ служела на онаа пред неа, а место благодарност, таа ја навредувала co најлоши зборови и ја прекорувала co ранливи подбивања, говорејки дека ја зела во својот дом за да ја измачува.

Понекогаш нејзината грубост ги преминувала сите граници, така што почнала и да ја тепа добротворката, а таа го удвојувала своето смирение и се трудела да ја скротува co својата трпеливост.

Гледајќи колку е сето тоа корисно за неа утврдувајки се повеќе во трпеливоста, во толку саканата добродетел, таа отишла кај архиепископот за да му благодари што и’ ја дал токму неа, што направил толку мудар избор, бидејќи и’ помогнала во тоа што толку многу го сакала, дека и’ станала одлична учителка во добродетелта на трпеливоста, напомнувајќи дека првата била сосема кротка и таа повеќе и’ угодувала и служела, отколку што можела тоа да и’ го прави нејзе, а втората дека вистински ја укрепила во трепеливост.

Мислам дека е ова сосема доста што го реков за жените, зашто co овој пример многу можеме да се научиме и ние монасите.

Ние навистина треба да се посрамиме, зашто, ако не се затвораме во нашата келија не можеме да ја запазуваме нашата трпеливост.

Преземено од “ДОБРОТОЉУБИЕ” Том II

Source: https://pokajanie.mk/2021/01/09/30388/

Share:

Example Admin User

Error facere repudiandae qui aut quia. Nihil incidunt at maiores earum voluptates saepe modi. Aut recusandae qui fuga quaerat iure. Doloremque praesentium inventore natus. Aspernatur doloremque iste voluptas placeat. Incidunt qui quia enim ducimus asperiores aliquam doloribus. Aut voluptatem voluptas earum ducimus neque laboriosam sint.

All author posts

Related Posts

Image Description
10 months ago

И најдобрите души го имаат тука и таму, живеат таен живот...

 И најдобрите души го имаат тука и таму, живеат таен живот...  Целиот наш земен живот, од раѓањето до последниот здив, во моментот на смртта ќе се појави како единствен безвременски чин. Неговата содржина и квалитет ќе можеме да ги видиме додека трепнеш. Често ја уверуваме нашата совест со помислата...

Image Description
5 months ago

СВЕТОСТА Е НОРМАЛНА ЧОВЕЧКА СОСТОЈБА...

 СВЕТОСТА Е НОРМАЛНА ЧОВЕЧКА СОСТОЈБА  Дивото магаре, кое се криело во срцето на човекот, се разбудило и си ги барало своите права, па човекот се вратил на гревот, иако го примил белиот хитон на Крштението. Полека Црквата почна да ги намалува годините на епитимија, поради слабоста на своето стадо. Н...

Image Description
5 months ago

БЕСЕДА ЗА ДЕНОТ НА СВЕТА ВЕЛИКОМАЧЕНИЦА ЕКАТАРИНА - Свети Лука Кримски

  БЕСЕДА ЗА ДЕНОТ НА СВЕТА ВЕЛИКОМАЧЕНИЦА ЕКАТЕРИНА - Свети Лука Кримски Оваа година Светата Црква го празнува споменот на Светата Великомаченичка Екатерина на дваесет и седмата недела по Педесетница. Затоа, сметам дека е соодветно да го свртам вашето внимание на големиот живот на оваа Светителка.З...